Изложба „Феникс од пепелта. Уништувањето и обновувањето на Варшава 1939-1955“

14.01.2016 12:35
Изложба „Феникс од пепелта. Уништувањето и обновувањето на Варшава 1939-1955“

Во Музејот на град Скопје во петок, 19 јануари, со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Феникс од пепелта. Уништувањето и обновувањето на Варшава 1939-1955“.

Изложбата, која е дел од архивата на Бирото за обнова на градот Варшава и од 2011 година е вброена во престижната меѓународна листа „Меморија на светот“, ќе биде достапна за публиката во главниот град од 15 јануари 2016 година.

По повод отворањето на изложбата во Музејот на градот Скопје најавена е и посета на културна делегација од Полска, предводена од Пиотр Јакубовски, директорот на Домот на средби со историјата на Варшава и госпоѓа Магожата Наимска, заменик-директор на Бирото за култура на градот Варшава.

Изложбата ја организира Музејот на град Скопје во соработка со Амбасадата на Република Полска во Република Македонија.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото