1019 hPa
83 %
18 °C
Скопје - Сре, 18.09.2024 13:59
Во скопската општина Кисела Вода, во Домот на Културата Билјана Беличанец, од 7 до 10 септември ќе се одржува второто издание на Фестивалот на инклузија.
Програмата вклучува различни изложби, дискусии, работилници, проекции на филмови и концерти.
Фестивалот ќе биде отворен на 7-ми септември со изложбата на уметнички фотографии на Драги Неделчевски и Небојша Гелевски, насловена „Запознавање и преифаќање” и музичкиот концерт на македонскиот трап-изведувач Пајак.
Следните два дена ќе бидат исполнети со неколку работилници за деца и млади, изведба на инклузивен хор на деца со и без попреченост, концерт на македонскиот фанк/алтернативен бенд Funk Shui, проекции на неколку филмови, инклузивна театарска претстава на танцовото студио Еурека Катерина, и уште многу други интересни настани.
Целосната програма може да ја погледнете подолу:
Извор: https://www.radiomof.mk/