1020 hPa
94 %
17 °C
Скопје - Сре, 18.09.2024 12:59
Независниот фотограф Дејвид Тесински за своите фотографии најчесто црпи инспирација од човечките приказни, животната средина, субкултурата, социјално-документарните теми и ликовната уметност. Тесински ја користи фотографијата како алатка за да ги прошири видиците и да ги поништи стереотипите.
Во една прилика, размислувајќи која земја да ја посети, Дејвид се одлучува да отпатува во Мексико за да истражува интересни луѓе и заедници, па овојпат љубопитството го носи до едно за него ново откритие.
Фотографот имал прилика да запознае „ЛГБТК фудбалски тим“ исполнет само со геј членови. Тие се сместени во Мазатан во Чиапас на југот на Мексико, во близина на Тапачула - град на имигранти кои чекаат азил. Во тимот има неколку парови, како што може да се види на фотографиите кои се направени во центарот на градот Мазатан.
Извор: https://www.boredpanda.com