Се шири културата на грабежот

05.12.2017 23:56
Се шири културата на грабежот

Сите сме импресионирани со нивото на кое алчноста ја преживеа смената на власта. И ги совладува очекувањата што ги формиравме во врска со тој епохален чин. Уште повеќе, на фонот на политичките промени и на очекувањата од тие промени, лоповските апетити стануваат не само повидливи туку и поиритантни. Нанесуваат огромни политички, морални и материјално-финансиски штети.

Можеби најголемата штета ја прават во ширењето на културата на сеопштиот грабеж, што е катастрофа сама по себе, а особено во комбинација со отпорано урнисаната култура на трудот и кариерата втемелена на работа, самопрегор и талент. Проследено со некое чудно морализирање кое на криминалите гледа со некаква доза на симпатија. И со оправдувачкиот став дека отсекогаш било така, дека тоа е во нашите карактери и менталитети, во нашата култура, односно дека не можеме ние да очекуваме од нас да не крадеме! Ширењето на таа и таква култура може да има драматични последици во можната екпсплозија на општиот грабеж во кој на предхобсовски начин ќе се вклучат и оние кои немаат формални покритија, секој секого ќе краде во општиот галоп кон целосен хаос.

Овие од ДИК како и претходно пратениците во таканареченото собрание или оној Аргентинец од Агенцијата за тутуризам се на границата на формалното нарушување на законите, но со суштината на своите алчни постапки прават и формални основи да бидат гонети. Да не правиме муабет дека ја растураат моралнополитичката основа на новата власт и кодексот на кој таа се темели.

Ние сме потонати во длабока морална мил и во таква стуација наивно е да се оди на расчистување на проблемите со повикување на институтот оставка или со враќањето на парите како доволна казна. Остануваат две или три решенија: строго толкување и примена на законските одредби, со приведување, притворање и судско процесуирање, со максимално можно спуштање на критериумите, користење на административните регули за итно разрешување, преместување, суспендирање и, конечно, високи и категорични политички изјави и осуди. Се разбира, и нови законски регулации за проблемот на грабежот врз онсова на службените овластувања.

Ситуацијата е сериозна.

На тоа укажува интервенцијата на Бејли.

Не, односно не само на тоа дека некои државни службеници зеле по некоја плата повеќе, туку на феноменот кој загрижува и кој бара експресна и темелна, истовремено, реакција од највисоко ниво.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слики: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото