Славни ракувања за мир

27.06.2012 10:10
Славни ракувања за мир

Пренесуваме неколку славни фотографии на ракувања помеѓу светски лидери кои означиле нова ера во односите помеѓу земјите ширум светот и кои донеле мир и договор помеѓу завојуваните страни.

Никсон – Мао

Американскиот претседател Ричард Никсон, жесток анти-комунист низ целата негова политичка кариера, се ракува со кинескиот комунистички лидер Мао Це Тунг во февруари 1972 за време на Никсоновата историска посета на Кина. (AP Photo)

Бегин – Садат

Израелскиот премиер Менахем Бегин му посакува добредојде на Египетскиот претседател Анвар Садат со ракување, 19 ноември 1977, гест кој помогна во потпишување на мировниот договор 16 месеци подоцна.  (AP Photo)


Реган-Горбачов


Ракување меѓу американскиот претседател Роналд Реган и советскиот премиер Михаил Горбачов на 19 ноември 1985 година, на самитот во Женева, кое означува започнување на нова ера на односи помеѓу двете земји. (AP Photo/Scott Stewart)


Мандела – Де Клерк


Претседателот Фредерик Де Клерк и Нелсон Мандела се ракуваат во Кејптаун, Јужна Африка на 4 мај 1990 по најавувањето на спогодбата за чекорите кои ќе водат кон завршување на власта на белото малцинство.

Фотографијата е направена на 21 декември 1991 во Јоханесбург, Јужна Африка. (AP Photo/ John Parkin, File)

Рабин – Арафат

Израелскиот премиер Јицак Рабин и палестинскиот лидер Јасер Арафат се ракуваат пред јавноста за првпат во Белата куќа на 13 септември 1993. Претседателот Клинтон гледа во нив. Договорот повикува да се направи финална спогодба до февруари 1999. (AP Photo/Ron Edmonds, File)

извор: huffingtonpost

ОкоБоли главаВицФото