Птиците на Скопје

30.03.2016 12:08
Птиците на Скопје

Проектот „Птиците на Скопје“ на Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) има цел да ги проучи и да ја запознае јавноста со птиците кои се сретнуваат по кејот на реката Вардар, во Градскиот Парк и на езерото Треска.

„Кои се тие? Колку се на број? Како живеат? Каде гнездат? Со што се хранат? Одговорите на овие прашања се обидуваме да ги дознаеме преку истражувачките терени, а добиените резултати ги споделуваме со вас на овој блог. Ќе ви ги претставиме најинтересните видови на птици и ќе се обидеме да ги доловиме најмистериозните делови од нивните животи.

Зошто токму птиците? Бидејќи секојдневно ги одминуваме и не ја забележуваме нивната убавина, бидејќи не сме свесни за нивната разновидност во нашиот главен град и бидејќи редно време е да ја сфатиме нивната значајност. Ајде да ги сакаме птиците на Скопје!“, велат младите истражувачи.

Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ) е младинска истражувачка организација, која се занимава со едукација на студентите и членовите во областа на биологијата како и истражување и изучување на биодиверзитетот на Р. Македонија.

Галеријата од птиците во Скопје, објавена на нивната ФБ страница погледнете ја подолу.

Извор: Радио МОФ

Слични содржини

Фотографија / Екологија
Јавни Простори / Фотографија / Живот

ОкоБоли главаВицФото