Строго доверливо: не сме идиоти, само се правиме!

01.06.2012 13:52
Строго доверливо: не сме идиоти, само се правиме!

Разни политички/идеолошки конвертити, залутани амбасадори и сегашни премиери последниве денови ни велат дека државни тајни (од национален интерес) не смееле јавно да се соопштуваат. Ни велат дека на тој начин сме ги поткопувале стратешките позиции на државата, сме ја уништувале нејзината меѓународна репутација и кредибилитет, сме ја поткопувале преговарачката позиција во спорот за името со „нашиот јужен сосед“, бла, бла, бла... Згора на тоа, „просветлениот“ предводник на опозицијата, кој ја обелодени тајната, беше веднаш прогласен како единствен виновник за „бласфемијата“, заборавајќи во целата таа избрзана реакција, се разбира, на една проста вистина.

Нема тајни во Македонија, ниту, пак, тајни за неа; прочитана е нејзината приказна досега многу пати во историјата. Не постои нешто ново или непознато (строго доверливо) што би можело да се каже за неа, а што претходно не се има случено во историјата на човештвото: евтините обиди за шлепање на картите на популизмот, национализмот, фашизмот досега биле многупати препознавани и успешно раскринкувани/демистифицирани.

Се разбира, психоанализата не може да се изведува авторефлексивно и токму во тој факт треба да се бара главната причина зошто тие кои мислат дека државни тајни не треба јавно да се соопштуваат никогаш нема да бидат подготвени да признаат дека тајни, всушност, не постојат (особено во/за Македонија). Некој таквите изгубени душички треба да ги легне на психијатриско креветче и, на тој начин, да се обиде да им ја истера низ нос вистината дека државната тајна претставува заблуда (поточно, привилегија која не сме ја заслужиле) која ние, во преценетиот, преродбеничко-антикомански занес, се обидуваме да си умислиме дека за нас постои. Меѓутоа, за жал, приказната за 40 милениуми македоноидно-амебоидна историја создава едно суперего, своевидно автореферентно колективно несвесно, кое си умислува дека постои едно нешто што се нарекува „Ексклузивна тајна за сеисториски опстанок“, која е заслужна за нашата величина и која во никој случај не смее (дури ни најмал дел од неа) да биде обелоденета. Оној кој ја забележува ноторната глупост во таквото поимање на стварноста, не може а да не примети дека таквата свест е истовремено и свест која приличи на прегладнет зомби, кој не може да погледне отаде нагонот да го наполни стомакот кој не му функционира или (уште полошо) го нема. Ексклузивна тајна која води кон сопствената ништожност – тоа ние, всушност, се обидуваме да скриеме, по секоја цена: како да опстанеме како зомби нација!?!

Проблемот во таквата дефетистичка зачмаеност е повеќе од очигледен, барем за оние кои не веруваат во постоењето на тајни во/за Македонија. – Летањето во облаци завршува многу болно, најчесто брзо и гласно. Причината за тоа лежи во тоа што осознавањето на бруталната вистина е неизбежно проследено со едно големо Разочарување. Разочарувањето кое чекаме да нè втаса е многу просто и една аналогија од соседството ни нуди одличен пример: „Србија до Токија и назад“ не може да постои и тука нема никакви тајни. Со други зборови, вистината која (не)свесно ја избегнуваме гласи: Ако некој личи на идиот, се однесува како таков и зборува како идиот, тогаш тука нема никакви тајни или задкулисни игри кои треба на некаков магичен, „херменевтички“ начин да протолкуваат некаков скриен модус на когнитивно-менталниот капацитет на таквата личност. Не, таквиот поединец едноставно мора да е идиот!

Вистинска тајна во Македонија би претставувало евентуалното постоење на некаков дефицитарен, неконтаминиран простор (присутен, на пример, како идеализација во целокупната киберпанк митологијата), во кој би можеле за миг да се одмориме од зомбификацијата на современата македонска стварност.

PS
Обвиткани со квазитајни го забораваме најбитното (парадоксално, тоа е истото она кое преродбениците максимално го акцентираат), кое, за промена, овојпат не е скриено со тајни, туку кое ни се случува пред очи: го обезличуваме сопствениот идентитет под закана на туѓото натрапништво во истиот. Аирлија работа!

Слики: Teun Hocks

Браос, и ти го одбрани шефот.

Браос, и ти го одбрани шефот.

А бе ти иди брани го нашиот,

А бе ти иди брани го нашиот, остај го нивнион, гледаш го плукаат сегде дека се плашел од дуел, иди коментирај таму дека нема што да искача на дуели со наркоманон или со братучетката на Никола од Распеани. И биди поактивен малце, многу ти се кратки коментариве, ќе те пријавам кај Илија и кај Медо дека не ги заслужуваш дневниците.

Вангел, ова што ти се чини

Вангел, ова што ти се чини дека децата си играат со тајни ,и дека Македонија нема тајни е само производ на фактот што некои политички играчи, како другар ти Бранко, пораснаа, созреаа и се пензионираа од наши пари, а сега се на пат да добијат статус на кралеви. И како што можеш да видиш , така и се однесуваат. Кралски. Самите донесуваат одлука кога документ класифициран како државна тајна ке го извадат во јавност, и се разбира око не им трепнува. Уште повеке, тајни неможе да има кога се на се 10 илјади луге се вртат на сите позиции во Скопје, од кои пола се родбински поврзани , а другата половина си ги покажува партиските книшки. Поради сето тоа македонската политичка сцена одамна е спремна за ремонт од поголеми размери. Во овој случај, Бранко покажа сериозно непочитување и ароганција кон законите на оваа држава, кое треба да се казни, иако лично сметам, познавајки го Бранко, дека ова му е финта да кога веќе мора да падне , барем да не оди џабе, па дај да го повлече со себе и Груевски. Она каде Бранко разочара е дека ова се го претвори во лична борба за ретуширање на својата улога во Македонската понова историја.
Затоа не се обидувај да ја релативизираш тајноста на документите и прекршокот направен со неговото јавно покажување. Иако се се знае, закон си е закон.

Знаеш за постоењето на Ќ и Ѓ

Знаеш за постоењето на Ќ и Ѓ во македонскиот јазик? Исто како и „сѐ“? А?

Џилви

Џилви

Иако искуството вели друго, и

Иако искуството вели друго, и натаму упорно верувам дека треба да им дадеме шанса на институциите независно, без влијаниија и мешање однадвор, да испитаат дали и евентуално кој ги прекршил правилата на чување државна тајна. Она што ме збунува е: а за која државна тајна станува збор? Па предлогот на Нимиц го имаа нашиот јужен сосед, еден куп влијателни држави и меѓународни владини и невладини организации и институции, а згора на сето до збор беше преведен и публикуван во нашите медиуми. Дали фактот што некој службеник/дипломат во МНР во 2005 година по инерција, следејќи ги штурите процедури, на некој документ му ставил печат со ознака државна тајна или строго доверливо е порелевантен од (пр)оцената на тогашното државно раководство дека јавноста треба да се запознае со него?! Како човек кој дваесет и кусур години го јадел лебот на државен службеник, високо ги почитувам формата и процедурите, но длабоко сум убеден дека секогаш треба да и' се даде предност на суштината.
Огнен Малески, бивш амбасадор, во денешен Утрински

И Огнен огнено (колку што

И Огнен огнено (колку што може) го одбрани шефот.

И Пресклипер помогна да се рашири неговото слово словенско.

„Да се судије не држе закона

„Да се судије не држе закона ко пијан плота.“