Наградата за слободата на Иванов има помалку смисла отколку наградата на Кју Клукс Кланот за расна толеранција!

06.08.2014 11:09
Наградата за слободата на Иванов има помалку смисла отколку наградата на Кју Клукс Кланот за расна толеранција!

Светот нема да рикне поради енормните емисии на сибирски метан и на цеодва, туку поради деформирачкото дејство на човековата глупост врз орбитата на Земјината топка!

Во образложението на наградата од Американскиот институт за политички и економски системи на Фондот за американски студии на Карловиот универзитет во Прага, се вели дека претседателот Иванов е одбран да ја прими Наградата на слободата поради неговите постигнувања во промоцијата на економските слободи, намалувањето на данокот и невработеноста, зголемување на транспарентноста и подобрување на јавното образование.

„Претседателот Иванов предводеше политички реформи, што доведоа до подобрување на судскиот систем, промовираа транспарентност и ја намалија корупцијата. Овие политички и економски реформи ја доведоа Македонија поблиску до исполнување на стандардите за пристапување во ЕУ“, рекол Вилијам Бил Хибл, претставувајќи ја наградата за претседателот Иванов.

За 500 евра по човек или 5.000 евра по фирма, пред десетина години се купуваа меѓународни награди за личност на годината, за шампион во квалитетот или за најфраерско кимнување и сл. Не верувам дека ова е таква награда!

Претпоставувам дека името на претседателот Иванов е ставено во документите за некој од претходните добитници без да се менува самото образложение. Не можам да дојдам до друго разумно толкување! Без трунка почит кон стварноста и кон вистината, конечно, и кон граѓаните на Македонија кои знаат дека наградата за слободата на Иванов има помалку смисла отколку наградата на Бил Клинтон за брачна верност или на Донатела Версаче за католичката борба против естетската хирургија! Или на Кју Клукс Кланот за расна толеранција!

Прво, претседателот Иванов е награден за остварувања во области во кои тој нема ниту минимални ниту уставни ниту реални политички компетенции и моќ. Какво намалување на данокот, какво подобрување во јавното образование, какво намалување на невработеноста!

Второ, сите наводи од образложението се фактички неточни и, на фонот на реалните случувања, на луѓето во Македонија и на добрите познавачи на ситуацијата им се испраќаат како волшебни фалсификати кои ги потценуваат до крајни граници остатоците од здравиот разум во Македонија!

Трето, речиси за сите точки има дијаметрално спротивни оценки на сите релевантни фактори на меѓународната заедница, вклучително Европската унија, ОБСЕ ,Стејт департментот, Светска банка!

Кога читам дека човекот е награден за подобрување на судскиот систем и за промовирање на транспарентност, ми доаѓа и јас да конкурирам за некоја американска награда. Би можеле да ми акнат некое „Гремииче” за пеењето (или пиењето?!) во надгледуваните ајфони во „Корзо“! Покрај мене, добро би било и Шиповиќ да добие награда за унапредување на условите во затворите! И уште една награда за Иванов, ви се молам, за сите политички затвореници неудавени во кофа и рехабилитирани како вмровски претседавачи на совети!

Ах, Американци, Американци!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото