1024 hPa
54 %
11 °C
Скопје - Чет, 15.01.2026 14:59

Со работилницата за студенти „Времето како филозофска димензија на филмот“ со Стефан Палитов и Тијана Петковска, која ќе се одржи на 1 април во 12:00 часот на Филозофскиот факултет во Скопје, започнува Филозофскиот филмски фестивал кој ќе трае до 4 април.
Освен работилницата, во рамки на фестивалот се предвидени повеќе проекции на филмови, предавања и излагања, како на Филозофскиот факултет, така и во Кинотека на Македонија.
Подолу можете да ја погледнете официјалната, придружната и оф-програмата на фестивалот, а повеќе детали за Филозофскиот филмски фестивал можете да најдете овде.
