Зелено градско собрание: извонреден проект на виетнамски архитекти

13.05.2016 11:27
Зелено градско собрание: извонреден проект на виетнамски архитекти

Виетнамскиот град Бак Нина би можел да добие прекрасно „зелено“ градско собрание, осмислено од архитектонското студио во Vo Trong Nghia Architects. Неверојатните кули кои изгледаат како да се потпираат една на друга на терасите треба да имаат многу зеленило.

Виетнамските архитекти познати по дизајнирањето на градбите со природни елементи го нарекле овој проект Зелено градско собрание, а својот амбициозен план им го претставиле на локалните власти, објаснувајќи дека нивната цел е да ја унапредат енергетската ефикасност во овој град.

„Кулите се изградени како вертикален парк за да придонесет за позелено опкружување“, велат архитектите кои се надеваат дека Зелената собрание ќе стане симбол на градот, обединувајќи ги зеленилото и културата.

Во една од кулите би требало да бидат сместени канцелариите на локалните власти, а во другата треба да има отворен центар за граѓаните. Целокупниот простор опфаќа 36.000 квадратни метри, а потпирањето на кулите ја симболизира меѓусебната почит на властите и граѓаните.

Архитектите од студиото Vo Trong Nghia веруваат дека бамбусот ќе ги замени традиционалните градежни материјали и го нарекуваат „челик на 21-от век“.

Извор: Dezeen

Слични содржини

Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија / Око
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија

ОкоБоли главаВицФото