Брутален перформанс за заштита на правата на животните

02.12.2013 11:41
Брутален перформанс за заштита на правата на животните

Активистите од организацијата за заштита на правата на животните Анима Натуралис приредија еден од своите досега најбруталните протести. Членовите на оваа невладина организација и до сега имаа акции кои ги шокираа луѓето од околината, но голите тела прекриени со крв воопшто не беа пријатна глетка за оние што се најдоа во близина.

Перформансот беше одржан на улиците на Барселона, каде активистите за заштита на правата на животните лежеа голи на плотшадот Sant James, прекриени со лажна крв.

Организацијата Анима Натуралис е позната по борбата против користењето на животните во исхраната, тестирањето во лабораториите, употребата на животински материјали во текстилната индустрија...

Токму нивната последна акција беше насочена кон свртување на вниманието на јавноста на употребата на животинска кожа за правење облека и други „модни“ предмети.

Извор: www.demotix.com

ОкоБоли главаВицФото