Осумдесет години подоцна, слободно Скопје наликува на град на патерици
Осумдесет години подоцна, слободно Скопје наликува на град на патерици. На град кој штотуку излегол од битка, врзан со „шанцова кравата" околу вратот, со отворени инфраструктурни рани и скршеници од бројни удари. Градот денес безуспешно си ги пребројува куќите кои една по една му се отуѓуваат, исчезнуваат под силата на ГУП-овски и ДУП-овски „пасоши" кои алчно му го крадат и зеленилото.
Поразен е од градежни „новоборци“ кои му роварат и копаат по лицето, го моделираат според нивната претприемачка „естетика“, моќни дури и да избришат имиња на улици, бидејќи историјата почнува од нивните инвестициски циклуси, добро подготвени да го избулдужираат највредното од меморијата на градот. Нивната офанзива, платена со многу (наши) пари и прилично вешта да ги изоди сите корупциски коридори до целта, се покажа надмоќна над граѓанскиот отпор.
Му се жали Твртко на Вртко:
- Жене ми е курва.
- Аман бе?!
- Замисли, ѝ праќам телеграма дека се враќам порано од пат, и ја наоѓам дома со швалер!
После кратко молчење Твртко сепак се замислил:
- А можеби сепак не ја добила телеграмата?!