1017 hPa
38 %
23 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 15:59
Покривот на градинката во нашето маало е поправен неколку дена пред изборите. Но, тоа не е направено од преголема грижа за децата. Вистинската причина е многу едноставна: оваа градинка е и гласачко место. Логиката по која се водат нашите власти е исто толку едноставна: ако вода тече низ покривот додека луѓето гласаат, тие ќе се изнервираат до тој степен што ќе заокружат погрешен кандидат. Тоа сугерира дека гласачите не ја забележале водата која капе врз главите на нивните деца со години, и дека никогаш нема да го поврзат прокиснатиот покрив и згоената физиономија на нашите политичари. Како луѓето да го користат мозокот и да носат одлуки само еднаш во четири години, кога излегуваат на гласачкото место да гласаат.
Овој пример е одлична илустрација на пристапот кој што го има руската Дума: дрскост, со апсолутна сигурност во својата недопирливост и презир спрема народот. Па, зарем не е природно сега да се запрашаме: какви луѓе ја толерираат ваквата власт? Според моето мислење, зборот „толерираат“ не е соодветен за оваа ситуација, бидејќи толерирање подразбира препознавање на понижувачките аспекти од ситуацијата. Ние, меѓутоа, во толкава мера се навикнавме на неа, што веќе и да не ја забележуваме, како да е бескрупулозната власт трајна карактеристика во Русија, слична на краткото лето или калливите патишта. Како што граѓаните на мегаломанските градови ретко ја забележуваат токсичноста на воздухот што го вдишуваат.
Политичката слобода никогаш не постоела во Русија. Поради тоа во нашата земја дури и луѓето што критички размислуваат не се навикнати за општеството да мислат како за целина, и многу од нив навистина не гледаат никаква поврзаност меѓу прокиснатиот покрив во градинката и изборите за Думата. Политиката е една работа, а животот сосема друга. Руското општество, особено кога е во прашање мојата генерација, е многу аполитично, што на власта ѝ дава повеќе или помалку, но неограничена слобода. Нас не нè интересира власта, а тоа ѝ одговара нејзе.
Секако дека постојат многу луѓе кои јасно ја гледаат поврзаноста. Меѓутоа, дури ни тие ништо не преземаат. За ова постојат неколку причини. Како прво, целокупнот политички систем во Русија, од селскиот совет до федералниот комитет, е заснован на лаги, на остварување на приватните а не општествените интереси, и на кражби. Дури и чесна личност што по игра на случајноста ќе се најде во политиката мора, барем до некоја мера, да ја игра оваа игра, за да не биде проголтана од нејзините колеги со помалку интегритет. Токму тоа е причината зошто чесните луѓе ја заобиколуваат политиката и се обидуваат да дадат придонес за граѓанското општество на други начини. Пример за ова е волонтерското движење кое стана масовен феномен последниве години.
Во Русија нема ниту политичка ниту лична слобода. Во текот на дваесеттиот век, тоталитарната држава сакаше да воспостави контрола врз сите сфери на живеење. Ова не е случај денес. Државата денес не се меша во личниот живот и семејството. Многу луѓе не ни бараат ништо повеќе од државата. Луѓето се оставени на мира, никој повеќе не ги стрела затоа што читаат забранета поезија, дозволено им е да се облекуваат како сакаат, да ја слушаат омилената музика, да патуваат по светот, па дури и да мислат што сакаат за државата – и тоа е сосема во ред. Тоа е некој вид премолчен компромис, билатерален пакт за ненапаѓање: оставете нè на мира, и ние ќе ве оставиме на мира. Правото да се живее приватен живот во замена за немешање во политика. Долго време се чинело дека ваквиот договор им одговара и на двете страни.
Секако дека државата не размислува кога е потребно да се пресмета со оние кои се дрзнале да го прекршат договорот, оние кои си го плеткаат носот кај што не му е место и го разнишуваат статусот квото. Нападите на активистите за човекови права, убиството на љубопитни новинари, брутално задушени демонстрации – сето тоа се симптоми на денешното време, исто како и друштвените мрежи и безбедносните проверки на јавни места. Со други зборови, не е само тешко да се борите за своите права во Русија, и опасно е. А не можете ниту некој да обвините зошто не си го става животот на коцка. На крајот на краиштата, не се сите херои и борци.
Покрај ова, во Русија не постои опозиција која поседува политичка тежина и авторитет. Не постои ниеден опозициски политичар за кого би гласала. Не постои ниту една партија за која би рекла дека сум член без притоа да почувствувам срам. За жал, најголем дел од припадниците на опозицијата се фанатици, лудаци или демагози со изгубено чувство за реалност.
Еве една типична приказна која се случи во град каде што јавноста протестираше против изградбата на подземен паркинг. Следуваше остар судир со демонстрантите, протесни писма, дури и штрајк со глад. По некое време, гувернерот соопшти дека е спремен да се сретне со граѓаните и да ги слушне нивните барања. Еден од демонстрантите, по професија локален историчар, станал и рекол дека „дури и во најстарите времиња тука никогаш не постоеле подземни штали“, односно дека не гледа потреба денес да се гради подземна гаража. Тогаш се обратил следниот демонстратор, библиотекар. Неговиот аргумент бил дека „подземните гаражи имаат лоша аура, негативна енергија“. Гувернерот, единствениот претставник на власта во регионот што ѝ припаѓал на демократската партија, љубезно и на двајцата демонстранти им дозволил да ги искажат своите мислења, по што ги запрашал преостанатите демонстранти дали има некој нешто да додаде. Никој не се одѕвал. Градбата на паркот секако се продолжила.
Постои уште една, морам да признаам, тажна причина за ова. Поголемиот број од руското население е задоволно од власта, бидејќи е составена од потполно ист материјал како и повеќето граѓани, ни подобри, ни полоши, и има уште (или со други зборови, разбирливи и однапред простени) пороци. Политичарите крадат, а истото го прави и обичниот народ – само на пониско ниво. Претседателот се однесува одвратно, но така прави и просечниот граѓанин, можеби не на телевизија, но секој во својата куќа. Па, што тогаш се промени во Русија, оваа година, на десетти декември? И дали нешто вистински се промени, или сето тоа беше само илузија? И од каде сега наеднаш се појавија стотици илјади ангажирани граѓани, кога не толку одамна одржаните демонстрации на опозицијата успеаа да привлечат само неколку стотина луѓе?
Таа сабота сите мои пријатели се најдоа на плоштадот Болотнаја. Дури и оние за кои никогаш не сум помислила дека може да имаат каков и да е интерес за политика. И оние за кои никогаш не сум помислила дека ќе учествуваат на демонстрации. Нешто наеднаш им се случи на сите ним, одеднаш стана неможно да се седи настрана. Но, запрашани што всушност се случи, единствениот одговор беше неодреденото „што е многу, многу е“ или „мораме да им покажеме“.
Ова во најголема мера беше спонтана акција. Моите пријатели од Германија ми пишаа за да ми честитаат на „раѓањето на граѓанското општество во Русија“. Но, ова не е сосема точно. Граѓанско општество не се создава за еден ден. Сè почна многу порано. Тогаш кога луѓето почнаа да ги забележуваат несреќните сограѓани околу себе и почнаа да им помагаат наместо да чекаат државата нешто да преземе.
Многу припадници на мојата генерација, вклучително и јас, учествувале на демонстрации во минатото. Пишувавме протесни писма. Меѓутоа, брзо сфативме дека тоа не предизвикува промени. Дека никому не помагаме така. Да се борите со државата е исто како да трчате по автомобилот кој само што прегазил пешак, наместо да му дадете прва помош на тој пешак. Ниту ќе го стигнете автомобилот, ниту ќе му помогнете на пешакот.
Минатото лето, кога шумите ширум Русија исчезнуваа во пламени, за прв пат сфативме дека нè има многу, нас, луѓето што чувствуваме лична одговорност. Луѓето, што покрај тоа се и способни нешто да преземат во кризна ситуација – брзо, прецизно и ефикасно, за разлика од оние кои се на власт. Додека активистите на Обединета Русија се упатија во областите погодени со пожари да делат качкети со партиски ознаки, а државните службеници ги блокираа патиштата не дозволувајќи да поминат воените топови, за да ги обојат граничниците пред Путиновата посета, обичните граѓани ги гаснеа шумските пожари, собираа и делеа помош на жртвите, заеднички собираа пари за да ја купат опремата што им недостасуваше на пожарникарите. Со други зборови, го правеа сето тоа што ѝ е работа на државата. Ова натера многу луѓе да се запрашаат – за што служи државата ако можеме да се снајдеме и без неа?
Во текот на ова страшно лето, кое со дебел дим ја прекри целата земја, многумина од нас брзо пораснаа и се излечија еднаш засекогаш од инфантилната и типично советска надеж дека ќе добиеме помош од државата. Одеднаш сфативме дека можеме самите на себе да си помогнеме, дека ова е наша земја, а работите се во наши раце. Секако дека ќе треба уште многу време пред да се почувствуваат првите вистински политички промени, но првото ѕвоно се огласи на десетти декември на проштадот Болотнаја.
Сакам да додадам нешто за крај. Една постара госпоѓа (син ѝ ми е врсник) рече нешто откако ги прочитала моите книги, нешто што прво ме погоди силно, но денес целосно го разбирам. Ми рече: „Срам ми е да го прочитам тоа што си го напишала. Срам ми поради светот кој ти го оставаме“.
Минатата година моите пријатели добија деца, а и јас имам мои. Верувам дека тоа е уште една причина плус за ненадејното будење на граѓанскиот активизам во Русија. Бидејќи од овој миг, грдата реалност околу нас не е свет во кој што сме фрлени како мачки на грб, туку е свет кој треба да им го оставиме на нашите деца. А, страшно многу сакаме тој да е поинаков.
Извор: Signandsight
Илустрации: Hans-Georg Rauch
Ова е чиста
Испратено на 17 јануари 2012 од РусофилОва е чиста Македонија:
Покривот на градинката во нашето маало е поправен неколку дена пред изборите. Но, тоа не е направено од преголема грижа за децата. Вистинската причина е многу едноставна: оваа градинка е и гласачко место. Логиката по која се водат нашите власти е исто толку едноставна: ако вода тече низ покривот додека луѓето гласаат, тие ќе се изнервираат до тој степен што ќе заокружат погрешен кандидат. Тоа сугерира дека гласачите не ја забележале водата која капе врз главите на нивните деца со години, и дека никогаш нема да го поврзат прокиснатиот покрив и згоената физиономија на нашите политичари. Како луѓето да го користат мозокот и да носат одлуки само еднаш во четири години, кога излегуваат на гласачкото место да гласаат.
А богами и ова: Еве една
Испратено на 17 јануари 2012 од РусофилА богами и ова:
Еве една типична приказна која се случи во град каде што јавноста протестираше против изградбата на подземен паркинг. Следуваше остар судир со демонстрантите, протесни писма, дури и штрајк со глад. По некое време, гувернерот соопшти дека е спремен да се сретне со граѓаните и да ги слушне нивните барања. Еден од демонстрантите, по професија локален историчар, станал и рекол дека „дури и во најстарите времиња тука никогаш не постоеле подземни штали“, односно дека не гледа потреба денес да се гради подземна гаража. Тогаш се обратил следниот демонстратор, библиотекар. Неговиот аргумент бил дека „подземните гаражи имаат лоша аура, негативна енергија“. Гувернерот, единствениот претставник на власта во регионот што ѝ припаѓал на демократската партија, љубезно и на двајцата демонстранти им дозволил да ги искажат своите мислења, по што ги запрашал преостанатите демонстранти дали има некој нешто да додаде. Никој не се одѕвал. Градбата на паркот секако се продолжила.
Да се надеваме дека еден убав
Испратено на 17 јануари 2012 од РусофилДа се надеваме дека еден убав ден и Македонија ќе се разбуди: