Додека смртта не нè раздели

09.11.17 12:57

Водена од фактот дека во Македонија има повеќе од 100 села во кои живеат помалку од десет жители, Елена Героска се посветила на серијалот „Додека смртта не нè раздели“ кој настанал во мариовското село Витолиште, на југот од Македонија. Некогаш центар на регионот, денес Витолиште е село на духови, музеј на урнатини на отворено. Во овој регион нема градови, туку само опустошени села од кои луѓето емигрирале главно во САД, Канада и Австралија.

Јунак на нејзините фотографии е Сиве (83), единствениот член на семејството кој одлучил да остане во Витолиште. „Овде сум роден и овде ќе умрам“, одлучен е Сиве, последниот жител на Витолиште.

Извор: XXZ Magazin

Слични содржини

Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото