1021 hPa
75 %
5 °C
Скопје - Чет, 14.11.2024 23:00
Не разбрав точно: што се попишува? Ако се предмет на пописот, на пример, оставките и тепачките, тогаш сум убеден дека тој ќе се одвива на солидно, демократско ниво, зашто направени се подготовки, речиси како никогаш досега. Веројатно на тоа мислеше и премиерот кога рече дека сè е подготвено за фер и чесен попис. Веројатно затоа дадоа оставки претседателката и потпретседателот на Државната пописна комисија само ден пред официјално да почне најголемата државна статистичка операција. Имено, сè беше толку добро подготвено, што луѓето не знаеа што повеќе да прават за време на пописот, па решија да се повлечат и да не арчат бадијала државни пари. А тоа што попишувачите се тепаат меѓу себе исто така има корен во истите причини – кога сè е премногу добро организирано, луѓето едноставно не знаат што да прават од здодевност, па доаѓа до вакви песничарења. За волја на вистината, се чини дека нашите попишувачи навистина не знаат што прават.
Како и да е, едвај ги чекам резултатите. Многумина ќе бидат, пред сè, пријатно изненадени. На минатиот попис, на пример, двајца граѓани на Неготино се изјаснија како Антички Македонци. Во меѓувреме едниот почина, а другиот, колку што е познато, нема живи наследници, што би требало да биде сериозен доказ дека и овој народ е подложен на бавно, ама сигурно изумирање. Од друга страна, експертските анализи јасно покажуваат дека речиси со сигурност може да се очекува на овој попис оваа етничка група да зафати значаен процент од населението. Овој феномен, некаде познат под името "македонски парадокс", а некаде и како "македонска глупост", јасно докажува дека Античкте Македонци се вистински феникс. Ете, според некои новопечени историчари, тие беа потопени уште со Атлантида, но успеаја да допливаат дури до Пакистан. За волја на вистината, не користеа, како некои таму, трски и слични помагала за дишење под вода од едноставна причина – станува збор за супер-луѓе што истовремено можат да дишат и на шкрги и на бели дробови. Тоа, конечно, се докажува и во македонските транзициски децении. Еве, веќе 20 години како дишеме на шкрги. Па, потоа некој уште ќе спори дека не сме потомци на Античките Македонци.
Која е, значи, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Во времето на СДСМ економската состојба се споредуваше со онаа до 1989 година, односно со онаа во времето на социјализмот, па се правеа проценки кога Македонија би можела да го стаса стандардот што го имала во годината на паѓањето на Берлинскиот ѕид. Денес економската состојба се споредува со онаа од времето на Александар Велики, па се прават споредби за колку милениуми Македонија би можела да го достигне стандардот на фалангата на Александар.
Која е тоа опасна економија, покажа и посетата на премиерот Никола Груевски на Њујорк. Имено, по оној емотивен говор, а по се чини дека беше доволна и само неговата маркантна појава по Менхетен, Американците решија да протестираат поради лошата економска политика на американската влада и против големите корпорации кои, според мислењето на протестантите, ја уништуваат економијата. Но, неинформираноста доведува до круцијални грешки. Имено, демонстрантите го блокираа Бруклинскиот мост, дури подоцна сфаќајќи дека Груевски веќе се вратил дома и дека се откажал од идејата да позајми велосипед и со голема брзина да се провози по долен Менхетен. Во тој случај полицијата немаше друг избор, па мораше да уапси 700 демонстранти.
Враќањето во подоброто минато стана национален, па и медиумски спорт. Телевизија Сител, како што тоа обично се случува, прва информираше за бркањето на германскиот новинар од зградата на Европскиот парламент во Брисел. Добро, настанот се случи во 2008 година, што, се разбира, не ја намалува актуелноста на оваа телевизиска станица. Со ваква брзина на информирање не е проптимистички да се очекува дека по неколку години Латас славодобитно ќе се појави на малите екрани, објавувајќи дека е откриено тркалото.
Не знам зошто тогаш се крева толкава врева околу наводното загрозување на слободата на информирањето. Речиси сум убеден дека никаде во светот нема толкава слобода на медиумите. Најбуквално можат сè да прават. Да емитуваат лажни вести, да бркаат новинари од работа, да прогласуваат подобни и неподобни... Америка може вода да ни носи.
Сепак, се чувствува некаков застој во сеопштиот напредок кон посветлото минато. Некако, преентузијазираните лустратори како да ја загубија радоста од чистењето на кодошите од здравото македонско национално ткиво. Не знам што ја закочи фалангата на Аџиевски, ама се чини дека колата се скрши на оние четворица академици или на оние двајца амбасадори што толку време беа споменувани во јавноста. Со оглед на фактот дека Латас сè уште не објави дека тркалото е пронајдено, не гледам начин како Аџиевски ќе успее да ја поправи својата борна кола.
Како и да е, тоа не ја заматува општата среќа што владее во државата. Владата, работодавачите и Синдикатот докажаа дека се вистински партнери. Донесоа решение за загарантиран минимален личен доход без при тоа да имаат малку посериозни преговори, а за штрајкови и да не говориме. Оставија впечаток не дека се партнери, туку дека се, просто, браќа излезени од една мајка, пардон од една матрица.
Конечно, нема ни зошто да се расправаат за вакви тривијални работи, кога економскиот бум само што не започнал. Имено, веќе се слушаат гласини дека големите корпорации, исплашени од демонстрациите во Њујорк, на големо се подготвуваат да мигрираат во Македонија, ветената земја каде што работниците и работодавачите во љубов играат виенски валцери и аргентински танга. Додека Владата им свири.
Извор: globusmagazin.com.mk
Фотографија: Бенедета Боничи
Пријателе, слобода на говор
Испратено на 04 октомври 2011 од Erich von MansteinПријателе, слобода на говор има со оглед на тоа што јас те читам тебе ти ме читаш мене, полицијата и не е баш така брутална, затоа што кај нас не се упасил ниту еден на вакви слични протести како што беа во Њујорк.
Што се правиш будала, најверојатно сакаш да бидеш интересен во твоето експозе, па не ти е јасно што ќе се попишува?!
Пописот мислам на сите ни е јасно каков ќе биде, немора да ни ги отвараш очите само колку да искритикуваш, да плукнеш малце по власта.
А Груевски можеби требаше да и даде на опозицијата таква НЕЗАВИСНА обврска, па они сигурно ќе направеа и подобар резултат од очекуваниот.
Браќата во државава ќе се кренат одма со вили и мотики во рака, доколку процентот на нивното постоење е помал од договорениот, кој политикчки интереси на Груевски, каков Бранко, која објективност, се е тоа одамна раскрстено....убаво си викаше ЉуБчо, а ние му се смеевме, го правевме радикален будала, се тоа требаше да се исчисти, вака сега ќе си траеме и ќе си пишуваме приказни. Ќути, трај, покри се, те молам!
МИРОТ ИСКАЛЕН ОД СИЛАТА НА МЕЧОТ Е МНОГУ ПО ТРАЕН, НАСПРОТИ МИРОТ СОЗДАДЕН ОД РАСПЛАКАНИТЕ БАБИ НА ПАЦИФИЗМОТ!!
Дискусијата за споредба меѓу
Испратено на 05 октомври 2011 од KomentatorrrДискусијата за споредба меѓу СДСМ и ВМРО е излишна и непотребна. СДСМ и ВМРО не можат ни да се споредуваат. Не сум ни за едната ни за другата. Додека СДСМ чмаеше на власт и сега во опозиција е како заспана лепотица, ВМРО делува, прави нешто, што можеби на повеќето не им се допаѓа, ама има народна маса на луѓе на кои тоа им се допаѓа! Ете тоа е разликата. СДСМ би се подобрил кога би донел нови идеи кои би му се допаднале на народот, а не само препуцавања меѓу двете партии.
Suvoparen tekst, bez
Испратено на 05 октомври 2011 од GjorgjiSuvoparen tekst, bez inventivnost, nitu doza na interesnost,...so eden zbor - trivijalen. Se prepoznava stilot na ogorcenost sprema aktuelnata vlast, no bez izdrzani kritiki, pa zatoa istiot e za ocenka: CIST 1(kec).
p.s. da ne si bil novinar vo A1?, posto kritikivi ti se histericni, podednakvo isti kako na A1?
Дијагноза: хиперпродуктивност
Испратено на 06 октомври 2011 од ДокторДијагноза: хиперпродуктивност на плунковните жлезди што преминува во рафалност.
Терапија: нема помош.
Веднаш да се престане со
Испратено на 06 октомври 2011 од Prof.Dr. Analen S.Веднаш да се престане со плукање во вис, и истиот момент да се продолжи со плукање надоле, три пати на ден.
Можни се контраиндикации како потопување во сопствената плунка или пак ненадејно туширање доколку се плука нагоре.
Се препорачува внимателно дозирање и контрола кај уредниците на Окно еднаш неделно.
Не сфаќаат дека колку повеќе
Испратено на 06 октомври 2011 од АналитичарНе сфаќаат дека колку повеќе го плукаат Груевски, толку повеќе го бранат од уроци. :)