Четири изутрина

03.08.2017 17:21

Час помеѓу ноќта и денот.
Час на превртување од една страна на друга.
Час за триесетгодишници.

Посакуваниот час со пеење на петлите.
Часот кога земјата се откажува од нас.
Часот кога дува од изгаснатите ѕвезди.
Часот а‒зарем‒по‒нас‒ништо‒не‒ќе‒остане.

Час празен.
Глув, суетен.
Дно на сите други часови.

Никому не е добро во четири изутрина.
Ако на мравките им е добро во четири изутрина
‒ да им честитаме на мравките. И нека дојде петтиот час,
доколку треба понатаму да се живее.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото