Неудобниот накит на Александра Герасимчук

09.10.2015 12:41
Неудобниот накит на Александра Герасимчук

Со проектот „Авто-дисциплиниран накит погоден за носење“, француската дизајнерка Александра Герасимчук ги претставува изработените парчиња накит кои ја истражуваат врската меѓу убавината и непријатноста.

Секое парче е дизајнирано на тој начин што лицето мора да заземе одредена позиција, а тоа најчесто значи дека треба да стои вкочането и исправено, за да може правилно да го носи накитот. „Проектот ја испитува улогата на накитот кој се идентификува како медицинско помагало и украс, како и тоа дека неговата намена е да ја слави целата силуета“ – вели Герасимчук во изјавата во врска со проектот.

Извор: www.ignant.de