Марами во турскиот парламент по 14 години

02.11.2013 11:55
Марами во турскиот парламент по 14 години

Четири пратeнички, припаднички на владејачката исламистичка турска партија АКП, присуствуваа на седница на парламентот со марами на главата, за прв пат по четиринасет години.

Пратеничката Мерве Кавакчи во 1999 година се појави во парламентот со марама на главата на давањето заклетва, поради што беше исфрлена од парламентот.

Турската владејачка партија АКП на 30 септември ја укина долгогодишната забрана за носење марами во јавните институции во склоп на пакетот реформи кои имаат за цел да ги унапредат граѓанските слободи. Покривки на главата и понатаму не смеат да носат судиите, јавните обвинители и оние кои работат во војската или другите безбедносни служби.

Укинувањето на долгогодишната забрана го поддржа премиерот Реџеп Таип Ердоган - чијашто сопруга исто така носи марама - како „чекор кон нормализација“.

По повод појавувањето на четирите пратеничик во парламентот со марами на главата, Ердоган изјави дека „преовладала волјата на народот“.

Во септември, укинувањето на забраната за носење марами во државните институции предизвика жестока распарава помеѓу поддржувачите на секуларниот устав и оние кои се залагаат за воведување на исламски правни норми.

Извор: e-novine