Сере ли сере

05.06.2017 10:50
Сере ли сере

Бившите премиери се јавуваат за контроверзите на своето време или за некои актуелни прашања, но не пред да поминат седум-осум години од нивната демисија. Само во Македонија шаткастото чудовиште не излегува од нашите домови, сече ленти и панделки, инспектира објекти, држи прес конференции, дава интервјуа, напаѓа, се заканува, подучува, сугерира, жали, плаче, со три збора - сере ли сере!

Освен тој ментален и духовен измет сам по себе, во таа еколошка катастрофа се важни уште две работи: прво, бившиот бивш премиер на Република Македонија и неговата злосторничка инсталација сами произведуваат храна за таквите гомненици во форма на атентати, бомби и слични прикаски; второ, човекот има медиуми кои си дозволуваат да го кршат убавото правило кое вели дека некое време нацијата треба да се поштеди од мислењата, ставовите и идеите на човекот кој дванаесет години бил апсолутна власт!

Груевски може да биде медиумски атрактивен само во рамките на правните процеси што против него се водат и допрва ќе се водат или по некои други детали, ако некој посака да му изврши атентат и слично, но за тековни работи, посебно, пак, за новата власт, не смее да му се отстапи ниту една милисекунда!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња