20 хаику песни

29.11.2011 12:11
20 хаику песни

 

И кај децата-брчка
Линијата на животот
на дланката.

Зрелото јаболко
однапред му прости
на црвот.

Семка што оди?! Не.
Мравката носи
подарок.

Брод во шише.
А колку ли шишиња
во бродот.

Се фотографираме.
Вечноста иронично
се кикоти.

Лето е.
Испрана пара
во ланските бермуди!

Волшебно ќилимче
пред твојата врата.
Го стапнам ли - летам.

Чекаме на граница.
Едно желче минува
без пасош.

Од лутина
што никој не ја гледа
падна ѕвезда

На балконот тагуваат
гулаби писмоноши
Кликам send

Ми се плеткаат меѓу нозе
како незаврзани врвки
облаците

Трето утро скарани.
Четкичките за заби
ни се бакнуваат.

Кршам јајце.
Мушичето на чинијата
мисли се разденува.

Фустанчето што мирисаше на нас
денес мириса
на прашак за перење.

Види, не се плаши од височина
птицана
со скршено крило

На постелата
ми лази бубачка
Ноќва не сум сама

Желка свртена на грб.
За прв пат ја гледа
Месечината

Мислејќи на тебе
сипам две шолји чај
А сама сум.

Распослани лисја.
Дрвјата се чудат
- зошто ги метат?

Гледај - се симнале облаците
меѓу децата!
Шеќерна волна во Луна Парк.

Илустрација: Мет Вишниевски

Одлични

Одлични

Одлично хаику! Нина е наша,

Одлично хаику! Нина е наша, ние сме Андови! :)

Зашто бе ја не гу разбирам

Зашто бе ја не гу разбирам овуј поезију?

Мучу се како грешан ѓавол, џабе

Трето утро

Трето утро скарани.
Четкичките за заби
ни се бакнуваат.

Што фино слатко кратко!

На постелата ми лази

На постелата
ми лази бубачка
Ноќва не сум сама

Прекрасно Нина!

ОкоБоли главаВицФото