Вонредна состојба како тешко кривично дело

01.03.2017 08:11
Вонредна состојба како тешко кривично дело

Слушам дека човекот со розова сива маса во форма на зрнца од валандовска калинка, размислувал (замислете) да воведе вонредна состојба.

Ако мене некој ме праша, ќе му кажам дека вонредната состојба во Македонија трае веќе единаесет години односно дека нема што да се воведува нешто што е одамна воведено. Уште повеќе, ќе му кажам дека типот што сака да воведе вонредна состојба е важен или помалку важен, нема врска, но во секој случај, некаков израз, последица и причина, на вонредната состојба која има елементи на трајност. Само во вонредни околности таков гном може да се најде на местото на кое што се наоѓа нашиот фаворит.

Но, еве, да речеме дека ќе стори нешто што формално ќе го крсти како вонредна состојба.

Сакам да укажам на неколку аспекти:

Ако зад воведување на вонредна состојба стои идејата да се смират немирите што ги предизвикуваат лумпените на ВМРО и да се натераат политичките субјекти кризата да ја решат на вонредни парламентарни избори, тогаш може да се каже дека вонредната состојба ќе постигне сосема спротивни ефекти, затоа што ќе биде израз на ставот дека ниту едни избори по кои вмро нема да формира влада ќе бидат прогласувани за напад врз македонскиот идентитет и интегритет, односно дека се бесмислени како демократски инструмент.

Второ, вонредната состојба ќе заврши можеби уште пред да биде формално воведена или многу бргу потоа. Дали тоа ќе биде направено во изливот на сенародното незадоволство или ќе биде резултат на надворешна интервенција или самата себе ќе се изеде од внатре како елементарно неодржлива, е друго прашање. Но таа не може да биде вовед во парламентарни избори. Само нејзиното симнување и осудување, морално, политичко и кривично ќе може да нè одведе повторно пред гласачките кутии.

Трето, нема начини да се камуфлира фактот дека вонредната состојба ќе биде воведена само за да се заштити од кривично-правен прогон злосторничката клика на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е апсолвирана работа во Европа, во САД, во цел свет и тука кај нас, кај сите освен кај малата дружина тврдокорни, мекотелни и други ендемски идиоти.

Четврто, тоа значи дека воведувањето на вонредна состојба ќе биде уште едно тешко кривично дело на таканаречениот претседател.

Во прекрасниот филм „Победа“ што деновиве одеше на МРТВ, управителот на психијатриската болница ја моли прогонуваната и оставена жена на Мусолини да се смири и да биде попрактична во својата борба за синот и за бракот, уверувајки ја дека „фашизмот нема да трае вечно“. Судбината на жената е страшна. И на нејзиниот син. Тоа се времиња во кои лудите ги затвораат нормалните во лудници. Можеби паралелата не е најадекватна, можеби претерувам, но мене ми се чини дека ние сме во времето во кое лудите ги затвораат нормалните во лудница и во кое целата држава ја претвораат во лудница. Но, сигурен сум дека тоа време поминува. Вонредната состојба нема да биде израз на моќта на македонскиот вмрофашизам, туку израз на нивната слабост и претсмртна агонија. Приказната завршува и затоа е уште поважен советот да бидеме смирени.

Втората паралела ми е со Војчех Јарузелски во Полска. Јас сум од оние кои мислат дека намерите на генералот при воведувањето на вонредната состојба во Полска беа благородни, тие не беа да се заштити болшевизмот, туку обид да не дојде до руска интервенција. Но, сеедно, неговата вонредна состојба ја соборија луѓето од Солидарност и полското општество желно за слобода и демократија, а генералот кривично одговараше за својата постапка.

Хорхе не е ниту врвка од обувките на Јарузелски, но дотолку повеќе треба да знае како завршуваат авантурите со вонредните состојби.

Мандат, влада, реформи, стабилизација, па избори!

Мојот совет до ДУИ е да се издвои како партија од заложништвото на криминалните поединци и структури во себе и да не дозволи да ја повлече конјунктурата на пазарот на криминалните решенија. Тие имаат и пошироки одговорности!

Ако не сакаме да дојде на дневен ред вонредната меѓународна интервенција.

Јас не сум од тие.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слики: Били Даркарт

Слични содржини

Став

ОкоБоли главаВицФото