Нашиот проблем е граѓанската послушност

23.01.2014 13:55
Нашиот проблем е граѓанската послушност

Кога велите дека темата е граѓанската непослушност, всушност зборувате дека нашиот проблем е граѓанската непослушност. Тоа не е наш проблем. Нашиот проблем се луѓето ширум светот кои послушно ги прифаќаат наредбите на власта.

Почнувам од претпоставката дека светот е свртен главечки. Погрешни луѓе се во затор, а погрешни луѓе на слобода. Погрешни луѓе се на власт, а погрешни луѓе немаат моќ. Богатството во оваа земја, но и во остатокот од светот, е распространето така што не бара мала реформа туку драстична прераспределба.

Почнувам од претпоставката дека за оваа тема не треба да се зборува многу, бидејќи е доволно да се размисли за состојбата на нештата за да сфатиме дека се изопачени. Ако не размислувате и слушате што се зборува на ТВ, почнувате да мислите дека работите не се толку лоши и дека проблемот лежи во ситниците. Меѓутоа, мора за момент да се одвоите од сѐ и да се вратите назад, за да го согледате светот на вистинскиот начин и да ве фати ужас од него.

Кога велите дека темата е граѓанската непослушност, всушност зборувате дека нашиот проблем е граѓанската непослушност. Тоа не е наш проблем. Нашиот проблем е граѓанската послушност. Нашиот проблем се луѓето ширум светот кои послушно ги прифаќаат наредбите на власта и одат во војни, а милиони луѓе гинат поради оваа послушност.

Тоа го видовме во Германија под нацистите. Знаеме дека проблем во тој случај била послушноста. Луѓето го послушале Хитлер. Тоа било погрешно. Требало да му се спротивстават. Дури и во Русија, за време на владеењето на Сталин, луѓето биле послушни. Како во стадо. Се сеќавате ли на времето кога луѓето им дозволувале на феудалците да ги експлоатираат? Сѐ било очајно во тоа време.

Денес ја имаме западната цивилизација. Владеењето на законот. Владењето на законот ја зголеми непрадвата која владееше пред владеењето на законот. Тоа е она што го направи владеењето на законот. Во сите земји во светот, владеењето на законот е милениче на власта и несреќа за народот. Би требало да го препознаеме тоа.

Мораме да ги надминеме националните граници во нашето размислување. Никсон и Брежњев имаат повеќе допирни точки отколку ние и Никсон. Д-р Едгар Хувер има повеќе заедничко со шефот на руската тајна полиција отколку со нас. Меѓународната верност на законот и редот е она што ги спојува сите светски водачи. Затоа, секогаш сме изненадени кога се среќаваат, се смеат се ракуваат и пушат цигари. Во стварноста се сакаат, без разлика што зборуваат.

Она што се обидуваме да го направиме, претпоставувам, е да се вратиме на принципите и духот на Декларацијата за независност. Тој дух е да се пружи отпор на нелегитимната власт и на силите кои на луѓето им го одземаат правото на живот, слобода и потрага по среќа. Под тие услови, Декларацијата им дава право на луѓето да го укинат таквиот облик на владеење.

И да, нагласокот беше на укинувањето.

За да го направиме тоа, ќе мораме да излеземе надвор од рамките на законот. Да престанеме да ги почитуваме законите кои од нас бараат убивање, ваква распределба на богатството и затворање на луѓето поради ситници, додека во исто време извршителите на злосторства ги држат надвор од затвор.

Се надевам дека ваквото размислување ќе завладее не само во мојата земја, туку и во остатокот од светот, бидејќи ни е потребно на сите. На луѓето во останатите земји им е потребен духот на непослушноста. Тоа не е прашање на метафизика, туку прашање на силата и богатството, а нам ни треба Делкарација за меѓусебна зависност меѓу луѓето од сите земји кои тежнеат кон истата цел.

Погледнете ги и текстовите:

Хауард Зин (1922-2010)
Оптимизмот на несигурноста

Извор: 6yka.com
Слики: Банкси

ОкоБоли главаВицФото