Концерт на BLOODGROUP

11.02.2011 11:25
Концерт на BLOODGROUP

Младинскиот Културен Центар ви го претставува исландкиот инди електро поп квартет BLOODGROUP. Целовечерниот концерт ќе се одржи на 14.02.2011 со почеток во 21:30 часот.

“Bloodgroup” доаѓаат од меката на модерната поп музика Рејкјавик, а овој четиричлен бенд стана познат по своите сензационални настапи во живо, по лесните мелодии кои пленат како и по специфичниот бренд на електронска музика кои го создават.

“Bloodgroup” го издадоа својот прв деби албум, “Sticky Situation” во Ноември 2007. Албумот помина одлично, и успеа да ги промовира “Bloodgroup” како еден од највлијателните бендови од Исланд. Бендот следните две години ги поминува во турнeи, свирејќи на фестивали како “SXSW” во Остин, Тексас, “NXNE” во Торонто, Канада, “Roskilde” фестивалот во Данска, “Eurosonic” од Холандија и “Iceland Airwaves”.

Вториот албум на бендот, наречен “Dry Land” е издаден во Декември, 2009. Следејќи го успехот на нивниот претходен албум, и овој успеа да се покаже како еден од најуспешните албуми за 2009та во Исланд, а првиот сингл од албумот “My Arms”, како најголем хит на Радио Исланд, успеа да ги зароби позитивните вибрации на критичарите. Албумот “Dry Land” се здоби со “Kramur” наградата како најдобар албум на годината од страна на критичарите, кој дополнително го обележува патот на успехот на бендот.

Повеќе информации можете да најдете на следниве линкови:

www.myspace.com/bloodgroup или www.bloodgroup.is

Концертот ќе се одржи на 14.02.2011 со почеток во 21:30 а влезницата ќе чини 200 денари.

ОкоБоли главаВицФото