Атеистите непожелни во 13 земји

17.12.2013 14:01
Атеистите непожелни во 13 земји

И во неисламските држави, дури и во некои од западниот свет, и најдемократските влади ги дискриминираат граѓаните кои не се верници и можат да ги сместат во затвор поради навреди кои се сметаат за богохулни.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Меѓународната хуманистичка и етичка унија (IHEU), здружение околу кое се собираат атеистите, агностиците и останатите верски скептици, спроведено по повод Меѓународниот ден на човековите права (10 декември).

„Извештајот покажува дека поголемиот број од земјите не ги почитуваат правата на атеистите или луѓето со слободен ум, и покрај тоа што ги потпишале договорите на ОН за еднаков однос кон сите граѓани од светот“, вели претседателката на IHEU Соња Егерикс.

Во истражувањето се опфатени 192 земји членки на ОН, а во него учествувале и адвокати и експерти за човекови права кои ги проучувале уставите, законите, судските записи и медиумските написи, за да утврдат каква е глобалната ситуација.

Според првото истражување спроведено минатата година во кое беа вклучени 60 земји, утврдено е дека за богохулење и откажување од религиските верувања или преминување во друга вера, што исто така е заштитено како право со договорите на ОН, во седум земји се казнува со смрт, главно со јавно отсекување на главата.

Годинешното истражување кое ги опфаќа сите членки на ОН покажа дека смртната кзна за богохулење е присутна во 13 земји, Авганистан, Иран, Малезија, Малдиви, Мавританија, Нигерија, Пакистан, Катар, Саудиска Арабија, Сомалија, Судан, Обединети Арапски Емирати и Јемен.

Извор: metro-portal-hr