Уште колку злато има на светот?

03.04.2013 12:35
Уште колку злато има на светот?

Процените за моменталната количина злато во светот се движат меѓу 150000 тони па до неколку милиони тони, зависно од тоа што се зема предвид.

Според годинешниот извештај на Thomson Reuters GFMS, на светот има 171300 тони злато и од него би можела да се направи коцка чијшто раб би бил долг 20,7 метри.

Но, Џејмс Турк, оснивач на интернет страницата Gold Money, смета дека тоа е претерана процена и дека злато има „само“ 155244 тони. До оваа количина дошол главно претпоставувајќи дека до откривањето на Америка во 1492 година, на светот биле пронајдени само 297 тони злато, оддека GFMS проценува дека се работи за 12780 тони.

Во однос на процената на Thompson Reuters GFMS неговата бројка е пониска за 16056 тони или 10% помалку, што не е многу, но според денешните цени на златото, таа изнесува повеќе од 950 милиони долари.

Други пак мислат дека бројките би требало да го земат во обѕир фактот дека земјите како Кина чуваат во тајност колку злато откопуваат, а оние како Колумбија имаат многу илегални рудари.

Gold Standard Institute смета дека двете процени се претерано ниски. Според пресметките на нивните ескперти за вкупната количина злато во светот, се разбира, над земјата, во банките и накитот, има друи и повеќе од 2,5 милиони тони. Сепак, истакнуваат дека доказите им се оскудни, а бројката несигурна.

Всушност, сите овие бројки се само процени.

Добро е тоа што нема наскоро да останеме без нови количини злато бидејќи Американскиот геолошки институт проценува дека има уште 52000 тони злато што може да се ископа, и дека веројатно има уште многу неоткриени резерви.

Лошо е тоа што употребата на златото може да се промени, па овој метал ќе почне многу да се троши.

До сега ништо од него не исчезнало, сета ископана количина секогаш била рециклирана, па златото во вашиот часовник можеби потекнува од старите Римјани.

Но, начиниот на којшто златото се користи во индустријата е поинаков. Според Британскиот геолошки институт, околу 12% од денешното производство на злато во светот доаѓа од индустриите каде што често се користи во толку мали количини во секој поединечен производ, што веќе не е исплатливо да се рециклира.

Извор: BBC 

ОкоБоли главаВицФото