Зелено, те сакам, зелено!

29.04.2013 09:50
Зелено, те сакам, зелено!

За промена на климатските услови и глобално намалување на емисијата на CO2 нема да биде доволно „од сега“ да градиме пасивно, еколошки одржливо, прифатливо или дури енергетски поефикасно. За глобална промена ќе биде потребна глобална акција. Една од „жешките“ идеи на таа тема е методот на декарбонизирање на атмосферата. Институтот на градежни инженери на Велика Британија, од стотината идеи кои ги разгледува, неодамна предложи три, водејќи сметка за тоа дека методите треба да бидат практично изводливи и да ги користат постоечките технологии, исклучиво со ниска емисија на CO2.

Интегриран систем на фасади со фото био реактори од алги? Да, да, потенцијално би можел да има голема улога во впивањето на CO2. Фото био реакторите би се поставиле во проѕирни контејнери кои содржат алги, а алгите преку природниот процес на фото синтеза би го впивале јаглеродниот диоксид и би произведувале кислород. За сево ова да не звучи како чист SF или како студентските трудови на тема спасување на Каштеланскиот залив, Splitwerk Architects го проектираа BIQ „bio intelligence quotient“ во Хамбург, за IBA Hamburg (меѓународен саем за градежништво), а неодамна оваа нулта енергетска станбена зграда е довршена.

На југоисточната и југозападната страна на зградата се поставени панели исполнети со микро алги како био реактори. Алгите се собрани локално од блиските притоки на реката Лаба, создавајќи на тој начин архитектура во движење, преку промена на бојата на алгите и положбата на панелите кои во летно време претставуваат заштита од сонцето.

Создадената топлина понатаму се користи за греење и за подготовка на топла вода. Колку повеќе алгите се изложени на сонце, толку побрзо ќе растат за производство на био масата, која понатаму се користи за производство на био гориво и се претвора во топлинска или електрична енергија.

Микро алгите се големи колку која било бактерија, но можат да произведат до пет пати повеќе био маса од другите билки.

И сега, замислете милиони и милиони нови и постоечки фасадни платна во светот како потенцијални површини за примена на вакви решенија. Тоа би бил вистински геоинженерски потфат, бидејќи токму најизградениот дел од светот, кој е меѓу главните виновници за денешната состојба на планетата, би можел да одигра одлучувачка улога за подобро утре.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија / Око
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија

ОкоБоли главаВицФото