Коментираат шаховска партија, а не ги познаваат ниту основните правила на шахот!

08.11.2016 17:21
Коментираат шаховска партија, а не ги познаваат ниту основните правила на шахот!

Еден сум од тие кои јавно ја критикуваа (во колумна) Лиле заради коалицијата со ДПМНЕ и кои лобираа кај европските Зелени да ја притискаат Лиле да ја напушти коалицијата. ДОМ има освоено 25 илјади гласови на советничките листи на локалните избори во 2013 (над 6 илјади за советот на град Скопје). И да има половина од тие гласови, ДОМ заслужува еден пратеник.

Не ја сакате Лиле затоа што коалицирала со ДПМНЕ? Па, и НСДП коалицираше во 2006. Да потсетам, на листата на ЛДП (кои водеа кампања „ни магаре, ни змија“) во 2011 на високо место се најде Боцевски. И ЛП коалицираше со Груевски, а и со Стевчо. И ПЕИ има коалицирано со ДПМНЕ. Сакате сите овие партии да коалицираат со ДПМНЕ или со СДСМ?

А најсмешни ми се наивните политичари кои сега се обидуваат да ќарат малце внимание со идејата за „санитарен кордон“ против ВМРО-ДПМНЕ. Ако добро паметам, на локалните избори во 2013 некои од нив јавно го поддржаа Паљо во Битола, кој повика да се гласа за „Двојче“. Е, сега истите тие кои му ги подарија гласовите на „Двојче“, ќе ја ослободуваат Битола од криминалецот.

Во политиката се прават компромиси и предизборни коалиции, особено во изборен модел со 6 изборни единици. Прагот при повисока излезност и рамномерна распределеност на гласовите во секоја единица е околу 50 илјади гласови (во цела Македонија)!

Знаете ли колку смешно изгледаат оние кои што коментираат шаховска партија, а не ги познаваат ниту основните правила на шахот?

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња