Шпанија ги менува имињата на улиците посветени на фашистички лидери и им ги доделува на жени

12.12.2016 12:25
Шпанија ги менува имињата на улиците посветени на фашистички лидери и им ги доделува на жени

Раните предизвикани од Шпанската граѓанска војна сè уште се чувствуваат во земјата. Оваа фотографија која датира од јули 1936 година ги прикажува републиканците од левичарските партии кои демонстрираат на улиците на Барселона против обидот на Франко да ја собори Републиката

Франциско Франко е „аут“, а Роза Паркс е „ин“. Ова е моменталниот тренд во Шпанија, каде на ниво на неколку општини одлучно се става крај на симболите на диктатурата на Франко, и се прави обид да се воведе повисоко ниво на родова рамноправност во именувањето на улиците.

Во Мадрид, улицата именувана по фашистичкиот генерал Андрес Саликетa ќе биде преименувана во улица Соледад Карзола. Карзола е првата шпанска обвинителка специјализирана во областа на родовото втемелено насилство.

Граѓаните на Леон неодамна одбраа низа заслужни жени според кои треба да се именуваат улиците, вклучувајќи ги и Роза Паркс, Фрида Кало, Џејн Остин и локалната изумителка Анџела Руиз Роблес, а промените ги одобриле и општините Валенсија, Овиедо и Кадиз.

Во годините по смртта на диктаторот Франческо Франко, Шпанија воглавно го игнорираше неговото наследство, вклучувајќи и масовни гробници кои сè уште не се ексхумирани.

Во 2007 година е донесен Законот за историска меморија, кој формално го осудува фашистичкиот режим и сето она што е поврзано со него, но никогаш не бил спроведен. Дури алијансата „Podemos“ од 2015 година, во рамките на општината постави голем број поединци решени да го спроведат законот и да го избришат сето она што Шпанија и понатаму ја поврзува со диктатурата на Франко.

Паралелно порасна и свеста за фактот дека премалку улици во Шпанија носат имиња на жени, односно само 10%, а тие во главно им се доделени на светици или монахињи, односно не ги застапуваат подеднакво сите значајни жени.

„Ситуацијата е таква што практично ја потврдува популарна изрека дека местото на жената не е на улица, туку во домот“ – вели професорката Патриша Аријас Качеро, а промените кои сега стануваат реалност ќе ја вратат родовата рамноправност во урбаното планирање.

Извор:www.independent.co.uk

Слични содржини

Јавни Простори / Европа
Јавни Простори / Европа / Екологија / Живот

ОкоБоли главаВицФото