Томоми Мизукоши

19.08.17 14:37

Јапонската илустраторка Томоми Мизукоши создава специфичен визуелен свет во кој дивата имагинација е геометриски подредена. Таа користи линијари додека ги создава формите на илустрациите, создавајќи неочекувана „среденост“ во надреалните илустрации.

Таа вели дека се инспирира од секојдневниот живот и предметите од блиското опкружување, како растенијата, производите во супермаркетите и од градилиштата, а често добива идеи за цртање додека се шета по улиците.

Кога зборува за пресудното влијание врз нејзиниот стил, ги споменува илустрациите на Терухико Јумура, во стилот Heta-uma, јапонско манга движење од 1970-тите, кое во превод отприлика значи „лошо, но добро“. Овој стил се карактеризира со лоши цртежи, во кои сепак се препознава „естетски свесен квалитет“ надвор од традиционалниот „исполиран“ стил на мангата.

Извор: It's Nice That

ОкоБоли главаВицФото