Авторство

31.01.2017 16:00

Кралот Давид и кралот Соломон
Биле мераклии секогаш опкружени
Со многу, многу пријателки
И многу, многу сопствени жени.

Но кога се прикрала староста,
Седнале под палмите,
Каде Соломон ги напишал Пословиците,
а колегата му Псалмите.

Превод: П. В.

Џејмс Б. Нејлор (Naylor, J. B. (James Ball), 1860-1945) е денес речиси заборавен американски писател, иако на преминот од 19 во 20 век бил еден од најчитаните и најпопуларни автори во светот. Негова прва љубов била поезијата, но пишувал историски и други романи, со кои ја стекнал славата, кратки раскази, хуморески, колумни...
По професија бил лекар, но во животот се прочул и како педагог, забавувач, јавен говорник, службеник, политичар...

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото