Свечено прогласување на добитниците на наградите „Златен венец” и „Мостови на Струга”

20.03.2024 11:59
Свечено прогласување на добитниците на наградите  „Златен венец” и „Мостови на Струга”

Управниот одбор и Дирекцијата на НУМ „Струшки вечери на поезијата” како и Македонскиот П.Е.Н Центар, со особена чест го најавуваат свечениот настан по повод прогласувањето на добитникот на наградата „Златен венец” за 2024 година, добитникот на наградата „Мостови на Струга” и традиционалното поетско читање по повод 21 март- Светскиот ден на поезијата.

Свеченото прогласување на добитниците на наградите „Златен венец” и „Мостови на Струга” за 2024 година ќе се одржи на 21 март (четврток), со почеток во 11 часот, во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје.

По свеченото прогласување ќе следува поетско читање по повод Светскиот ден на поезијата на кое ќе настапат истакнати поети- членови на Македонскиот ПЕН Центар, како и други истакнати македонски поети.

ОкоБоли главаВицФото