И шо?!

26.09.2009 13:10
26-09-2009--Vuna.jpg

Не беше многу одамна кога предупредив дека културните политики на Владата (пред се' оние популистичките, градењето споменици и сл.), можат да влијаат негативно по мултикултурализмот и таканаречениот “соживот” во земјава поради тоа што во нивниот фокус се наоѓа исклучиво Идентитетот (заслужува и голема буква) на етничките Македонци. Во еден друг текст, исто така го критикував Блаже Ристовски, старата школа на македонскиот национализам, дека не го бива и дека меѓу другото неговиот пристап е македоноцентричен. Деновиве, преку демистификацијата на МАНУ-педијата полека излегува на виделина дека тие две навидум спротиставени концепти (семакедонскиот/античкиот или оној кој го нарекувам неомакедонистички на една, и старошколскиот ортодоксен македонизам на друга страна), всушност меѓу себе можат многу добро да кохабитираат и дури и да делуваат заедно.

 
Јавноста која говори македонски јазик долго се занимаваше со антиквизација, корења, Паљурци, Паскокузманизам и Блажевизам и слични многу важни политички предизвици на 21 век, и сега има проблем да сфати од каде таа реакција од страна на Албанците по Енциклопедијата. Рушити и Ахмети се побратимија, партиите се обединија против МАНУ, а последен настан кој е навистина шокантен но и веројатно добар показател накај оди работата е повикот на поранешниот албански премиер Мајко, Албанците во Македонија да го запалат македонското знаме (дали некој сфаќа колку сериозно е ова?!).
 
Проблемот во врска со македонските Албанци и Енциклопедијата не е само ставката “познати и како Арнабаси, Арнаути и Шиптари” (а во исто време има Роми “познати како Ѓупци, Еѓупци или Цигани” и Власи “познати како Цинцари”). Проблемот е целиот приод кон албанското прашање. Првенствено, авторите на тие одредници не се експерти за албанската историја (а не се ни Албанци, иако за да биде човек упатен во некоја област не е нужно да има некакво специфично потекло). Меѓутоа, она што е вистинскиот проблем е дебатата која се отвара: прашањето на автохтоноста. Одредницата за Албанците јасно има за цел да прикаже како тие всушност биле доселувани во Македонија и како тие се не-автохтон народ во оваа земја (Блаже Ристовски тоа си го кажа и на вести). Во исто време, одредницата за Македонците (неколкукратно поопширна од таа за Албанците) нашироко се занимава со македонската традиција, јазик, култура и слично (има и слики од народни шари и носии) и е главно пишувана антрополошки.
 
Во случајов не се спорни посочените аргументи за доселувањето на муслиманско население пред векови, внатрешната миграција во Југославија и слично, фактори кои на некој начин придонеле за денешната демографска слика на Македонија (со значително учество на етничките Албанци). Проблемот е тоа што на отоманските тефтери и југословенските миграциски процеси им се придава политичко значење, особено во контекст на автохтоноста.
 
Автохтоноста (од старогрчки “авто” - себе и “хтон” - почва) како легитимен концепт во науката и во политиката важи исклучиво на територијата на (нај)Југоисточна Европа (Грција, Бугарија, Србија, Косово, Албанија, Босна, Црна Гора и можеби во нашето непосредно опкружување ). Во остатокот од светот тој термин е прилично непознат, па дури ретко се наоѓа и по етимолошките речници. (Единствен сличен концепт на него е концептот за автономија на indigenous - домородните заедници во Америките, Африка и Австралија, концепт кој во определена мера е всушност афирмативна акција и перење на совеста за сета штета што колонијализмот и неоколонијализмот им ја нанеле на домородните племиња; но тоа нема врска со Балканските состојби.)
 
Концептот на автохтоноста всушност се залага за дистрибуција на политичките права на племињата, етничките заедници, народите, нациите согласно тоа кој колку долго живеел на дадена територија. Оние кои се прводојденци или староседелци се автохтони, и тие имаат право да ја обликуваат културата и да носат политички одлуки. Практично, автохтоноста значи и авторитет. Оние кои дошле подоцна се маргинализирани или репресирани. Понекогаш дури и се тврди дека припадниците на групата Б се всушност асимилирани припадници на автохтоната група А.
 
И тоа е клучот за се' она што се случува на пост-отоманскиот Балкан, и тоа е она што се случува во пост-југословенскиот и пост-пост-југословенскиот контест. Автохтоноста како аргумент се земала во сите војни, конфликти, во сите апартхејдовски системи; всушност важноста на принципот на автохтоноста е она што и современа Југоисточна Европа ја задржува на нивото на “Балкан”. Опседнатоста со автохтоноста во голема мера е и причина (и последица) на политизирањето на историјата, археологијата и националните митови.
 
И така, во потрага по автохтоност имаме различни процеси кои се одвиваат во земјата. Грчките националистички историчари ријат по минатото да докажат дека тоа Александар бил “етнички Грк”, за да го легитимираат античкото македонско наследство вклучително и името “Македонија” како ексклузивно грчко. Паско Кузман, рие низ земјата барајќи македонска праисториска цивилизација (ако докаже дека Македонците се тука од праисторијата или бар од раната антика, по неговата логика се' ќе се среди). Блаже Ристовски, кому во прв ред му пречат Албанците, си зборува за словенски племиња кои се самонарекувале Македонци пред Албанците да бидат доселени. Албанските националисти на тоа одговараат со митот дека тие се потомци на Илирите и дека се тука уште пред Словените. Тука некаде во приказната е и Божидар Димитров, кој ќе каже дека Македонците се одродени Бугари, а како одговор на тоа Александар Донски ќе открие дека Бугарите се Татари и одродени Македонци. Но во моментов треба да бидеме среќни што Јован Деретиќ сеуште нема некој легитимитет во Србија – тој тврди дека протосрбите го населувале целиот Балкан и Мала Азија и дека Александар Трети Велики Карановиќ е зачетник на српската царска лоза...
 
Овие тези ќе беа навистина смешни, ако не беа прифатени како официјални аргументи во проектирањето на политиката на респективните влади и политички претставници.
 
Меѓутоа, прашањето што треба да им се постави на секој од овие фанатици кои се занимаваат со тоа кој, кога и како се населил е многу едноставно: “и шо сеа?”. Ете, да претпоставиме дека предците на Албанците биле доселени во текот на отоманското владеење од 16 век па наваму (период кога уште нема ни трага ни глас од македонска “национална свест”, ама ај). Ете, доселени биле. И шо сеа? Па денешните Албанци се родени во оваа земја, и тука живеат, што ја прави Македонија помалку нивна земја? Од друга страна, да им признаеме и на Албанците кои го тврдат тоа, ете дека се Илири: и шо? Да не треба да им се даде повластен статус заради тоа? На крајот, ајде да му признаеме на Паско дека имало Антички Македонци уште во неолитот: и шо сеа?
 
Но изгледа дека тоа така не оди. За македонските националисти, хипотезата дека Македонците имаат подлабоки корења во оваа земја значи и дека Македонија е нивна држава-нација. Тие чувствуваат дека преку политиките на еднаквост и рамноправност на Албанците им се попушта, им се дава и им се дозволува премногу, и дека тоа се прави под притисок од надвор. Албанските националисти, делумно поаѓајќи од идејата за сопствената автохтоност, но и делумно доживувајќи се исфрустирирано поради претходно споменатити позиции на некои од Македонците, на тоа одговараат со уште порадикални ставови и со наратив на виктимизација; со идеја дека тие се жртви и треба да направат нешто за својот статус во општеството. И така, од ништо дојдовме до палење знамиња. А 2001 беше пред само осум години...
Слики: Siegfried Zademack

 

 

nice

Nice, very nice.
Можеби правиот одговор за сите националистички „мерења кому му е подолг“ - И шо сеа? =))

И јас тоа се запрашав, и

И јас тоа се запрашав, и шо? Ама многу што во земја во која правата се стекнуваат на основа колку „ти е голем“...пОседот, името, бицепсот пиштолот, носот... и најповеќе, гревот.

Тоа е реалноста и вистината.

Тоа е реалноста и вистината. Албанците се доселени во Македонија, се уште се доселуваат, а со таа вистина нема да им се скрати ниту едно право што го имаат (ни универзитетот, ни знамето да го истакнуваат) туку само ќе се скратат нивните големоалбански националистички и шовинистички идеи. Само со вистината се бори против национал-шовинизмот. Затоа на Албанците тоа многу им смета. Претставувајќи се за автохтони во Македонија, тие се обидуваат да си обезбедат „историско право“ на областите во кои се мнозинство и во кои сега се шират. Зошто никој во нашето општество, ниту еден борец против национализмот и шовинизмот, не ја прокоментира националната Платформа за обединување на сите Албанци донесена во Елбасан 1997 година, која предвидува границата на етничка Албанија да биде 7 километри западно од Штип (според „територијата“ на античка Дарданија). Никој ни збор не зуцна против таа агенда, на која деноноќно работат сите албански политички субјекти, затскриени под плаштот на  „меѓуетничкиот соживот“. Еве доколку се автохтони во Македонија, нека наведат Албанците, албански топоними или уште подобро нека објаснат што на албански јазик значат имињата да речеме на села, како Селокуќи, Спас (Дебарско), Колари, Колибари (Кичевско), Сенокос, Добри Дол (Гостиварско), Бродец, Мала Речица (Тетовско), Лопате, Липково (Кумановско), Студеничани, Црвена Вода, Рамни Габер (Скопско) ... што значат овие топоними на албански јазик? Нека покажат материјален доказ од некоја џамија  од 14 век каде има натпис на албански јазик или некоја плоча со натпис на албански јазик од средниот век? Нема потреба да се мачат, се јасно си кажува самото за себе. Автохтоноста Македонците никогаш нема да ја искористат против Албанците, тоа им е јасно на сите. Македонскиот народ никого, никогаш во историјата не избркал, протерал, масакрирал или етнички исчистил. Напротив, овие факти што укажуваат дека Албанците не се автохтони ги разголуваат нивните идеи за „историски права“ и етнички чистења, масакри и шовинизам. Треба да живееме заедно во мир и братска слога, а не со насилство и  шовинизам, а сите добро знаете кој го тоа прави (во стилот на Ѕинго:). Голем поздрав до сите. 

Види го Марио, реферат ќе

Види го Марио, реферат ќе напише, после кој човек се прашува: кој текст го читаше ти Марио оти овој погорниот сигурно не. Или ако си го читал,, ништо не си разбрал.

Ако е ова почеток, во вторник

Ако е ова почеток, во вторник во "Глобус"
парче ќе биде сторен фотељичарот Б.Р.
Растур, лом, крш! Само јако!

Го прочитав погорниот текст,

Го прочитав погорниот текст, анонимен пријателу не се секирај. Еве убава прилика да го наведам скопското село во кое живеат „аввтохтони илири“ - Албанци, за кое би сакал да ми го објаснат потеклото на неговото име - село Света Петка. :) Туку заеби национализам, ти Анонимен кажи ми женско си или машко? Дај да ги победиме национализмот и шовинизмот преку дружба и пријателство. Еве да почнеме со стекнување на пријателство меѓу мене и тебе, доколку сакаш се разбира.

Зошто Вуна не ги набавиш

Зошто Вуна не ги набавиш Албанската, Бугарската, Грчката и Српската енциклопедија, па нивната етноцентричност да ја извагаш малку со нашата, шо што нормално (не се сомневам во твојата способност за проценување размер и сооднос), би дошол, ти мил Вуна, до една така релативно пореалистична слика за местото на „неомакедонизмот“ и „македоноцентричноста“ на ова поднебје (а и пошироко).
Реалноста боли, ама па не боли до толку, маж си. Зошто да се држи едното око затворено? Од кај аверзијата кон неомакедонизмот а фасцинацијата со американизмот и европеизмот? По што е грчкиот национализам така подобар од нашиот? Не сум националист ниту застапувам такви грозни политики (без разлика што соседите со тоа немаат проблем), ама не ја гледам нашава армија да скандира националистички пароли. Ниту да задржува грчки граѓани по 6 саати на граница. Ниту да има дискриминаторски закони врз основ на национална припадност. Во иста земја живееме ја и ти? Може си месечар па, шознам... Или па конечно си квакнал некаде вон ФИРОМ, your dream come true?
Нејсе, да се вратам на темата: Енциклопедијата имала став и своја научна верзија на работите. И ШО СЕА?! Кој научен труд е потполно објективен? Постои објективност? Не постои, консултирај го и Алберт Ајнштајн ако сакаш. Постојат само приближени субјективности. Ниедна од таквите не е апсолутната вистина, оти во суштина и тоа е компромис меѓу најмалку двајца. Од ова произлегува дека апсолутната субјективност е апсолутната вистина. И што сеа?! Мојата против твојата. Блаже против твојата. Барем рамноправни сте, жалам.
Меѓутоа, Енциклопедија како Енциклопедија, си има должност да архивира настани и знаења. Она ја проценува онаа верзија како вистинита поткрепена од најголем број уверливо приближени субјективни искуства/вистини. Голем број од нив поткрепени со фотографии, сведоштва, записи, од поголем број луѓе. Па според тоа, еве неколку прашања
Ај неколку прашања до авторот:
Енциклопедијата рекла дека странски експерти ја обучувале ОНА: True or False?
Според Енциклопедијата, Албанците не се автохтоно население во Вардарска Македонија, туку се доселени подоцна: True or False?
Мислењата искажани во Енциклопедијата на ниту еден начин не им ускратуваат ниту едно право на Албанците во Македонија: True or False?
Едноставен прашалник. Реши го. И биди свесен дека проблемите со животот започнуваат кога за сметка на лицемерието, се жртвува вистината. Својата, ама и онаа поткрепената со материјални докази, сведоштва, и најголем изглед дека е настан кој навистина се случил.
П.С. По чудната Вунаста логика на расудување, изгледа поголем национализам е издавање Енциклопедија (која е секогаш предмет на редактирање), отколку повици за палење знамиња и насилство. Get a grip man...

Сега шиптарите.... кххм

Сега шиптарите.... кххм извинете Албанците со протести (на кои најверојатно ќе го запалат македонското знаме) ќе ни докажат нас и на светот дека се они во право.

Со протестите шиптарите,

Со протестите шиптарите, кхххм Албанците само ќе ги потврдат  фактите изнесени во Енциклопедијата дека се Планинци кои насилно се доселиле во Македонија, а насилството и силеџиството им се главна одлика до ден денес. Згора на се за сето ова време не излегоа ниту понудија ниту еден факт, доказ или аргумент со кои би ги побиле фактите изнесени од МАНУ, па сега насилно ќе протестирале. Се надевам дека полицијата која ја плаќаме ние граѓаните во четврток ќе ни овозможи нормален живот преку оневозможување на блокирањето на сообраќајот од најавената дива орда што ќе проестира, а секако ќе ги спречи тие малоумни и нецивилизирани дивјаци да го запалат знамето на државата која им ги овозможува највисоките права што воопшто може да се замислат (универзитет на мајчин јазик, локална самоуправа, знамиња...) 

Ало, има некаков уредник,

Ало, има некаков уредник, редактор, најприземен скопски сленг мешано со академистички реферат и тоа Фрчко лајт стил. Се ова што го кажа, горе-долу веќе го има кажано Фрчко. Јас не знам, каков револуционер го претставуваат овој Вуна, кога е најпослушен фразер на Фрчко and Co.

ОкоБоли главаВицФото