10 филма кои заслужија, но не добија Оскар

08.03.2010 12:46
12-angry-men.jpg

Филмските награди Оскар се доделуваат секоја година уште од 1927, од страна на Академијата за филм, уметност и наука во Лос Анџелес. Погледнете листа од десет филмови кои беа големи фаворити, но никогаш не освоија Оскар за најдобра режија.

12 Angry Men (1957)

Режиран од Сидни Лумет, овој филм беше неправедно запоставен во однос на „The Bridge on The River Kwai“ кој го освои Оскарот таа година. Филмот има одлична актерска екипа, а најсилен момент во него е сцената кога групата мора да гласа за тоа дали виновникот е навистина виновен или не, бидејќи тие самите не се сигурни. Всушност, секој глумец во филмот поединечно заслужува награда, но за жал, иако беше фаворит за Оскар, филмот не успеа да освои во ниту една категорија.

Pulp Fiction (1994)

Филм кој на голема врата го внесе режисерот Квентин Т арантино во филмската историја, и кој го направи составен дел од популарната култура. Испреплетено ни раскажува за животот на двајца мафијашки шефови, двајца платени убијци, за еден боксер, жена на еден гангстер и пар ограбувачи на ресторан, и сето тоа добро вклопено во приказна за насилството и покајувањето. Во 1994 незаслужено ја изгуби оскаровската трка со „Форест Гамп“.

Vertigo (1958)

„Вртоглавица“ е еден од најдобрите филмови на Алфред Хичкок. Се работи за психолошки трилер кој беше номиниран само за музиката и сценографија. Иако според многу елементи, како најсложен филм на славниот Британец, „Вртоглавица“ заслужува Оскар, како и многу други негови филмови, и овој никогаш не ја освои филмската награда.

Dr. Strangelove (1964)

Брилијантна, сатирична и провокативна комедија со црн хумор од режисерот Стенли Кјубрик. Прикажува ненамерен, случаен и превентивен нуклеарен напад. Овој одличен филм е првата политичка сатира за нуклеарната војна кој беше подеднакво комерцијално успешен како што и беше фаворит за Оскар.

Crouching Tiger, Hidden Dragon (2003)

Според филмските критичари и рецезенти, овој филм не е ништо друго освен мало чудо. Филмот е драма која се смета и за еден од најголемите филмови со боречки вештини. Тој претставува редок пример за осмисленото и храбро експериментирање на тајванскиот режисер Анг Ли. Сепак, Оскарите го одминаа бидејќи „академците“ сметаа дека е пресовршен.

M (1931)

Филм од режисерот Фриц Ланг кој ни ја раскажува приказната за дете-убиец кое сее страв и ужас во едно мало германско гратче. „М“ е извонреден филм бидејќи е релевантен и силен дури и во модерниве времиња. Се очекуваше овој филм да освои Оскар поради моќното сликање на полицијата под притисок, како и на портретирањето на убиецот со бебешко лице кое сè уште не е надминато од филмаџиите.

Citizen Kane (1941)

Овој филм беше номиниран за Оскар во девет различни категории, но освои само награда за најдобро сценарио. Наводно филмот се базира на животот на моќниот новинарски намгант, Вилијам Рендолф Хирст. Тоа е приказна за еден човек кој го негира светот и ја губи својата душа. Филмската камера е одлична, а „Граѓанинот Кејн“од многу режисери беше прогласен за најдобар филм на сите времиња.

Star Wars Trilogy

Трилогијата „Ѕвездени војни“ е една од највлијателните и најинспиративни трилогии во историјата на современиот филм. Ова научно-фантастично ремек-дело на Џорџ Лукас претставува еден од најзабавните и најинвентивни филмови кои некогаш биле снимени. Меѓутоа, како и многу други добри филмови, и овој не успеа да освои Оскар.

Apocalypse Now (1979)

„Апокалипса сега“ претставува визуелно прекрасно ремек-дело на режисерот Френсис Форд Копола. Симболичните и надреални сцени кои го прикажуваат стравот, насилството, збунетоста и кошмарноста на лудилото на Виетнамската војна придонесоа филмот да заслужи Оскар. Беше номиниран во осум категории, но освои само две – за музика и за филмска камера.

2001 Space Odissey (1968)

Ова ремек-дело на Стенли Кјубрик претставува најистакнат филм во својот жанр. И кога само филмот би го сочинувала сцената на мајмунот кој ги сфаќа своите можности, тоа би било доволно за влез во филмската историја, тврдат обожавателите на овој филм кои го свртуваат вниманието кон генијалното користење на музиката на Штраус и на симболите, како и на повеќеслојноста на идејата.


Извор: moviesoddity.com

Мало дополнување за тоа колку

Мало дополнување за тоа колку Оскарите можат да "зезнат" и тоа квалитетно:
1941 година оскар добива "How Green Was My Valley" филмот не само што го победува Граѓанинот Кејн (кој веројатно е еден од најдобрите филмови на сите времиња) туку и Малтешки сокол (уште еден незаборавен класик)
1968 година оскарот е веројатно најпромашен во неговата историја, екранизирана театарска претстава "Оливер" (кој денес никој не ја помни) го добива оскарот во кој "Одисеја 2001" не е ниту номиниран за најдобар филм (веројатно тоа покажува колку Кјубрик бил пред времето)
За жал, оскарите иако се највредна филмска награда, не се сто-процентна препорака за квалитетот на еден филм.

ОкоБоли главаВицФото