Боли глава

’Алал да ви е шефе, каде најдовте вака спремна и способна менаџерка?!’

„Драги советници, Ве замолувам да ги гласате програмите на градоначалничката. Знам, не сте ја виделе одамна. Таа е истата онаа, со која игравме оро пред белата палата, кога јас и таа го водевме орото, а Вие ми велевте: ’Алал да ви е шефе, каде најдовте вака спремна и способна менаџерка?!’ А јас ви велев: ’Чекајте, не сте виделе што спремам за претседател’…”

Јани Макрадули, Фејсбук, 22.08.24.

нема
22.08 2024
Да се стопира градењето, тоа е како да ги затвориш породилиштата

Урбанизмот е жива материја. Да се стопира градењето, тоа е како да ги затвориш породилиштата.

Стевче Јакимовски, Канал 5, 15.08.24.

нема
19.08 2024
Што значи отфрлањето на договорот за експлоатација на литиум

Важно е да биде јасно што всушност значи отфрлањето на договорот за експлоатација на литиум во Србија. „Не“ за Рио Тинто значи „Не“ за Олаф Шолц и Урсула фон дер Лајен, но мора да значи и јасно отфрлање на режимот на Александар Вучиќ: „Не“ за корупцијата, планираното осиромашување на населението, нетранспарентностa на власта, шовинизмот, циничниот однос кон демократијата, значи за сите карактеристики типични за неоколонијалните автократии.

Тоа значи дека „Не“ за Рио Тинто мора истовремено да биде израз на доверба во себе, во своите сили, во интегритетот на секој граѓанин на Србија и во неговата способност самостојно да ја гради својата државна и политичка заедница, да ги открие своите можности и да се потпре на своите способности.

Бранислав Јаковљевиќ, Окно, 13.08.24.

нема
16.08 2024
Абре госпожа, фатена си во обид да се наместиш!

Ревизорката која не е баш ревизорка била сменета, ама само привремено. Ќе сме почекале да го добие потребниот сертификат.

„Таа ќе биде привремено заменета со друг кадар од нашите редови додека ја заврши својата обврска со добивање на сертификатот“, велат од „Вреди“.

Боже, боже!

Абре госпожа, фатена си во обид да се наместиш односно да те наместат на позиција за која немаш квалификации. Белким во најмала мера срамота е да те чека сигурно работно место додека ти се „доквалификуваш”…

Па ајде да ја почекаме ќерка ми, ако не, ќе порасне, ќе заврши, ќе стане ревизорка, ако била за чекање работата.
Ќе сме ја почекале да ја заврши својата обврска…

Неверојатно!

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 10.08.24.

нема
14.08 2024
Министерот за земјоделство остварил средба со заменик министерот за земјоделство

Дами и господа, утрово медиумите добија соопштение дека министерот за земјоделство остварил средба со заменик министерот за земјоделство…

Верувале или не!

Ако не верувате, оваа исклучителна вест беше проследена и со соодветна фотографија за да немате дилема дека ваквата суштинска средба на министерот со својот заменик навистина и се случила.

Одам сега да остварам средба со маж ми за да донесеме одлука што ќе ручаме денеска.

Ако постигнеме компромис може ќе ви пуштиме и слика.

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 09.08.24.

нема
12.08 2024
Погледнете ја церемонијата повнимателно и засрамете се од тоа што сте

Ироничниот и дрзок спектакл на Отворањето на Олимписките игри во Париз е далеку од стерилната и недуховита политичка коректност. Церемонијата не само што ја претстави Европа во нејзината најдобра форма; таа го потсети светот дека само во Европа е можна таква церемонија. Беше глобална и мултикултурна, но пораката беше пренесена од гледна точка на француската престолнина, најголемиот град во светот. Тоа беше порака на надеж, замислување на свет со голема различност, без место за војна и омраза.

Спротивно на тоа е визијата понудена од десничарскиот руски политички филозоф Александар Дугин во неодамнешното интервју со бразилскиот новинар Пепе Ескобар. За Дугин, Европа сега е ирелевантна, гнила градина заштитена со висок ѕид. Единствениот избор е меѓу глобалистичката длабока држава на Америка и мирниот нов светски поредок на суверени држави. Би било мирно, сугерира Дугин, оти Русија би им дистрибуирала нуклеарно оружје на сите земји во развој, така што опасноста од меѓусебно сигурно уништување би важела насекаде.

Борбата меѓу меѓу американската длабока држава и Доналд Трамп, овогодинешните претседателски избори во САД, според Дугин, ќе биде судбоносна за човештвото. Ако Трамп победи, можна е деескалација; ако победат демократите, одиме кон глобална војна и крај на човештвото.

Спротивно на она што мислат луѓето како Орбан и Дугин, пораката на Тома Жоли е длабоко етичка. Таа им шепоти на конзервативните националисти: Погледнете ја церемонијата повнимателно и засрамете се од тоа што сте.

Славој Жижек, Project Syndicate, 08.08.24.

нема
08.08 2024
Црнкиња

Навистина не знам што му фали на ,,црнкиња". Правописот вели ,,црнкинка", а Толковниот - црнка (што има повеќе значења) или црнкиња. Нешто ни пречи таа наставка -иња, но ние имаме и кнегиња, и монахиња, па и странкиња (иако последново се игнорира од речниците).

Татјана Б. Ефтимоска, Фејсбук, 01.08.24.

нема
01.08 2024
Леонардо бил геј

Не мора на сите да им се допаѓа отворањето на ОИ. Прашање на вкус. Но да се кука заради сквернавање на „Тајната вечера“ насликана од Леонардо Да Винчи, кој бил геј и својот љубовник го земал како модел за Исус - е небулозно!

Александра Ќурчиќ, Фејсбук, 30.07.24.

нема
30.07 2024
Насмевката им е гримаса

Она што јас не го гледам на нивните лица - а што наивно го барам - се добрината, човечноста. Гледам бес, сарказам, потсмев, ликување, осветољубивост... Сè, освен добрина. Насмевката им е гримаса.

Затоа, ништо не им верувам. Еден Лефков, со изобличеното лице додека зборува, ништо не се разликува од тупото лице на некој претходник. Само различни експресии.

Што и да правиш, мора човек да останеш. И како со човек да постапуваш со другиот.

Ништо не им верувам, ама ништо.

Ова не се добри луѓе, не.

Офелија Димковска, Фејсбук, 28.07.24.

нема
28.07 2024
„И тие така правеа”

„И тие така правеа.”

Се изнаслушавме со децении. Едни, па други. Повеќе или помалку. Во една или друга област. Ама, генерално - и тие така правеа.

Кога ова е факт - ја уништува критиката, оти таа станува некредибилна и смешна.

Кога ова се користи како алиби - ја уништува смислата, оти поентата е, нели, овојпат да биде демек поинаку. Без кредибилна критика и без капацитет за вистински поинаку. Е таму сме. Постојано. Па, нема пострашно.

Ни требаат луѓе кои така никогаш НЕ правеле, за сега да им држи зборот. И луѓе кои ќе се срамат да помислат да се споредуваат со тие кои така правеле, а уште помалку на легитимна критика да одговараат со напад за тие кои така правеле.

И не, не ми велете дека овие луѓе ги нема!

Тие можеби сакаат овде да ги нема, да, ама тоа е друго дваесет, што викаше баба ми.

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 22.07.24.

нема
22.07 2024
Сите колективни договори ќе бидат отповикани?!

Буџетот е еден од најсмешните буџети што сум ги видел. Можност да се манипулира мислењето дека се работи за интерес на граѓаните, но всушност не е, затоа што нема пари за плата, за покачување на платите. Што ќе значи дека сите колективни договори што се направени ќе бидат отповикани. Во образованието, здравството, Министерството за внатрешни работи, Армијата, сите овие сектори имаат намалување на ресурсите или јасен знак дека нема да се обезбеди зголемување на платите.

Фатмир Битиќи, пратеник, ТВ 21, 17.07.24.

нема
19.07 2024
Економијата е во клиничка смрт

Ветив дека ќе бидам секогаш искрена пред граѓаните. Затекнавме состојба која значи држава во хаос и долгови, список на желби наместо развој. Економијата е во клиничка смрт.

Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии; прес конференција, 17.07.24.

нема
17.07 2024
„Виктор Орбан покажува една прекрасна визија за Македонија“

Виктор Орбан покажува една прекрасна визија за Македонија. Постигнат е одличен договор и Унгарија покажа дека е еден од најдобрите пријатели на Македонија.

Александар Николоски, ТВ Алфа, 11.07.24.

нема
15.07 2024
Таквиот план не води кон успех

И од Атина и од Софија во повеќе наврати стигнуваат сигнали дека одржуваат „отворени канали“ со албанскиот фактор во РСМ, кој го сметаат за стабилизирачки во однос на интеграцискиот процес. Практично, соседите го калкулираат фактот дека нивните услови за РСМ етнички не ги засегаат Албанците и затоа во нив можат да најдат конструктивен партнер.

Во таа насока ги негуваат и каналите со Тирана и Приштина, како центри што имаат влијание врз албанскиот фактор во РСМ, особено што и Албанија и Косово имаат интерес за поддршка од Софија и од Атина.

Таквиот план не води кон успех. Не може да се зборува за соседска поддршка на интеграцијата на РСМ во ЕУ, ако таа треба да се издејствува со мотивирање внатрешен „партнер“ што ќе предупредува и заплашува со можна дестабилизација, доколку земјата не ги прифати сите услови за суштински почеток на преговорите.

Таа приказна мора да се одвива и да заврши на единствениот прифатлив начин: со обострано почитување и со добра волја, а не со „тегнење уши“ и со држење навредливи лекции за непознавање на меѓународното и уставното право од македонска страна.

Катерина Блажевска, Призма, 05.07.24.

нема
10.07 2024

Препорачуваме

Најдобрите вицови на Окно во 2025 (2)

Дали веганите смеат да гласаат во месна заедница?!

Главолом шампионите за 2025!

Од рубриката „Боли глава“ издвоивме 18 највпечатливи изјави од 2025 година.

Најдобрите вицови на Окно во 2025 (1)

Дали сте сити? Ние сме, си ти?

ОкоБоли главаВицФото