Владата предлага закон со кој сите граѓани летово ќе мораат да носат летна облека

06.06.2012 19:34
Владата предлага закон со кој сите граѓани летово ќе мораат да носат летна облека

За првпат во историјата на Македонија, македонската влада се обидува преку рекламни кампањи да ги убеди граѓаните да ги заменат оделата, вратоврските и панталоните со кратки шорцеви и здолништа.

Исто така, од владејачката партија до собранието веќе е поднесен предлог-закон со кој, доколку биде усвоен, сите граѓани на Република Македонија во летниот период ќе мораат да носат лесна летна облека.

Како што е познато, летата во земјава знаат да бидат екстремно топли, па како што соопштуваат од владата, „во интерес на граѓаните е тие да носат лесна облека која ќе биде пропишана според новите правила кои, пак, ќе бидат усвоени од пратениците во собранието“.

Исто така, со законот ќе се задолжат државните институции да не ја зголемуваат температурата во своите простории повеќе од 35 степени целзиусови, додека во продавниците, рестораните и јавниот превоз таа смее да достигне најмногу до 40 степени.

Од владата велат дека во летниот период, поради употребата на клима-уредите, потрошувачката на струја го достигнува својот максимум, што предизвикува испади во мрежата, а понекогаш и неколкудневни дефекти, па со најновите мерки се очекува заштеда на електричната енергија од околу 12,36%.

Ако биде усвоен, законот ќе важи за сите граѓани на Република Македонија, вклучувајќи ги и владините претставници.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото