Духовити постери со холивудски клишеа

29.05.2014 10:05
Духовити постери со холивудски клишеа

Францускиот илустратор Алан Барте во серијата постери „Petit illustré des clichés hollywoodiens“ на забавен начин ги визуелизира познатите клишеа во холивудските филмови: херојот кој ги одбегнува куршумите, бројот на пантомимичари кои живеат во Париз, мобилниот телефон што не работи кога е најпотребно, убиецот што ја фаќа жртвата која трча, слободното паркинг место среде град во кое херојот само треба да влета и да закочи со чкрипење на гумите...

Со минималистички израз, потпрени пред сè на идејата, постерите на Барте претставуваат моќна пародија на холивудскиот филмски свет, кој, по сè изгледа, најмногу изобилува со повторливост.

Извор: allanbarte.tumblr.com

ОкоБоли главаВицФото