Припитомени

29.09.2012 15:19
 Припитомени

Фотографката Ејми Стајн одлучи да го покаже „нашиот“ свет како оној со кој (и премногу) доминираат луѓето за да истакне дека истиот е во апсолутна колизија со светот на дивите животни и нивните средини.

Фотографиите од оваа серија се направени на основа на вистински приказни од локалните весници или пак усни преданија со тематиката за намерните или случајни интеракции на луѓето и животните, на локацијата околу Матаморас, мало градче што граничи со шума, на североистокот на Пенсилванија.

Колекцијата би требало да побуди интерес, но истовремено и да предизвика мир. Секоја фотографија прикажува животни што населуваат некои човечки домови, или барем го посетуваат човечкиот свет.

Низ своите дела, Ејми се занимава со парадоксалниот однос на луѓето кон дивината, што го карактеризира желбата и поривот да ја доживеат и да се поврзат со мистеријата и слободата на природниот свет, но истовремено и да ја скротат и присилно да ја контролираат во рамки на сопствената природа.

Низ фотографиите се покренува примарното прашање на удобноста и стравот, зависноста и одлучноста, подреденоста и доминацијата – сè што се случува во физичките и психичките средби на човекот со природниот свет.

Сите тие средби се одвиваат во вештачките зони што луѓето ги конструираат истовремено и како премин и како бариера меѓу скротениот простор и дивината.
Погледнете повеќе тука.


Слични содржини

Фотографија / Екологија
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Живот
Фотографија
Фотографија / Уметност / Историја

ОкоБоли главаВицФото