Дали новата премиерка на Исланд ќе успее да го заврши мандатот?

07.12.2017 11:51
Дали новата премиерка на Исланд ќе успее да го заврши мандатот?

Десничарската Прогресивна партија и Зелените од левицата ја предводат новата коалициска влада на Исланд, ова е резултат на преговорите што траеја неколку недели, бидејќи владата се состои од партии од целиот политички спектрум.

Катрин Јакобсдотир, лидерката на Зелените, е нова премиерка на Исланд, иако со повеќето министерства ќе раководат претставници на центристичко десничарската партија „Независност“, која освои најмногу гласови на изборите на 28 октомври.
Прогресивната партија, пак, која е популистичка и аграрна партија и која ги претставува интересите на земјоделците, ќе ги води министерствата за транспорт, образование и благосостојба.

Зелените ќе бидат задолжени и за министерството за здравство и за животна средина, за што ветија дека ќе го однесат Исланд подалеку од Парискиот договор за намалување на ефектите на стаклена градина. Партијата освои 16,9 отсто од гласовите на анкетата спроведена годинава.

Партијата „Независност“, која освои 25,2 отсто од гласовите, доминираше во речиси секоја влада на Исланд од Втората светска војна и ќе управува со министерствата за финансии, надворешни работи, за риболов и бизнис.
Бјарини Бенедиктсон, кој, пред изборите беше премиер, ќе се врати во владата како министер за финансии.
Договорот со двете партии од десницата е контроверзен за левичарското зелено движење и е придружен со противење на дел од членовите, вклучувајќи ги и неговите пратеници.

Сепак, раководствата на партиите го оправдуваат овој невообичаен сојуз, велејќи дека сакаат да ја вратат стабилноста на политичкиот систем на Исланд, држава која опстојуваше во услови на колапс на владите, по изборите во 2013, 2016 и 2017 година. Земјата, исто така, имаше предвремени избори во 2009 година.

Владата ја чека тешка борба, со оглед на тоа што ниту една трипартиска коалициона влада во Исланд досега не успеала да опстане цел мандат.

Во коалиционата влада не влегоа социјалдемократите и станаа најголема опозициска партија. Тие се надеваат дека ќе се опорават по големиот пораз кога освоија само 5,7 отсто од гласовите на изборите во 2016 година.
Претходната влада на Исланд предводена од партијата „Независност“ се распадна поради педофилски скандал. Земјата, која е надвор од ЕУ, но е во рамките на Европската економска област, доживеа брз економски раст во својот туристички сектор, откако преживеа тежок удар за време на финансиската криза.

Извор: The Independent