Вилата од филмот „Големиот Лебовски“ донирана на Музејот во Лос Анџелес

13.04.2016 02:54
Вилата од филмот „Големиот Лебовски“ донирана на Музејот во Лос Анџелес

Луксузната модернистичка вила на Шитс Голдстејн, мистериозниот сопственик Џејмс Голдстејн ја подарил на Музејот на уметноста во Лос Анџелес, со надеж дека ќе ги охрабри луѓето да градат покреативни домови.

Вилата е изградена во 1963 година, а ја дизајнирал архитектот Џон Лотнер за брачниот пар Шитс и нивните пет деца, за во 1972 година да ја купи денешниот сопственик кој во 1980 година почнал да соработува со Лотнер на нејзиното реновирање. Од смртта на архитектот во 1994 година, Голдстејн соработува со неговото архитектонско студио на понатамошни проекти.

Во 1998 година вилата беше искористена во филмот „Големиот Лебовски“ на браќата Коен, како дом на кралот на порнографијата Џеки Трихорн, а судејќи според нејзиниот изглед, претставува типична холивудска куќа за забави, со осветлен базен и наоколу поставени ниски кревети.


Голдстајн на музејот му ја донира добро зачуваната вила, но и градините кои ја опкружуваат, уметничките и модни колекции, а еден ден сето тоа би требало да биде отворено за јавноста.


Извор: pogledaj.to