Уметност на движењето: спортските фотографи се генијалци

19.08.2016 15:50
Уметност на движењето: спортските фотографи се генијалци

Тие се натпреваруваат на полни стадиони и на опасни терени, ги користат рацете и очите, а понекогаш и лактите. Не, не зборувам за спортистите, туку за фотографите.

„Спортските фотографи се уметници“, вели Гејл Бакленд, кустос-гостин на новата изложба „Кој го уби1 спортот: фотографска историја од 1843 до денес“ во музејот во Бруклин. Таа вели дека на спортските фотографи традиционално се гледа како на вредни занаетчии кои го бележат победоносниот погодок или катастрофалната грешка, а потоа утредента повторно го прават истото. Но, како што вели, спортските фотографи сиве овие години навистина создаваат уметност.

Карол Беквит & Ангела Фишер

На пример, една од највпечатливите фотографии на изложбата прикажува играч на американски фудбал како ја стега топката, со телото наведнат нанапред, со набрекнат тетовиран бицепс и кацига која му паѓа од главата додека се бори со противничкиот играч. Во разговорот, Бакленд ги споредува носачите на топка со „Минотаурот“ на Пикасо, поради нивната сурова сила и решителност.

„Моја најдобра фотографија“, вели Хајнц Клутмаер, автор на фотографијата. Се шегуваше со анегдотата дека главниот јунак на фотографијата, Арон Ернандез од „Њу Ингланд Патриотс“, во моментов отслужува доживотна казна поради убиство.

Френк Сегвин

Клутмаер се сеќава како ја забележал оваа примитивна борба во 2011 година. Знаел дека светлото на стадионот доаѓа од левата страна, па се поставил за да добие најдобар контраст помеѓу црвените и белите дресови. „А потоа падна кацигата“, додава тој.

„Многу фотографии имаат верски и иконографски аспект - особено кошаркарските, каде едните се издигнуваат, а другите паѓаат“, вели Бакленд за фотографијата на насловната страница на нејзината придружна книга - Бил Расел му го блокира патот на Елџин Бејлор кон кошот во сезоната 1966 од НБА лигата, а двајцата во жарот на борбата изгледаат како издолжени ангели од некоја слика на Ел Греко. Нив двајца ги фотографираше Волтер Лус Помладиот.

Даниел Родригес

Патот на Бакленд кон оваа изложба почнал кога на почетокот на седумдесеттите работела во Чикаго, каде што го запознала Хју Едвардс, кустос на фотографија на Институтот за уметност во Чикаго. Ја прашал кој е најдобар фотограф на векот, а кога не можела веднаш да одговори, тој го дал своето мислење: Роберт Рајџер, една од првите ѕвезди на Спортс илустрејтед.

Откако Бакленд во 2009 година ја поставила изложбата со наслов „Кој го уби2 рокенролот“, во Бруклинскиот музеј барала нов проект, а нејзинот партнер Еверет Кокс ѝ дал предлог од само еден збор: „Спорт“. Таа му рекла дека е луд, а потоа со задоволство ја прифатила работата.

Боб Мартин

Во многуте години истражување, пронашла спортски фотографии на истакнати уметници како Анри Картие-Бресон, Ричард Аведон, Вокер Еванс, Енди Ворхол и Ени Лејбовиц, како и фотографијата на машките играчи на крикет на Луис Керол (сите фотографии се дел од изложбата). Дејвид Барнет, кој ја фотографирал Белата куќа, Виетнам и Олимписките игри, неодамна го посети музејот и забележа голема фотографија во боја од одбојка на песок на ОИ 2012 година, пред Гардискиот коњанички параден простор, на која сонцето на облаците и историското лондонско небо им два бакарен сјај.

Артур Тил

Барнет рекол дека ја фотографирал таа глетка во црно-бела техника, што испаднало многу добро. Со тоа му оддал почест на Доналд Мирал, кој ја направил таа фотографија и подоцна ѝ рекол на Бакленд дека неговото најдобро дело „веќе било замислено“, поточно, дека не е случајност.

Доналд Мирал

Оваа изложба не го занемарува општественото значење: младиот Касиус Клеј прераснува во Мухамед Али; црниот бејзбол фаќач од XIX век и францускиот црн велосипедист; спортистки од раниот период во гломазни униформи; двајца мажи како се бакнуваат додека прославуваат; и мускулестите шампиони од нам поблиските времиња: Серена Вилијамс, Џеки Џојнер-Керси, Меџик Џонсон.

Сепак, една од највпечатливите е снимена над базен: Боб Мартин, натпреварувач на Параолимписките игри, плива, а протезата го чека на столот - мешавина од Хокниевите бои со геометријата и големината на човечкиот дух.

Боб Мартин

Дијана Фицморис

Етјен Жил Мари

Луси Николсон

Тим Клејтон

Жил Бу

Имон Меккејб

__________________________________________________

[1] Игра на зборови: на англиски, shoot значи и стрела, убива, но и фотографира.

[2] Истата игра на зборови.

 

Извор: The New York Times

Слични содржини

Фотографија / Квир / Спорт
Фотографија / Спорт / Око
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Живот

ОкоБоли главаВицФото