И доказот и Господ - у пиџами!

05.10.2014 16:00
И доказот и Господ - у пиџами!

А бе остај го Тричко ебате! Или Ризаов, Гелевски, Куновска, Јоци... Што се разбираат бе они од античко барокна уметност у која се организираат приватни дешафки и ем тактички се води унутрашња антифашистичка политика... Све е тоа утемељено на неискуство бе Пајо. Батали такви писанија. Тричко можда барата со компаративна книжевност ама благе везе нема бе од фактичко стање како треба да се тера компаративно опозициска политика у диктаторски периоди. Ембашка чоекот пишуе од пичке си материне, од некоја сенка у Орешани и гарант пие сумњива бунарска вода, па понекад делуе фасцинантно и те зашеметуе да добиеш сасвим погрешна слика за природно општествено стање у државава. И остај тоа, него врз него бе Пајо само он и Мајло имаат надворешен утицај, ти текнуе? Кај можеш ти на Тричко, ил на другиве да им нарачаш текст, бе ало? Зошто на пример Геро не пиша ни збор за дешафката у театарот, а? А овие се истрчаа ко прлиња пред магариња? Па затоа што така треба бе Пајо. Затоа што овој од увек дига нога у ритам на актуелни финансиски приливи од опозициски оркестри, и спушта на земја тачно со ударот на тупанот. И ако више си решил некого да пратиш у чекор, ондак, за да не залуташ треба само него да го следиш. Затоа што Геро никад не изврдуе од зацртана путања, не изневеруе опозициско руководство и од увек бил свој на своето. Кај ќе свртат овие, овој оп, одма свртуе по нив. Ембашка е едини кој ја разбира меѓународната у танчини, и тогаш кога никој друг не ја разбира и не ја ебе. И да те прашам…

Зашто, бе Пајо, например, овој потез на опозицијата не го разбираме као диверзантско партизанска акција на отпишаните, а? Абе им се жбрцаа ли културно, напудрисани, напарфемисани, стокмени у смокинзи и ноќни тоалети, у џигер бе Пајо на окупаторите! У сред центар на епицентарот на боксерското здање. Зашто да не помислиме дека овие се еден од петте илјади тимови со специјална диверзантска задача да се снимат тачките, да се најдат четирите стуба у театарот, за кога ќе дојдат на власт од одма да знаат кај да акнат динамит и да го дигнат у ваздух? Зашто бе Пајо на никој не му текна дека Прле, Тихи и Рада влегоа таму баш со ваква задача, а? Хе, па затоа што за вакво нешто треба да се има бе елементарно развиено чуство со осечај за сенс, ебате, а не од одма да окривуеш опозициско руковоство. Па гледај ги бе како се организираат и мобилизираат у задње време бе Пајо. Сите ги ставаат у недоумица. Сите мислат дека само значајните муви у државава, со рубинско светлуцави џуровистички нијанси ги собираат околу себе и ги активираат за поддршка и организирање божем граѓански протести. А муви кај може да те однесат, а? Па таму кај што смрди бе Пајо. И некој ќе рече дека и ова е погрешен опозициски потез, ама се заебал. Тие се ударните тачки кои ќе требе од одма да се расчистуат чим овие ќе дојдат на власт. Зар ќе чистат таму кајшто е чисто, кајшто не смрди? А бе све е ова савршена тактика за коначно сјебуење на Боксерот од Илинденска…

И на крај, дури и другата варијанта да ја зееме у обзир, пак не си у право. Ни ти ни оние што ги критикуат за овој чекор. Што ако влегле у театар? Големо чудо, ебате. А бе понекогаш стварно нит се водите нит се терате. Никако да ви се погоди мајку му. Шо треба они да праат? Да си седат дома? Да не идат на прослави, на родендени, свадби и погреби? Да не се движат меѓу високооктанско МКД пучанство? Да излагаат само на пресови? Бог да ве чува колку сте бре неразбрани понекогаш! Па они бе на тој крем припаѓаат уште од роџење, не од чера, бе торко... А да влезеа у Скупштина, што ќе зборевте тогаш, а? Еве ги предавниците, не им дозвољаваат на пратениците да влезат у Парламент, а овие први се нацртаа у него божемски прославуат годишница на приватна фирма. Мислам, стварно, овај, ама дај бе Пајо, бар ти покажи малку развиено чуство за вакви дешафки. Има бе работи од кои може да се кидне, ама има некои дешафки кои се под тачка морално, и од кои нема бегање…

А што мислиш дека они се одушевуеле од барокниот кичерај на најкриминалниот проект у државава од надвор и од унутра? Дека паѓале у транс од мирисот на црвената чоја и тешките чипкани завеси, дека зинале на проекцијата на галијата на Коце арпаџикот? Глумеа бе акмак. Абе око не фрлија на страна, ги глеаше ли снимките? Нит проекција гледаа нит кичерајски фрески и фотелји, нит златни рељефи на плафони со скупи лустери. Погледите им беа тужни и спуштени ко на прави боемчини пред фајронт, бе Пајо…

Е сеа, морално беше, чат пат да одглумат за моменат и да се исклештат секундарно, ама само док ги фаќаа камери на владино шпиунски телевизии, а и због свеукупен јавен уметнички дојам. Да не помисли бе пучанство дека овие се обесени у сурати од разочараност, паднати у депресија и меланхолија, ебате, а треба влада да рушат. Ондак, пред тие луѓе мора да знаеш и професионално да се фолираш, не е тоа заебанција. Виде ли кои луѓе беа таму? Све мој до мојега бе ајван. А знаеш ли ти бе Пајо, колкава кондиција и концентрација ти треба да издржиш два саати на нога држејќи тешка кристална чаша у руки пуна со млак француски коњак, плус маслинка што плива у него? Абе све ова изискуе неверојатни тренинзи, као на пример низинско летни приморско пешчани припреми и по некое жешко есенско Банско оптеретуење на организам, пошто ова те измрцваруе до даска…

Виде ли како беше клапнат чоекот кај Оливера. Сва среќа што оваа не запна до крај, иначе за жалење ќе беше ситуацијата. И све му се тоа последици од тој континуиран напор, бе Пајо. Ама, и покрај све, слушна ли што рече на крај, а? Кога ќе го извади, за три дена боксерот ќе наведне глава и ќе спакуе куфери од Илинденска. Абе цело МКД пучаснтво ќе наведне глава. Кога ќе го извади? Хе, епа нек му падне на памет на боксерот да не дае техничка влада, ондак нема да има друго чаре и ќе го извади, а боксерот прв ќе го види. Па да, он ќе го види доказот, а ние Господ у пиџами ќе го видиме. Миле, дај бе од тоа пинџурот, ебате. И бокалче разбира се…

Слика: Свирачиња
Извор:
Либертас