Паликуќи на власт

16.02.2011 16:09
palikuki-na-vlast.jpg

Зар е ова истата полиција што го сардиса „Перо Наков“ бб, се прашував кога во неделата ги гледав телевизиските снимки од Калето. На 25 ноември 2010 година полицијата демонстрираше застрашувачка бројност и моќ, а на 13 февруари 2011 година видовме засрамувачка немоќ и безглавост. Немам дилеми кој командувал со операцијата „Замолчување на критичките медиуми, прва фаза“, но имам дилеми дали командантите на операцијата „2001 година втор пат, прва фаза“ работеа договорено или само не си пречеа. Едно е сигурно, „сервата“ се играше во дворот на власта. Партнерите си нафрлаа топки за да можат да забијат. Најпрвин Паско ја здума црквата што треба да биде музеј или музејот што треба да биде црква. Потоа крена челично скеле на новоградбата која ја прогласи за идно културно наследство. Тогаш на Ахмети му светна дека Паско му „прошверцувал“ црква под носот. Потоа почна операцијата на двоглавата власт „Ноќе гради, ноќе уривај“. Дење собирај поени, наближуваат избори, треба да се печалат души и гласови, македонски и албански, православни и исламски. Разделбата наближува. Потпалувај за да можеш да гасиш, така гласи директивата на денот потемен од ноќта.

И би што би. Најпрвин ноќен автобус со работници од Битола. Божем кришум, среде Скопје ја швајсуваат „црквата“ Паскова. Сетне, министер, заменик-министер, пратеник и градоначалник на ДУИ командуваат со операцијата „Набркување на работниците и поништување на швајсуваното“. На фејсбук зоврива. Навреди, пцости, закани со финална пресметка. А Паско во странство, Груевски си лопатари по Македонијата, Јанкуловска ни на повидок. Двоглавата власт ни да се заниша. Демонстрираат олимписко спокојство. Работите биле под контрола. И не лаже власта. Работите навистина им се под контрола. Накострешените стада се збиваат околу „бранителите“ на крстот и полумесечината. Десет години во ветер, „референтите на одмаздата“ ликуваат, граѓаните очајуваат. Зар одново истиот ужас?

Неделата осамнува со најави за собири кои не можат да не изродат судир. Калето први го освојуваат бранителите на крстот кои челикот го украсуваат со „македонското знаме“ од Кутлеш. Потоа се повлекуваат под заштита на очигледно малобројниот полициски кордон кој не може или не сака да го спречи судирот со бранителите на полумесечината кои претходно чекаат бранителите на крстот да го напуштат Калето. Полицајците безглаво трчаат по групите, во кои има и деца, вооружени со камења, стапови и ножеви. Паѓа крв. Камерите ги фаќаат заменикот-министер и лидерот на една невладина организација во спорни ситуации. Камерите, барем оние на телевизиите, не фатија кој прв почнал. Камерите не можеа да ја фатат ни министерката Јанкуловска, која следниот ден ќе ни соопшти дека со полицајците командувале нивните претпоставени. На прашањето кој командувал со претпоставените нема одговор. Нејзиниот шеф Груевски со невидена леснотија, меѓу две лопати, обвинува некакви подбуцнувачи без да каже кои се тие. Не успева да го скрие ликувањето. „Ми беше задоволство“, ја завршува Груевски својата изјава за крвавиот инцидент кој списокот на работите што божем ги брани го зголемува со една дивоградба на која ѝ е наменета улогата на културно наследство. Потоа министерката побара од граѓаните да не веруваат во она што го видоа, туку во нејзиното тврдење дека полицијата го расчистила инцидент за само 15 минути! И додека таа ја „вергла“ својата приспивна песна, граѓаните ги фаќа несоница при помислата дека полицијата не им служи ним и на државата, туку на партиите на власт. А министерката и нејзиниот заменик биле толку зафатени што немале време да се сретнат, па разговарале по телефон! Дали си ја честитале успешно завршената операција?

Понеделникот осамнува со веста дека сметките на А1, „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“ се одново замрзнати со решение на истражниот судија Туфегчиќ чие реноме веќе го загрозува реномето на судијата Рој Бин. А1 одново се сели пред зградата на владата. Таму сме кај што бевме пред да му стигне американската покана на Груевски. Но, сега неговиот куфер е потежок. Освен загрозената слобода на говорот, тормозењето кое треба да ги замолчи медиумите на „Перо Наков“ бб и Собранието без опозиција, Груевски во Вашингтон носи и тежок инцидент кој ја потпали не само етничката, туку и верската нетрпеливост. Таму сме кај што „големите“ нѐ запреа во 2001-та. Рововите одново се полнат. Што сака да им порача Груевски на Бајден и Клинтонка? Да ги заплаши со дестабилизација? Есапи со тоа дека, принудени да избираат меѓу стабилност и демократија, САД уште еднаш ќе се одлучат за стабилност по секоја цена? Или си дума дека уште еднаш ќе успее да им ја продаде приказната дека е подготвен да го реши спорот со Грција? Куферот му е тежок, но верува дека ќе му олесни кога ќе им го тупне на маса на Американците. А ако одбијат да го примат, ќе ни го врати нам. Потежок за едно американско „Кршете глава, сркајте си го надробеното“. Тогаш Груевски од наш премиер ќе се претвори во наша судбина. Така верува, така се надева тој. А на што се надеваме ние?

Во Бекетовата драма „Чекајќи го Годо“, робот Лаки го влечка куферот на својот господар Поцо. Се порева, се тетерави, но камшикот во рацете на господарот го убедува да продолжи по Голготата. Двајцата кои го чекаат Годо, Диди и Гого, најпосле собираат храброст да го прашаат господарот Поцо што има во куферот. „Песок“, гласи одговорот. Што ќе има во куферот што ќе ни го тапоса Груевски по враќањето на Вашингтон? Канта бензин за разгорување на огнот што го потпалија паликуќите на власт?

Ќе го свиткаме вратот или ќе одбиеме да се топлиме на пепелта на нашите огништа?

Слики: Kaye Blegvad

Авторот заборавил да го

Авторот заборавил да го прокоментира заедничкото соопштение на ДПМНЕ е ДУИ. Ако тоа не е врв на лицемерието, јас не знам што е. После кажи не биле фашисти, во 2011 ни се случува реприза на палењето на Рајстагот.

Милчин ај глеј си го Јофе и

Милчин ај глеј си го Јофе и смири се.

Ако веќе Окно се претвора во

Ако веќе Окно се претвора во веб издание на весниците на Велија, бараме да има наградна грепка на насловната.

Гледам цензурата повторно

Гледам цензурата повторно проработе. Еве повторно ќе напишам!
Милчин, со неговите Разбуди се! и Плоштад Слобода, заедно протестираа против изградба на две цркви со центарот на Скопје, а нивните членови се појавија на пресконференција на некоја си организација која се залагаше за изградба на Џамија. Разбуди се! денес протестира во Тирана против етничкото изјаснување на малцинставата таму. Бараат да нема малцинства во Албанија и сите да се изјаснат единствено како албанци. Лицемерие и хипокризија од најдолен вид!!! Ако некој е потпалувач или паликуќа тоа е СОРОС и невладините организации финансирани од Милчин, финансирани за рушење на демократски избрана власт, финансирани за предизвикување верски и меѓуетнички судири, финансирани со една цел, а тоа е враќање на СДСМ, Бранко Ц. и нивниот висок член Милчин на власт!!!
СОРОС ТРЕБА ДА СЕ ПРОТЕРА ОД МАКЕДОНИЈА!!!

Слаѓана, вас самата ве

Слаѓана, вас самата ве штитиме со бришењето! Ваквиот говор на омраза што го ширите не е на арно! Пред се’, велам, за вас и за круговите што ве тераат на највалкан можен упад во јавната сфера...

Слаѓана, апсолутната власт во Македонија ја имаат ДПМНЕ и УЧК, т.е. ДУИ. ВМРО ноќе, изигрувајќи го договорот со ДУИ, ја гради црквата на Кале, а ДУИ дење ја руши.

Кој треба да се протера од Македонија, зашто работи на нејзиното дестабилизирање?! Би рекол дека тоа се ВМРО и ДУИ, зашто неуморното пљачкање на земјата сакаат да го камуфлираат со етнички тензии. Впрочем, тоа и го правеле, многу пати, двете партии, изминативе години (а народот е наивен; комитите, во случајов, беа жртвено месо на ВМРО, а и по инцидентот го кркаат стапот, оти некој мора да го крка - сигурно не Паско&фамилијата). 

И што е проблемот со здружението Разбуди се?! Ви рекле, Слаѓана, пропагандистите на Фамилијата, дека тоа е најновата легитимна цел за отстрел?! ДЕка албанско здружение е виновно за целиот хаос во кој живееме?! Во случајов, Разбуди се е жртва исто како и комитите.

Тотално лудило е, Слаѓана, одговорноста и за инцидентотот на Кале и за многу лошата состојба во мк да се бара кај Сорос, СДСМ, предавничките медиуми, Разбуди се итн. Пет години груевизмот ве игра и ве пљачка (т.е. не’ пљачка) на истата финта: ЕУ е курва, Гркот е монструм, Америка ги поддржува Албанците итн. Затоа што Фамилијата ја антиквизира земјата (стотици милиони евра потрошени за пропаганда на груевизмот, за споменици и антички згради) - виновен е Сорос?! За коалицијата ВМРО-ДУИ виновен е СДСМ? За измамените комити и Разбуди се виновно е Окно?!

Во крајна линија, Слаѓана, некако чувствувам дека е залудно да се убедуваме. Она што сега го прави Фамилијата, за да остане на власт, милион пати е видено во историјата и се вика: „Палење на Рајхстагот“. Толку ви ги испраа мозоците, толку ве обработија со стотиците милиони евра фрлени за реклама, што вие стварно верувате дека црквата на Кале ја гради Сорос, а дека комитите и Разбуди се се инструирани од СДСМ, ЕУ и Америка, со цел да ги срушат најголемите заштитници на Македонија, ВМРО и ДУИ.

Чекај, Сорос ги платил ДПМНЕ

Чекај, Сорос ги платил ДПМНЕ и ДУИ да направат инцидент? Пошо едните градеа, другите уриваа.

Плоштад Слобода се бореше и

Плоштад Слобода се бореше и чат-пат уште се бори не само против црквата и џамијата на плоштад, туку против целокупната клерикализација и антиквизација на Македонија. Со диви племиња, строго поделени во своите етнички и верски трла, строго издвоени според спомениците и храмовите - најлесно се владее. Башка, само од проектот СК 014 Фамилијата успеа да опљачка неколку десетици милиони евра и притоа да продава пуфки за големото македонство.
Плоштад Слобода е гордоста на Македонецот! И така отсекогаш било, слободата е над сите слуги и кучиња насскани од господарите, да го гризат и парчосуваат сето она што не сака да биде робје.

Како тоа Нита Мучка, член на

Како тоа Нита Мучка, член на ПШ, излезе на пресконференција заедно со некоја си организација која се залагаше за изградба на Џамија на плоштад. Истата таа протестираше против црква, а сака џамија?! Плоштад слобода е соросоидна организација која се бори за интересите на Милчин! Активностите и името на оваа организација се напишани во стратегијата НАДЕЖ, платена 350 000 евра со народни пари, наменета за личните цели на БЦ и компанија!!! Првиот ден излегоа со прес дека не биле 350 000 биле 50 000, па другиот ден БЦ им забрани на новинарите да пишуваат за ова, па третиот ден дека добро биле 350 000 ама ги развлекоа за целокупниот мандат на БЦ, и на крај да излезе дека парите се платени одеднаш во последната година од неговото владење!
Толку!

Не е нита Мучка туку Нита

Не е нита Мучка туку Нита Муча. Но, навикнавме на тоа, со оглед дека изродбата хронично објавува потерници по луѓе со погрешни презимиња (ги измешаа, на пример, во потерниците, Жарко Трајаноски, колумнистот, и Жарко Јордановски, новинарот).
Слаѓана, легитимно е човек да не сака црква џамија 25-метарски споменик итн. на сопствениот градски плоштад. Легитимно е човек да збори слободно, да се здружува слободно итн. (на пример, како што ДУИ и ВМРО се здружија). Значи, нема ништо спорно (штавише, многу е пожелно!) Албанците и Македонците заедно да се борат за своите слободарски каузи.
Доведувањето на Плоштад Слобода во врска со СДСМ и Разбуди се е „палење на Рајхстагот“. Ловење на Евреинот.
Најпосле (иако суштината на делувањето на Плоштад Слобода е секуларистичка), што е спорно и во залагањето да се гради џамија на плоштад?! Зашто тоа би било грев, а црквата не е грев?! Вашата Фамилија, Слаѓана, има само една политика: раздели па владеј. Сите луѓе во земјава жестоко ги поделивте, по сите можни основи, а таа поделба акцелерираше со идејата за црква на плоштад и со тепањето на Плоштад Слобода и Архибригада.

Лошо е да се дружиш со

Лошо е да се дружиш со муслимани, Слободар! Тоа ти го вика Слаѓа! Лошо е да сакаш џамија! Ако те видат во чаршија изродбениците ќе те пријават кајшто треба! Ако пиеш чај со сечените - клип ќе ти направат, дека заедно со Груби ја рушите светата македонска (т.е. на Паско и на Грујо) вечна црква на Калето, поставена таму а) од почетокот на космосот и б) еден ден пред каков било муслимански објект на тоа место.

НЕ, најубаво е да нема ништо,

НЕ, најубаво е да нема ништо, туку најлошо е тоа што, ОНАА КОЈА ШТО ПРОТЕСТИРАШЕ ПРОТИВ ЦРКВА, САКА ИЗГРАДБА НА ЏАМИЈА. Значи нема спорно ништо во залагањето на дотичната особа за изградба на Џамија. Спорно е нејзиното лицемерие, протестира против црква, црка неможе, А сака џамија, џамија може! Јас невидов некој да излезе и да протестира против изградба на било која џамија во македонија. Тоа го видов само против изградба на Црква! за мене тие две работи се исти, но за Нита Муча и тебе, НЕ!

Слаѓана, звучите како

Слаѓана, звучите како залутана од средниот век. Нита Муча е член на Плоштад Слобода и категорично е против изградба на црква и џамија на плоштадот! Од првата секунда! Покрај тоа, категорично е против лудачкиот проект СК 014! Како и другите членови на Плоштад Слобода! Што е спорно тука?! Што Нита се појавила на некоја дебата кајшто некој можеби сакал да има џамија на плоштад?! И тоа значи дека и Нита Муча сака џамија (а не сака црква) на плоштад?! Слаѓана, вие ко да сте паднале навака од Зоната на самракот! Приберете се, невесто!

А што е спорно некој ако се

А што е спорно некој ако се залага само за џамија на плоштад?! Во ред е да има само црква на плоштад?! Тогаш е во ред и да има само џамија, зарем не?! Мада, ваквиве ко Слаѓана стварно се залутани од среден век, тешко муабет со фанатици и прислужници на мафијашки политики...

Нита Муча не се појавила на

Нита Муча не се појавила на НЕКОЈА ДЕБАТА кај што НЕКОЈ МОЖЕБИ сакал да има џамија (како што викаш ти), туку се појави на прес конференција ораганизирана од некоја си организација која се залагаше за изградба на џамија. НЕ ГИ ВРТИ МУАБЕТИТЕ КАКО ТЕБЕ ТИ ОДГОВАРА. ЗБОРУВАЈ ЈА ВИСТИНАТА!!!
Читај што ти напишав горе, не е спорно нејзиното залагање, легитимно е да сака џамија исто како што е легитимно и некој да сака црква на кале, СПОРНА Е НЕЈЗИНОТО ЛИЦЕМЕРИЕ, црква не, џамија да! Да не треба на француски да ти напишам да сватиш???

Лажеш, Слаѓана, платена

Лажеш, Слаѓана, платена изродбеничке, дека Нита Муча било кога било каде се залагала за изградба на џамија на плоштад! Лаги, спинови и омраза - тоа е вашата изродба! Кај се линковите, кај се клиповите, кај се цитатите (цели штабови го демнат македонскиот народ и гледааат кој каде ќе и’ згреши на изродбата!) дека Нита Муча кога било каде било се залагала за џамија?! Слаѓана, ти си будала и хејтер со испран мозок!

Евреите, т.е. духовите на

Евреите, т.е. духовите на истребените Евреи од Чивутана (под Кале) ги натера Комитите и Шверцерите да се фатат за вратови! Ова апропо „палењето на Рајхстагот“... Каков бе Грујо каков бе Али, они се мачиња што си играат со клопчето цел ден, Чивутот е крив!

Прво, немој мене лажен морал

Прво, немој мене лажен морал да ми продаваш и да ми кажуваш дека јас сум ширела говор на омраза. Наврати се на твоево Окно и прочитај си ги колумните и коментарите! „Крадецот вика фати го крадецот“. Ама добор не ти е прв пат, кој не те знае веќе...

Знаеш што е правилно, исто како во Грција, онаа Грција што ние демек и ја крадеме историјата (според вас), и исто како во Албанија, онаа Албанија каде вашиот Разбуди се протестира против малцинско изјаснување(според вас), исто како во Бугарија..е исто како таму треба и овде, и овде на пописот треба да има само „Македонец“ како опција за етничко определување. Исто како што во Грција постојат само Грци и во албанија само Албанци! Само така Македонија ќе го достигне рајхстагот и фашизмот на овие две држави! Македонија за овие три држави е пример за демократија!!!!!!! Но за вас тие две држави се во право, крив е македонецот што сака да биде македонец, а не е, (според вас)! Крив е оној што гради споменик на паднатите жртви за Македонија, бидејки такви нема и од нив нема потреба(според вас).

А црква милион пати се кажа дека не се гради на кале, туку се гради музеј врз темели на црква од 12век и како таков нема да служи за врски обреди. Комитите се изјаснија дека не се организатори на протестот! единствен си Ти, А1 и Алфа, што кажуваат дека ќе се гради Црква и тоа тенденциозно го потенцирате. Шпиц вчера дури отиде дотаму што на насловната страна напиша дека и срби се спремале да дојдат во сабота. Тоа ако не е доелвање на бензин во огнот што сами го предизвикавте, незнам што е!!!
А ДУИ како ДУИ е неопходното зло, потребно за оваа држава да функционира. Самите македонци потиснати беа да го потпишат охридскиот договор и тој се спроведува. И Бранко во 2002 изјавуваше дека со терористите од ДУИ нема да коалицира НО после добивањето на изборите си го свитка опашот и се договорија со Ахмети! Сега бараш да ДУИ бидат избркани од власта да има нови избори и Бранко да може повторно да коалицира со нив. Поголемо лицемерие АМИН!!!
Како тоа за сдсм, дуи е ОК, а за ВМРО не???
Нема логика, или кога е пуста власт во прашање, и такво „курвање“ не е проблем!?

Слаѓана, сосема сте забегана.

Слаѓана, сосема сте забегана. Затоа земјава изгледа вака безнадежно, зашто за да ја одбранат својата корка леб (додуше, некои бранат многу повеќе) луѓето се спремни на најверојатни лудила, вратоломии и лупинзи.
Слаѓана, низ вас зборат пропагандните матрици. Нема мислење кај вас. Едните се добри (ВМРО = Македонија), другите се зли, зашто само власт ги интересира (а тие други се сите што не се Фамилијата; списокот е долг).
Слаѓана, и да беше власта на ВМРО&ДУИ најслабата, најкревката, најконтролираната (од други невидливи центри на моќ) - пак ќе беше одговорна. Ако не за друго, ќе беше одговорна за слабоста и глупоста. Но, Слаѓана, власта на Фамилијата е речиси апсолутна. Оттаму, и одговорноста треба да биде речиси апсолутна. Зарем самиот Груевски не го сакаше тоа, распишувајќи предвремени избори 2008? Апсолутна моќ, но и апсолутна одговорност?!
Тажни се сегашниве спинови, од ден на ден се’ побесмислени и поочајнички. Нема друга порака освен: Кој не е со нас, ќе дојдеме по него.
Што се однесува да мојот „говор на омраза“ или оној на Окно: ви предлагам да направите (оти токму за пропаганда ресурсите на изродбата се апсолутно неограничени) мала антологија на тој антигруевистички „говор на омраза“, по урнекот на Црната книга (во левиот агол достапна на Окно). Можеби тогаш ќе биде појасно што подразбирате вие под говор на омраза.

Коља, настрана од се

Коља, настрана од се останато, јас читам во коментарот на Слаѓана барање за реципроцитет апропо ситуациите во Грција, Албанија и Бугарија. Тука не гледам ништо спорно. Ако е точно она што го пишува Слаѓана за активностите на Разбуди се! (и не само нивните активности), зошто да не се постават овие прашања? Белки нема да градиме позиција на мазохизам кон македонскиот народ? Од што треба да се срамиме ако не ни проговараме за ова? Се однесуваме скоро како да македонците имаат некоја колективна вина во минатото па сега е во ред да се казнат и да платат за тоа. Не сме белки во иста позиција како повоена Германија?!

Сосем се согласувам со тебе,

Сосем се согласувам со тебе, Александар! Суштината на националната (во смисла на граѓанска) држава е борба за интересите на нејзините граѓани! Суштината на етничките групи исто така е заштита и унапредување на културните и сите други права.
Македонците, пред се’ во Грција (но и другде), најмалку еден век се изложени на страшна асимилација. Матичната држава, за жал, може да помогне многу малку, особено ва ваква ситуација, кога имаме демагошка националистичка (на зборови, на декларации националистичка) власт.
Меѓу другото и затоа е многу важно влегувањето во ЕУ. Македонците во соседните земји дури тогаш, ми се чини, ќе имаат малку подобри позиции од сегашниве кои се катастрофални.

Хм... Е тука е каменот на

Хм... Е тука е каменот на сопнување. Граѓанската држава е нужна цел, ама се ми се чини дека во прв ред државите во Европа не се толку граѓански колку што се претставуваат. Или, да се изразам подобро, граѓански се, но само до определено, дозирано ниво. Јас мислам дека она што се случува во Македонија е (декларативно, и она што е во агендите на партииве) трка да се пограѓанчи општеството, ама без кочници, без анализа и споредба со средината околу Македонија. И, оди на полошо, не на подобро се разбира...

Друго, за ЕУ. Влегувањето е важно, неспорно, но досега ЕУ покажува основно неразбирање за она што и ти го спомена а тоа е состојбата на Македонците во регионот. Нелогичната слепа солидарност на ЕУ кон своите членки и очигледната пристрасност во случајов со Македонските права во регионов го прави ова чувствително прашање, и бара сериозни политички одлуки и политичка наобразба која изгледа на Македонија и фали.

Зошто никој во Владата не им

Зошто никој во Владата не им објаснил на коалиционите партнери, кои први излегоа со ултиматум, дека не се гради црква. Зошто Паско најави дека ќе прекине изградбата додека не се смират страстите, зошто би имало страсти и отпор за изградба на музеј. Зошто фамозниот објект се градеше ноќе, притоа со крешење на законот за работни односи. Зошто никој не побара одговорност за Џеват Бучи, избран во македонското Собрание, со гласовите на пратениците на ДПМНЕ. Зошто пред А1 имаше повеќе специјалци отколку на Кале, зошто Џеват Бучи таму по вторпат се однесуваше како шериф, без да одговара за тоа. Има многу зошто на коишто треба да се одговори, пред да се има доблест да се праша било што друго.

Да не се караме - јадете

Да не се караме - јадете свинско!

Буквално на тоа ви се сведува

Буквално на тоа ви се сведува реториката, само никако вашиот коалициски брат Али да го натерате, не свинско да јаде, туку збор македонски да проговори. А за одговорност на шерифот Бучи ни збор нема, ни на македонски ни на албански. Е тоа е, патриотизмот на ДПМНЕ, пет дена прашувам, дали е патриотски да не се бара одговорност од Џеват Бучи и нема кој да одговори.

Татко и на Соња Исмаил, онаа

Татко и на Соња Исмаил, онаа вашата од Плоштадот Слобода, Ѓунер, убаво кажа за БЦ и неговите, с‘е што треба: „секретар на една трајна коалиција на криминалот, на расипани политичари, на идеолошки певртливци и на новинарски слуги“
ht tp://w ww.youtube.com/watch?v=_nNnQQ9LLWM&feature=player_embedded

Ти Гелевски си роб, или слуга на БЦ, све друго е пичкин дим..ама ти појма немаш!

А бе убаво кажа Ѓунер за

А бе убаво кажа Ѓунер за Бранко, се согласувам, ама и за црквата-музеј (уште никој не објасни како нешто може да биде и црква и музеј) убаво кажа, само што вие го слушате само за она што ви одговара и тоа секогаш за неактуелни теми.

ht

ht tp://en.wikipedia.org/wiki/Church_History_Museum

Гелевски, црква-музеј може да биде и такви во светов постојат многу. Но добро, од тебе навикнавме да се поставуваш како експерт по сите прашања, од историчар, преку економист до експерт за човекови права и теологија. За стопанки криминал и архитектура со историја на уметност па да не праиме муабет. Ете ти само еден линк горе да видиш и сам како изгледа една црква музеј, за повеке search google!

Не вреди да му објаснуваш,

Не вреди да му објаснуваш, окново е врвот на политичкиот аутизам, усвитени глави со погледот заглавен во Бихаќка, и дно на дното од необјективното информирање во македонскиот етер! ЖИВ РЕЗИЛ!!!

Гелевски ко Валтер:) Абе, што

Гелевски ко Валтер:)
Абе, што му мислите толку, бе, изродбеници, што не му го ркнете ножот и на Окно?! Они вас - педерана и еу предавници - ќе ве заебаваат со ѓоамити интелектуални текстови?! Абе укини фрекфенција и молим лепо! Они вас ќе ве тераат да ги погонуете последните два молекула ум што ги имате во изгниените тикви?! Е па неќе моќи ове ноќи! Укинувај то Окното! Распаљуј! Нема што да постои она што не го разбира изродбеникот!