Извршителот фатен во недело

14.06.2011 08:14
Извршителот фатен во недело

Дали Латас го мачат повремени привиденија или се работи за фатаморгана во континуитет? Дали неговото халуцинирање е резултат на потсвеста или на подземни текови на свеста? Или просто се работи за апсолутен недостиг на морал? Како да се објасни тоа дека Латас ме видел таму кај што не можел да ме види? Во неговиот понеделнички текст во „Вечер“ со „македонски“ наслов „Лешинари“, тој просто излажа дека Милчин и Геровски биле на протестите на младите против убиството на младиот Мартин Нешкоски. Излажа и остана жив, би рекол народот.

А зошто Латас не можел да ме види на протестите? Зашто не бев таму. А зошто? Зашто не сакав нему и на неговите побратими, безобѕирните извртувачи на фактите, да им го олеснам налогот да ги етикетираат младите како „соросоиди“. Не дека сум толку наивен да поверувам дека тоа ќе ги расколеба Латас и побратимите во нивната намера да го дискредитираат спонтаниот протест. Латас и побратимите веќе имаат испорачано доволно подметнувања и клевети против сите што се дрзнаа јавно да ја критикуваат политиката што Македонија ја турна во ќор-сокак. Сакав просто да им ја отежнам задачата така што нема да имаат фотографија или видео со кои ќе ја „шараат“ лагата дека самото мое присуство меѓу младите или близу до нив, ја докажува конструкцијата дека протестите се уште еден заговор на „соросоидите“. Знаев дека кујната во која, според рецептите на полициските алхемичари, веќе подолго време се изготвуваат отрови кои им се сервираат на македонските граѓани, нема да се сепне во обидот да зготви манџа што ќе ги легне оние кои бараат да престане полициската бруталност. Местенката што набрзина му ја приредија на Љубе Бошкоски беше повеќе од сликовита илустрација за нахалноста на „режисерите“ на елиминацијата на некогашниот брат и јунак. Времето ќе покаже дали тоа беше повеќе предупредување на непокорените или замајување на граѓанството. Ни прво, ни последно. Секогаш пред телевизиските камери и секогаш со непотребна грубост. За да се понижи жртвата. За да биде казнета пред пресудата. За да нема шанса за исправање на грбникот и откако обвинението ќе падне на суд, овде или во Стразбур.

Се осилија Латас и побратимите. Си мислеа дека по изборите од 5 јуни опонентите ќе мора да замолчат. А Латас се понадева и дека нема да мора да бара други да се јавуваат како автори на непотпишаните клевети, за да ја одбегне одговорноста како главен и одговорен уредник на „Вечер“. Не дека сум толку наивен да поверувам дека нашите судови веднаш ќе соберат храброст да го видат очевидното и да пресудат почитувајќи ги фактите, но немам намера да се откажам од она што се вика истерување на правдата.

Ниту мнозинството е толку големо, ниту малцинството е толку мало, за да завладее во Македонија едноумие во кое животот не вреди ни пет пари. Нема таква моќ што ќе го задуши крикот на мајката која истрча од домот и извика: „Ќе дадам изјава, државата ми го уби син ми, тие го убија! Државата ми го уби син ми! Детето помош барало и два дена го држат да го прикријат телото. Ми кажуваат денеска дека детето од неделата е починато. Ништо не знаевме, од работа денес си дојдов, ми кажуваат дека син ми е мртов, а работев за државата, во комисија бев, за нив, и ова нешто да се случи, да ми го убијат детето! Го убија, тие го убија, никој друг, државата, и уште да кријам, како да кријам или дојдоа од ВМРО да го убедат маж ми, не треба да кажува така, тоа го направија, да го молат да не кажува, да не дава изјава оти државата го уби. Уште ќе работам за државата, цело време одевме, детето дојде со веселба, да каже...“ Крикот на мајката беше посилен од извиците што допираа од куќата: „Не збори, не збори!“ Бедемот на молчењето се распадна пред мајчинството.

Пред нашите очи се одигра трагедија не помала од онаа античката, во која сестрата Антигона не сака да се откаже од мртвиот брат во името на државата, во чие име зборува тиранот Креонт. Бара од сестрата да молчи и да ја проголта болката, да се откаже од највисокиот, непишаниот закон кој бара почитување на мртвите.

Молк за злосторството, молк за прикривањето на злосторството, молк за одговорноста, тоа го бараат од нас господарите на животот кои би сакале да господарат и со болката и со смртта. Премногу! Тоа што го бараат ги надминува сите партиски припадности, политичките определби, етничките рамки, верските чувства. Премногу! Бараат да занемиме за убиството на синот и да станеме соучесници во злосторството. Бараат да оглувиме за крикот на мајката и да станеме соучесници во нечовечноста. Премногу! Ни три пати по толку гласови не би им дале право да очекуваат лопатите на „преродбата“ да ги заглушат лопатите на гробарите. Сопствената одроденост не можат да ја камуфлираат со итроштини од арсеналите на тајните служби.

Всушност, обидите на Латас да им импутира на младите граѓани дека се манипулирани од СДСМ, „соросоидите“ и кој ли уште не, претставуваат обид да се ампутира нивната интелигенција, нивните емоции и разум, нивниот инстинкт да застанат во одбрана на правото и правдата. Колку што гледам, тие го отфрлија тој гнасен обид. Одбија да бидат отпишани како извршители на нечии налози. Извршителот Латас тоа никогаш нема да може да го разбере. Извршувањето валкани налози е единственото негово умеење.

слики: Arthur E. Giron

Gospodine Milchin, Latas e

Gospodine Milchin,
Latas e dnoto na sovremenoto makedonsko "novinarstvo" i moral. Sepak, bi bilo mozebi korisno da se zamislite kako i zoshto stignavte vo situacija da samiot izbegnuvate da odite na protesti. Mozete li toa? Mislam deka e moshne vazno da se proiznesete iskreno za toa. Se chini sam vlegovte vo taa zamka. Pozdrav

Мирко, не те разбирам. Тој

Мирко, не те разбирам. Тој што е жигосан од еден чудовишен режим што на најчудовишен начин ја користи пропагандата - треба да си размисли зашто баш кон него се намерачиле стрелите?! Јак ти е умот, Мирко, стварно! Да не треба и да се извинам (тебе?!, или на „македонскиот народ“?!, на тивкото мнозинство?!) зашто од првиот момент сфатив дека груевизмот е гадост и манипулација?! Или да се извинам што користам „гадни“ зборови, ко гадост?! (со што, можеби, ја вреѓам македонската нација, ни више ни мање, чие отелотворување е Малиот-Големиот?!)
Што ти е, бе, Мирко! Па ти си исто жртва на скопските, на паланечките жигосувања!
Еве, дури и да е вистина (а главно не е вистина) она за што го обвинуваат Милчин (и мене, како дел од ГЕМ): дека е близок до СДСМ, до Американците, до ЕУ, дека се меша во политика (а е НВО) итн. - што е спорно во тоа?! Јас, на пример, граѓанскиот активизам го сметам за еминентно политички. Ради тоа и учествувам во ГЕМ.
Со која постапка Милчин заслужил да му биде забрането да се појави на протест (или да си размисли дали да се појавува, ебате Миркото, верификаторот на подобните)?! Тоа што Латас ќе рече дека протестите се во организација на соросоидите тоа значи дека отпишаните „соросоиди“ треба да си размислат зашто го навлекле гневот на Латас?!
Одвратно е тоа што го правиш, Мирко. Иако сосема те разбирам, ги знам и личните и општествените динамики, во вакви случаи, кога луѓето се под чизмата на разни облици на (крипто)фашизми. Во Србија, на пример, под удар на „регулативното мнозинство“ беа дури и Жените во црно, што се бореа против војната (а беа две без три, крајно осамени во своите протести). Драгојевиќ во „Лепа села лепо горе“ ги прикажа тие српски соросоиди со бунди, ко некакви смешни западни декаденти и предавници. Притоа истиот тој Драгојевиќ (ко и Кустурица) се наполнија со пари од фашистичкиот режим на Милошевиќ, ама тоа не се рачуна, фашизмот ипак е народен.
Та така е и кај нас. Многу луѓе ќе треба да си најдат лични оправдувања зашто пет години молчат под чизмата на груевизмот. И зашто, на пример, изродон Коља мрчи против груевизмот пет години?! За пара, нормално. Кој друг иначе би го праел тоа?! Кој нормален би го праел?! Значи, или дечкото е ненормален или за еврејска пара работи. (така е логиката и за Сорос: кој бе ти дава џабе пари?! Човекот ја цица Македонија, има тука заден план, нормално!)
Така што, Мирко, разбирам. Само што од тебе не очекував покана (зборам ко член на ГЕМ, со Милчин ги делиме активностите) да си размислам и да си се покајам. И ако тоа го направиме, ќе добиеме морално право да учествуваме на протестите?!

Kolku za rasjaznuvanje batka,

Kolku za rasjaznuvanje batka, oti gledam neshto se chudish. Ne si ti blizok so nikakvi Amerikanci i Evropejci (uf bre, ama go kazha, ko so Obama da ste na "ebi si mater"). Ne, blizok si ti so Srbite i Grcite.

I nemoj da svatish pogreshno. Nema tuka nema nishto krivichno. Ako sakash, lobiraj si ti za koj kje te plati povekje. Samo ne se buni koga kje ti plesnat vo lice deka toa shto go pravish e lobiranje, a ne nekakov "gragjanski" ili "intelektualen" angazhman.

Хаха, поблиски со Србите и

Хаха, поблиски со Србите и Грците, мислам со темните структури во Србија и Грција од Грујо во овој момент нема. Да те потсетам само дека гореспоменатиот Латас отиде на „баци рака“ кај Милошевиќ, кога целиот останат свет го сметаше за диктатор, а најголемите грчки инвестиции во Македонија се случија во времето кога внукот на Никос Грујос беше министер за финансии, џабе ви е тоа што му ја цензуриравте емисијата на Ефтов, тоа сите го знаеме.
Туку, во право е Милчин, овојпат не смеат да не замолчат.

Убаво ви го плесна Попов,

Убаво ви го плесна Попов, мислам дека ќе ви стане јасно дека не работите за доброто на македонскиот народ, можеме и без вас, одјеби гем, одјеби сорос, одјеби коља #protestiram

Митралезец, ти не си баш

Митралезец, ти не си баш политички писмен. Од антиквизацијата на Македонија што ја спроведува груевизмот (интензивно три години) најмногу корист има - Грција. Впрочем, славомакедонците во Грција кон крајот на 19 и во 20 век биле асимилирани со приказните дека се наследници на Александар, т.е. Грци. Нашиот господар, Малиот-Големиот, Златниот-Црниот, велечесниот Николае Грујабе е егејско дете и го носи тој грчки светоглед во корените.
Врската на груевистите со српските опскурни разузнавачки и криминални кругови исто така е општо позната. Една од работите која им е заедничка на тие српски и македонски кругови е антиалбанството и дестабилизацијата на Косово, по секоја цена (Латас тоа го прави во Македонија - ја дестабилизира земјата и работи на дестабилизирањето на Косово - отсекогаш).

Што толку сте запнале со ГЕМ,

Што толку сте запнале со ГЕМ, со Сорос и сите други НВО кои се спонзорирани од Фондацијата отворено општество.... Сметам дека имаат удел во развојот на нашето граѓанско општество и како такви треба да постојат! Господинот Милчин пак со текстот вешто ја долови сликата за нашето секојдневние на чело со Латас и пропагандната машинерија!

Луѓето што во Македонија се

Луѓето што во Македонија се против груевизмот се недвосмислено за ЕУ и САД. Милчин тоа е апла, и ради тоа е една од најголемите мети за отстрел на груевистите. Зашто груевистите ги мразат ЕУ и САД, а ги сакаат Грција и Србија? Прво, ради непречениот криминал: тие опскурни криминално-државни кругови (во мк, срб и гр) се реални регионални господари и нив не им треба редот и контролата на ЕУ. Второ, тие кругови се жестоко антиалбански. Трето, тие кругови се дискретно антимакедонски, сметајќи дека на Македонија најдобро и’ е уз Србија (тоа е, се разбира, и грчки интерес). Ете ги причините, глуп митралезецу (мора да си цајкан или од слични мрачни кругови кои не мислат со своја глава, ама верно ги следат актуелните пропагандни доктрини од типот „Грујо ја брани мк контра гр“)); 1. (причините) зашто Латас е главниот идеолог на груевизмот, 2. зашто се спроведува антиквизација во мк и 3. зашто земјата намерно се оддалечува од ЕУ (за да биде вечна монета за поткусурување меѓу Србија, Бугарија и Грција).

Како Латас да е најголемиот

Како Латас да е најголемиот проблем во државава!!!
Бог да чува бе луѓе!! ВТФ !!!

Толку ли главоболки ви задава тој човек да во секоја ваша колумна кењате за неговата новинарска етика и политичка неподобност?
Толку ли влијание има на јавната мисла да со секој ваш изговорен збор се обидувате да го дискредитирате?
Зарем два три провладини новинари ви ја заебуваат цела ваша демократска борба и пропаганда?

Аман до кога!?

Општествово има поголеми проблеми од Латас!
Социјални, културолошки, еколошки итн...!!!
20 години е тоа така!

А вие како граѓанско здружение треба да се борите против тие проблеми.

За жал вие 5 години уште од самиот почеток на владеењето на Груевски се се борите директно против неего,а тој 4ти 5ти или кои и да се избори по ред, победува!
Не оставивте ДПМНЕ ни една година да владееат, човекот ни во кабинет не влезе а вие почнавте со вашата пропаганда, што остава огромен простор за шпелулации околу заднината на тие ваши „граѓански активности“.

Па не пиеме нафта добога.
Можевте посуптилно да ја изиграте вашата игра.
Не можеш со сила да ги натераш луѓето да им се згади власта.
Треба самите тоа да го почуствуваат без некој да им стои над глава додека им се згадува, затоа што и од тие што им стојат над глава ќе им се згади. А веќе им е згадено!!

И ако некој е заслужен за победите на ДПМНЕ тоа сте вие и вашите „граѓански здруженија“ на чело со Милчин!

Интересно глеање: „Не можеш

Интересно глеање:
„Не можеш со сила да ги натераш луѓето да им се згади власта. Треба самите тоа да го почуствуваат без некој да им стои над глава додека им се згадува, затоа што и од тие што им стојат над глава ќе им се згади. А веќе им е згадено!!“
Јана, ти си тотален дебилерос. Не само кретен со испран ум, тука гнаса, инквизиторски платеник, од најдолен ков!
Значи, никој нема право да стои меѓу божјите претставници и народот (тоа е доктрина среден век, Јана платеничка идиотке). Второ, за земските неволји (суша, глад, громови, пљачка, споменик од 25 метра, инквизиција што ти пропишуе канони итн.) не се криви божјите претставници, власта од бога дадена, туку некакви чудни гниди кои се обидуваат да бидат безбожни посредници, скраја да е, меѓу народот и божјата власт. И затоа, народе, ако случајно имате некое тајно незадоволство, нек се знае кој е крив: тие што хушкаат против власта, мамицата нивна!
Јана, ти си дно дна! Латас е бар циник, го заболе Латаса која било кауза, он си ги тера парите и опскурните српски агенди (дур не му наредат дека Србија се демократизирала). Но, ти, Јана, ти си дно на дното, најмизерна комбинација на ситен платеник и фанатик. Океј, да, добитна комбинација, никој то не го негира - но зашто, добога, не уживате малку во бескрајните победи и неограниченото владеење?! Зашто не се опуштите, бар малку, Јана, несреќнице?! Зашто не ти даат бар некое иљадарче (по споменик кеширате пар милиони евра), Јана кретенке, да идеш да се одмориш у Грчка, да баталиш клети соросоиди&други предавници?! Што ти може Окно, Јана?! Малобројната ситноплатеничка банда што ја мрзи величествената Македонија на пастирот?! Имате се’! Влади, парламенти, судства, медиуми, памет, правда, морал, историска свест, големи македонски идеали итн. - што се бафташ, бе, Јана, величино, со вакви дегенерирани предавници ко што се Окно?! Најпосле, има ли некој дечко во таа прекрасна застрашувачка партија што така цврсто и неумоливо ја прегрна Македонија?! Што не си најдеш некој преродбеник, бе, Јана, па малку да се опуштиш?! Доста се секираш! Доста откриваш непријатели! Одмори!

Окнаш ти си тотален дебилерос

Окнаш ти си тотален дебилерос според тоа што го зборуваш.
Очигледни се твоите комплекси и фрустрации поради кои сеуште неможеш нормално и урбано да го артикулираш ставот.

Апсурдот во цела оваа игра е што зборувате за некакво паланечко жигосување а впрочем вие тоа го правите.
Вие и вашите пулени драг КОЉА под 100 различни псевдоними!

Вие ширите говор на омраза и потоа ги менувате тезите дека всушност вие сте жртви на истиот тој говор на омраза.
Колку стереотипно и лицемерно.
Типичен сељачизам кој го носиш длабоко во душата и со кој неможеш да се соочиш. Паланечки маниризам. Не можеш да се соочиш ни сам со себе поради тој паланечко сељачки маниризам кој го фураш и кој го носиш во себе а длабоко го мразиш.
За жал вашата партиско полтронска улога во општествово е разоткриена и треба некој да му каже на тој Сорос да не си ги фрла парите џабе за некој да си игра тука НВО во „име на демократијата“.
Кажете му ако веќе дава пари нека даде еден брод пари и нека си отвори партија у која Милчин ќе биде претседател а Коља портпарол и да не се заебаваме наоколу со бели ракавици и целофани.
Ако више мушки играте играјте мушки до крај и не се кријте под превезот на НВО секторот.
Го валкате и онака ситниот и независен НВО сектор во државава.

Иначе ОКНАШ Коља ја би со тебе на пиво еве во Менада, али не знам можда ќе ме запалиш на клада, а и не знам дали би прифатил дејт со „преродбеничка“ која има различни ставови од твоите, затоа што делуваш дека освен сопствените ставови на кои сигурно онанираш, не си спремен ниту да поверуваш дека постојат туѓи ставови а камоли да разговарш за нив без да ги етикетираш или дискредитираш.

Ноторна фрустрирана

Ноторна фрустрирана неодговорна будала - Јана. Манијачки зафиксирана на непријателот - Окно, Коља, Милчин, ГЕМ, „лажниот“ невладин сектор... Кој ти е курац, девојко?! Несреќно (несвесно?) си вљубена во некој од непријателите?! Би на пиво, ама сепак се непријатели, што ќе каже партијата, штабот, нормата, власта, мнозинството?!
Повторувам, значи, несреќна будалеста девојко: кој ти е курац?! Каков фактор е Коља (Окно) во однос на бескрајната и неограничената власт на твојот севишен пастир?! Народот го обожава, тепа на избори како сака и кога сака, го обновува градот ко феникс, ги усреќува тажните Македонци, лечи, ги вози во автобуси, ги бања во бањи итн. - и кој курац, Јана, идиотко, се бавташ со лузерот Гелевски?! Што му може он на пастирот, на тебе (заедно со пастирот), на вашата величествена преродба?! Какво е тоа монструозно (мада ја го нарекувам дебилско) извртување на работите дека Милчин&Коља&Окно&Гем&лажниот НВО сектор (знае Грујо што е право!, и СДСМ е лажен, све е лажно!, освен она што пастирот ќе пропише) ја заслужуваат омразата на народот?! Грујо и неговите ја заслужуваат љубовта, Коља&Окно ја заслужуваат омразата?! Јана!!! Ти си тотален идиот! Не заслужуваш човек да те пљукне, а не да пие пиво со тебе, несреќен фанатику на груевизмот! Збркани ти се сите регистри у глава, будалетинке! Да, крив е Хиќо, ама се криви се и Евреите! Да, може Груевски има некои ситни човечки слабости (па човек е!, кој ги нема?!), ама Милчин и Коља се тешки перверзњаци кои поштен народ може само да ги мрзи! Јана, пријави се за капо во нашиов концентрационен логор! Ти, девојко, треба да леташ по функциите на груевизмов! Ваков интелектуално-емотивен габор (дебилерос) ко тебе интернет мајка Македоња два пати не раѓа! У најмања рука треба да ти го даат центарот за комуникации! У најлоша, местото на блажениот Иво Котевски! Јана - преродбеничката Ани Четири Пиштоља, рамо до рамо со јаките груевистички фраери и пистолероси, ак47, др.Фројд, 15 септември итн. - пилешкиот труст на изродбеничките мозоци. Под будното око на величенствените идеолози Латас, Миленко, Јанко и Мирка. Само оваа шугава земја може да го издржи вашиот дебилероски капацитет! Нек ни е на здравје! Идиоти!

Жал ми е што се погани овој

Жал ми е што се погани овој културен портал, но морам да заклучам дека си еден тотално заблуден и исфрустриран идиот на кој главата му е во еден страотен хаос.

Феномен е тоа какви ли све не морони чува овој град и оваа земја.

Пак ќе кажам дека ради таквите како тебе победува Груевски.

Јас мислев Гелевски во новата

Јас мислев Гелевски во новата колумна алудира на Мирка, ама изглеа ги има доста, ловците на вештерки:
Во ловот на вештерки постојат два вида учесници: прокажувачите, witch-smellers, и егзекуторите. Мегафоните на груевизмот обично се прокажувачи, но некои од нив уживаат и во улогата на џелати, така што кај нас тие два типа учество не се толку строго одвоени. Прокажувачите, значи, witch-smellers, обично се жени, облечени во свечена, ритуална облека. За време на ритуалот, кој има за цел да ја идентификува вештерката, припадниците на племето седнуваат во круг, започнуваат со хипнотичкото ритуално мрморење-пеење и со ритмичкото плескање со дланки, сè до моментот кога witch-smeller ја достигнува состојбата на транс. Личноста која во транс прокажувачот ќе ја допре со рака - е вештерка. Тоа може да биде една или повеќе личности. Соплемениците ги извлекуваат од кругот накажаните луѓе и ги убиваат по кратка постапка. Понекогаш овие ритуали траат и по неколку дена и знаат да завршат во племенски самоколеж.

Јана, случајно и тебе, ко на

Јана, случајно и тебе, ко на Ѓоле Иванов или Мирка, случајно да не ви ги скембале пенисите, грозните гемаши?! Молим те, Јана, провери! Пенис не е цајкански пиштол за туку-така да се изгуби!
во вештерската пракса постои и феноменот познат под името коро (penis-snatching). Феноменот прв пат бил регистриран во Кина, но најновите примери доаѓаат од Африка. Мажите повремено упаѓаат во колективна хистерија, верувајќи дека им исчезнале пенисите. За кражба на пенисите може да биде обвинет кој било: "вештерките", "црните мажи" (!), луѓето што носат "златен прстен на раката" итн. На погодените мажи пенисот наводно им исчезнува за време на ракувањето со таквата личност. "Кастрираните" мажи во бес му се нафрлаат на "крадачот" и физички го измачуваат. Еден несреќен Суданец за исчезнување на својот пенис обвинил "ционистички агент испратен во Судан за да ја спречи прокреацијата и размножувањето на нашите луѓе".

Da imavme poveke luge kako

Da imavme poveke luge kako Milcin ke ne bideshe. Za zal nie imame luge kako Jana, AK47 i MirkoPopov. Jebi ga standard!

Де бе Коља бе, абер да се

Де бе Коља бе, абер да се немало, Џени те кани од околу, демек пиво, ти си фатил верглаш за Грујо. Дај малце придонес за помирба во македонското национално ткиво...

15ти Септември 2045 не е така

15ти Септември 2045 не е така далеку...

Коља прашај го сега Мирко

Коља прашај го сега Мирко Попов како се чувствува откако на протестите јавно беше исвиркан како лажен активист и фејк музичар. Прашај го дали сака сега и овде самиот да објасни како стигнал до тоа протестантите да се оградуваат од нековите акции? Или уште подобро еве јас го прашувам. А, Мирко? Или сега се најде во многу слична ситуација со Милчин?

Квази протестантот Милчин,

Квази протестантот Милчин, квази писателот Коља, и квази музичарот Мирко...како да им свириш, како да не ги мочаш?!

Јано браво! А Коља го прави

Јано браво! А Коља го прави истото што и Латас. Кутрите ние со овие на власт и со оваа опозиција,нво. Децава на протестите упорно сакаат да се оградат од ТЕБЕ Коља, од таквите ко тебе(Милчин). Исто говно а Латас а Коља!Сите у курац.Ма каква ЕУ ,овде само Норвежани не спашаваат.
Прво на другарти Мирко му се прикажа во светло во кое те нема видено, уф, боли...а потоа си ги покажа сите други лица Скизо. Ама супер е, интересно е на окно,ради тебе, овај... вас!

Алиса, дојдоа кај нас и

Алиса, дојдоа кај нас и Норвежани, дојдоа и Французи дојдоа и Германци!
Кој со мали приватни бизниси, кој службено административно итн.

Сите ги учат балканските и македонски манири за месец до два и велат дека тука им е супер!

Генерална оцена е дека никогаш не виделе таков контролиран башибозук и дека уживаат во него.

Така да ни норвежани не не спашаваат.

Сепак унаточ свему позитивниот став од сето тоа е дека може да ја извезуваме и продаваме таа состојба како уникатна и функционална како што им извезуваме и продаваме успешна приказна за мултикултура и мултиетничност на „демократите“ од ЕУ.
Па барем по тоа да не знаат нас Македонците.
Можда ќе им наметнеме некој нов систем во ЕУ да после 1000 години почнат да не слават како што денес ги слават Грците како „основоположници на денократијата“.

lol

Се додека ги имаме неквази

Се додека ги имаме неквази новинарите латас,мирка,,мара,миле со бурек,
политичарчиња вошливи ко владче со другарчињата ,
неквази идеолози ко љубчо и син му грујо,
се е во ред, Господ е уз нас мислам дека и на јутуб тоа беше потврдено.

Jana мој најбољи другар.

Jana мој најбољи другар.

ОкоБоли главаВицФото