1014 hPa
26 %
33 °C
Скопје - Вто, 11.08.2026 20:20
Лермонтов зборуваше за „Херој на нашето време“. Грета Тунберг е херој на едно идно време. Треба да ни биде чест што оваа чудесна душа од иднината се обидува да нè поттикне на возвишените идеали кои таа со целото свое битие ги промовира и артикулира. И да погледнеме заедно в земја од срам зашто им свртевме грб на страдалниците во Газа, неизгласувајќи ја резолуцијата во парламентот за повик кон Израел да им дозволи на палестинските деца да не умрат од глад. Не дека некој ќе се потресеше од нашата резолуција, најмалку Израел и господарите на војната, туку зашто со еден потег покажавме кои сме и што сме - држава без интегритет и емпатија! Симболиката не е мала работа. Јас сум за Грета и нејзината кауза (не е една), а против нашиот полтронизам и кратковидост. Срам нека нè јаде!
Жарко Јорданоски, Фејсбук, 25.07.25.
Ова не е само срамно, ова е соучесништво и легитимизирање на бруталниот геноцид врз палестинскиот народ.
Додека имаме систем и додека имам право на глас, никогаш нема да гласам за никој (вклучително и нивните партии) што не гласаа за оваа резолуција. Никогаш!
Билјана Гинова, реакција на срамното неизгласување хуманитарна помош за Газа на македонското собрание; Фејсбук, 25.07.25.
Зошто имаме песни дека Егејска е наша и ќе одиме на Солун, и песни дека Солун е наш, а немаме такви песни за Пиринска Македонија? Ќе одиме на Сандански, песни како Благоевград, Петрич, или Дупница се наши?
Идејата не ми е дека Пиринска не била македонска или дека нема Македонци таму, секако дека имало и има.
Но зошто тие елементи за Пиринска изостануваат од нашата култура и песни? Зошто го памтиме тоа што ни го земале Грците а не го памтиме тоа што ни то земале Бугарите? Зошто сме се откажале од тој регион? Сепак тоа е исто така голем дел од претходната територија.
Можда некое југословенско влијание? Или нешто друго? Може е просто површен интерес - Солун е на море, а другиве претходно наши области не се така интересни за враќање?
Душан Стојчев, Фејсбук, 16.07.25.
Ова барање е исто како предлогот на СДСМ, само што вие немате ставено цена. Одредете си цена за вашите деца.
Христијан Мицкоски, на состанок со родителите на загинатите млади луѓе во Кочани, одржан на 7 јули годинава; Фејсбук страница на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“; СДК, 18.07.25.
Па сега се поставува прашање, да не случајно жртвата која се прикажува во јавност е токму оној кој предизвикал физички напад. Да не испадне на крајот такво нешто.
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, го коментира нападот врз Данела Арсовска на Бит пазар; Сител, Дневник, 11.07.25.
Најпрво лицето ми се закануваше вербално, не можам да изговорам со какви погрдни зборови ми се обраќаше, велеше ќе ме силува. Потоа пред очите на полицајците ме нападна физички, почна да ме удира со клоци. Тие само го тргнаа и застанаа пред мене и ништо друго не преземаа, дозволуваа толпата да вика и да ги напаѓа луѓето од Градот, да ги удираат со столици, да ги плукаат… Тоа лице кое направило толкава дивоградба пред сите нас се јави на 20 луѓе на високи функции во МВР и им кажуваше што сè ќе ми направел, им викаше дека ќе ме убие, ќе ги ликвидирал еден по еден членовите на моето семејство.
Данела Арсовска, изјава после физички напад на Бит Пазар, при увид на дивoградба спроти полициската станица во Чаир; СДК, 11.07.25.
Премиере, Ве потсетувам дека аерозагадувањето со ПМ 2.5 во Македонија годишно одзема над 3.800 животи, што е 17,7 отсто од вкупната смртност во државата. Секој деветти смртен случај кај новороденчињата е поврзан со загаден воздух. Тие новороденчиња можеа да израснат и да ја подобрат демографската рецесија што деновиве патриотски ја верглате.
Бојан Шашевски Шаше, Радио МОФ / Окно, 07.07.25.
На талибански начин се брише македонскиот идентитет и македонскиот јазик од извештајот за земјава во Европскиот парламент. Тоа дочекавме како народ во 21. век.
Христијан Мицкоски, на прес конференција; 03.07.25.
Ќе се женам, што да правам,
бурма на прст ќе си ставам.
Демохристијанин ко Мицко да бидам,
да видам матично, Галичник да видам!
Оди си, Сотоно, од ова неженето тело –
ќе те избркам со светлина на бело одело!
Женет човек и со УЈП е брат!
Мицко, дал ќе ми бидеш сват?
Владимир Лукаш, Фејсбук, 04.07.25.
Идентитет е како се чувствуваме, како ја чувствуваме нашата татковина. Идентитет е како се грижиме за нашата традиција, на пример манастирите во Северна Македонија, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки. Како, на пример, ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме во однос на зачувување на нашиот јазик, и никој не може ова да ви го одземе на вас Македонците.
Марта Кос, еврокомесарка за проширување, на прес конференција; 01.07.25.
Одбиваме да бидеме деполитизирани изведени на поворка за промоција на корпорациски компании, да шетаме како испразнети, весели, насмеани машини без глас. Насилството што го трпиме, болките што стојат врежани во нашите тела, срамот што нè прогонува во општеството целите наши животи, понижувањето и навредите, како и нашите колективни преживувања, мрежи, радост и уживања, можат да бидат единствено предмет на политички акт во јавен простор и изразени низ бес и низ протест.
Славчо Димитров, говор на Парадата на гордоста 2025, 16.06.25.
Честитки и благодарност за вашата решителна акција во Иран, тоа навистина беше извонредно и нешто што никој друг не се осмели да го направи. Тоа нè прави побезбедни. Европа ќе плаќа НА ГОЛЕМО, како што и треба, и тоа ќе биде ваша победа. Вечерва слетувате во уште еден голем успех во Хаг. Не беше лесно, но ги добивме сите да се потпишат за пет проценти.
Марк Руте, генерален секретар на НАТО, во порака кон Трамп; Truth Social, 24.06.25.
И ова лето ќе апелирам до надлежните:
Барем во топлотен бран, наштелувајте ги семафорите според пешаците.
Стоиш две минути на црвено, на припек, зеленото е толку кратко што мораш да трчаш, а некогаш стасуваш само до пола - па пак припек, дамла, све.
Не е некоја филозофија да се измери колку време му треба на човек за да помине метар, пет, десет... со нормален од. Па и да се земе предвид дека тој човек може да е и понизок, и повозрасен, и понатоварен.
Не е тешко. Речиси секој град знае. Нека научи и Скопје, еве барем во топлотен бран.
Јасна Шоптрајанова, Фејсбук, 25.06.25.
Македонска политичка сцена деновиве, сумирано, масло на платно:
Опозицијата: „Овие од власта се радуваат како мали деца што се приврзок на Орбан, одлепени се од реалноста!”
Власта: „Кога Филипче зборува се шири мирисот на режимот на Заев, граѓаните превртуваат очи!”
ВЛЕН и ДУИ: „Ние стоиме зад Трамп!” Што може да се преведе: „Арно им направи на Иран!“
Какви наративи, каков збир на тешка празнотија и невидени глупости.
Катарина Синадиновска, Фејсбук, 23.06.25.
Загадочна е неангажираноста, фалсификувачкиот стремеж кон некаква замислена неутралност.
Текст од 2003, на стогодишнината од Илинден.
За книгата на Кетрин Лиу: „Чувари на доблеста: Случајот против професионално-менаџерската класа“.