Улични холандски модни фотографии од 1906 година

09.01.2013 09:21
Улични холандски модни фотографии од 1906

Серијата фотографии на англискиот фотограф Едвард Линли Самбурн ни го доловува изгледот на Холанѓанките од повеќе градови во април 1906 година. Во градовите во кои патувал, најчесто со неговата сопруга и понекогаш со ќерката, тој секогаш фотографирал жени на улиците.

Самбурн често знаел да отпатува на неколку дена во друга земја само за да направи фотографии и потоа се враќал во родниот Лондон. Често патувал во Шкотска со воз, а освен фотографиите на жени во Холандија, познати се и неговите фотографии од Лондон и Париз.

Извор: rbkclocalstudies.wordpress.com

ОкоБоли главаВицФото