Отворање на погледот

10.09.2010 12:21
Отворање на погледот

Архитектонско-уметничките потфати на Груевски и ДПМНЕ ќе се изучуваат по архитектонските школи како што на љубљанската филмска академија се изучуваа филмовите на Љубиша Георгиевски: тие се ултимативни примери како не треба да се работи.

Тоа повеќе-помалку им станува јасно на сите; и на упатените, кои знаат дека станува збор за дивјаштво на дилетанти, и на неупатените, кои сфаќаат дека потфатите на власта се комбинација од пљачкање и мачкање очи. Дојдовме во фаза, значи, кога сите знаат што е работата, но не можејќи да го прекинат лудилото на насилниците, повеќето разумни луѓе (од Асоцијацијата на архитекти, на пример) се обидуваат да ги ограничат штетите. Тоа е стратегија добро позната кај семејното насилство или кај зависниците од дрога. Просто целата околина учи да го трпи алкохолизираниот агресивен татко; тој може да вика, може да крши, може по малку дури и да тепа, само да не вади оружје и да нема смртни исходи. Харм ридакшн стратегија на паланечки начин - тоа е, се чини, сè што граѓанинот може да преземе пред насилството на посилниот.

Но, тоа не е доволно. Не е доволно само да констатираме дека дојде времето на малите глави со дебели вратови и дека денес владее сељачаната. Ако воопшто постои нешто добро во фактот што вакви јата скакулци завладеаја со Македонија, тогаш доброто е во изнудената потреба од будење, мислење и преземање. Господ не нè казнува со опустошувачките јата, туку ни дава шанса да создадеме подобро општество.

На пример, божем аргумент против „сељачаната“ е што во светот се градат спектакуларни згради од архитектонски ѕвезди (новиот грчки музеј под Акропол чини над 150 милиони евра; новиот загрепски Музеј на современата уметност надмина 100 милиони евра итн.); за разлика од светските трендови нашиве очни молери градат идентитетски фасади, лажејќи го народот дека за 80 милиони евра ќе изградат 15 антички згради, мост и стотина скулптури. Но, архитектурата на спектаклот не е одговор на архитектурата сфатена како Потемкиново село. А тие одговори ние не ги даваме (каква, всушност, архитектура ни треба?; каква стратегија за развој, какви градови итн.), туку целата сила ја трошиме во стаписаноста пред агресивноста на фасадерите на груевизмот.

Никој кај нас не зборува дека и во светот архитектурата служи за мамење и за анестизирање. Марко Санчанин, хрватски архитект и активист, тврди дека современата архитектура во огромен дел е тривијална и е во функција на анестизирање на граѓаните. Големите и скапи проекти на светските селебрити архитекти и дизајнери не значат автоматски квалитетна и хумана архитектура.

Многу често селебрити архитектурата само ги опслужува агресивните потреби на културните пазари (музеите), медиумската површност на жолтото новинарство (куќите и викендичките на богаташите) и популистичката испразност на општествените елити (спортски арени и фудбалски стадиони). Наместо да ги ослободува луѓето таквата селебрити архитектура најчесто ја поттикнува социјалната исклученост. Но, нема лесни формули како може да се надмине културата (естетиката) на анестетиката. За архитектурата да има ослободувачка и терапевтска задача наместо да ја зголемува загубата на егзистенцијална смисла, мораме да мислиме за мноштвото видливи и невидливи начини на коишто архитектурата е поврзана со културната стварност на своето време.

Еден друг критичар на архитектурата, Дејвид Мајкл Левин, вели дека современата архитектура станува роб на сликата и на површноста: „Мислам дека е добро да се доведе во прашање хегемонијата на сликата, таа сосредоточеност на нашата култура врз сликата. Исто така сметам дека мораме критички да ја разгледаме природата на сликата која доминира со нашиот свет. Итно е потребна дијагноза за психосоцијалната патологија на она што секојдневно го гледаме - и критичка оценка на самите себеси како суштества на сликата. (...) Во сликата е присутна снажната потреба по моќ. Во неа е мошне силна тенденцијата да завладее и врзе, да го материјализира апстрактното и да сумира: а тоа е стремеж кон доминација, стремеж да се осигура и контролира, што на крајот - со оглед дека било снажно поттикнувано - доведе до нејзина недвосмислена хегемонија во нашата култура...“

Во својата книга Отворање на погледот: нихилизмот и постмодерната состојба Левин разликува два вида гледање: „асерторичкиот поглед“ и „алеатичниот поглед“. По негово мислење, асерторичкиот поглед е тесен и догматичен, нетолерантен, укочен, неприлагодлив, исклучив и непопустлив. Спротивно на тоа, алеатичниот поглед е поврзан со херменевтичката теорија на вистината, настојува да набљудува од различни стојалишта и перспективи, повеќекратен е, плуралистичен, демократски, контекстуален, опфаќачки, хоризонтален и сочувствителен.

Левин смета дека, за среќа, сè повеќе се појавуваат нови начини на гледање. Тие нови начини на гледање ќе треба да ни овозможат не само подобра архитектура, туку и култура (на живеењето) воопшто. Како што вели Сенчанин, добрата архитектура не смее да биде тривијална. Поточно речено, добрата архитектура не смее да биде во функција на репресивната баналност на модерните општества. Добрата архитектура треба да биде сублимирано искуство кое ги обединува технолошките достигнувања, културните идентитети и политичките антагонизми.

Извор: Глобус, 06.09.10.

слики: Mike Worrall

слична статија на

слична статија на Гелевски:
http://www.okno.mk/node/5636

 Браво Гелевски! Секоја чест!

 Браво Гелевски! Секоја чест! Кај сте архитектиии?

 Imas li nekoi drugiidei za

 Imas li nekoi drugiidei za temi? Premnogu e "poveke od istoto". Ti nedostiga inspiracija, ocigledno. 
 

 И повторно сељаци,

 И повторно сељаци, дивјаци...а зад проектите стојат магистри,доктори на науки, професори архитекти и градежници. Употребените епитети повеќе говорат за авторот отколку за споменатите успешни и признати луѓе (каков што не е авторот). И пак некој ако каже го прочита ли текстот ќе му кажам да and it sucks big time. Нема никаква поента цитати од двајца автори нешо замаглено архитектурата станува роб и така натака колку да се пополни простор. И зашо некој што е по професија (не знам уствари што е Гелевски ако има воопшто професија) мисли дека треба да подучува некого за архитектура?

 кликна „Одговор“

 кликна „Одговор“ и пишува:
 
На сон веќе да сонам, знам што може Гелевски да напише. Навика ли му е, опсесија ли му е, професионален ангажман ли му е, фиксација ли му е, не знам. Можеби треба да го прашаме него лично.
 
Инаку, зошто има потреба тој да подучува други за нивната сопствена професија?
 
Одговор: бидејќи можеби (најверојатно) е нереализиран во својата професија. Која и да е таа (видиш, ни јас не знам).
 
Знае ли некој? Гелевски, ако не’ читаш, те замолувам да не’ удостоиш со одговор на прашањања (чисто онака, за да не се рециклираат).

На пациентиве Билобил и Фројд

На пациентиве Билобил и Фројд им треба помош. И ради тоа Окно е добро, ваквите несреќници да имаат кај да кажат понекој (идиотски) збор. Ко ќе дое некоја понормална влада ќе предложам програма за спас на ваквите идиоти, налик на успешната холандска програма за спречување насилство меѓу адолесценти. Млади волонтери во Холандија секојдневно од доцна попладне до доцна во ноќта на велосипеди ги обиколуваат градските "no go" зони, квартовите кајшто постои опасност од насилство. Кога ќе налетаат на таква ситуација, волонтерите најпрвин се обидуваат да го решат проблемот со разговор, со убедување, а ако тоа не помога, викаат полиција. Волонтерите имаат свои униформи и ознаки, така што граѓаните се чувствуваат позаштитени и знаат кому да се обратат за помош, ако затреба.
Дотогаш, дур не се пронајде институционална заштита од просташтвото и насилството (главно генерирано од вмро, и богами доста раширено и низ интернетскиве „квартови“) - Окно е супер замена. Кажете си слободно, Билобил и Фројд. Слушаме и помагаме.

 Значи, ќе се повторам:   Што

 Значи, ќе се повторам:
 
Што има завршено Гелевски?
 
Што е Гелевски по професија?
 
За хонорари нема да прашувам, да не се вади на жена му. Или на идеали.

Еве одговор, за Билобил, од

Еве одговор, за Билобил, од самиот Гелевски, во еден коментар на Окно од пред околу два месеци (http://www.okno.mk/node/6572):
Не терам пропаганда. За разлика од платените партиски војници и вообичаениот сеирџиски шљам (кој е можеби и посериозен проблем за мк од евидентно самоубиствената партизираност на општеството). Сметам дека груевизмот е исклучително опасен и дека веќе ни ја расплака мајката, длабоко, на сите рамништа на општественото живеење. Да не се занимавам со тоа, би се осеќал ко неодговорно, ескапистичко ѓубре.
Да ми беше целта личниот ќар и кариерата, немаше да зуцнам за никаква политика и власт изминативе 20 години, колку што сум, више-мање, на јавнава сцена. Ќе терав уз ветар, со сите, ко што праат повеќето актери, чувствувајќи се удобно и интелигентно. Да бев таков, само од Грујо, на пример, само да се бавев со издаваштво (мојата примарна професија) ќе добиев за пар години пари ко што нема да добијам за целиот работен век.
Сметам дека примарна задача на било кој јавен актер (уметник, колумнист, филозоф, професор итн.) е чувството на општествена одговорност. Дури сметам дека било која уметност или литература која го нема тоа чувство - е празна, декоративна, илустративна (т.е. ритуална и церемонијална, згодна за најразлична злоупотреба). За токму да створам, значи, елементарни претпоставки да се бавам со издаваштво или со пишување, морам да покажам, во некаква форма, некаква одговорност за заедницата, за јавното. Не е ништо комплицирано. Целата историја се состои во такви борби. И спремен сум да ги издржам ризиците, оти и пред мене луѓе издржувале многу многу поголеми ризици - и истрајувале во таа борба за слобода, еманципација, демократија.
Ваквите идиоти ко што ги негува фамилијата, истренирани питбулчиња за виртуелни угризи, се историска фарса, ко и самата фамилија. Се’ им е сфатено ко мафијашка борба на кланови, и оттаму постојаното драматично повикување на пропаганда, контрапропаганда, (контра)разузнавање итн... Идиоти се, јебига, но кармата ни е таква, на почвава, не можеме да ги бираме соперниците. Просто: во борба сме. Ние, шака малубројни идеалисти и кретени (според нив) се бориме за една нормална демократска слободна Македонија, која почива на поединецот, на креативноста и постојаното менување. Тие (според мене: ноторни идиоти, а дел од нив и мафијаши во служба на разноразните фамилии) мислат дека реалноста на мк е далеку од некаков сон за слобода и за демократија и дека дивиот глупав и сиромашен народ треба да се држи во пранги со бајки за нацијата и за клетите душмани што сакаат да ни ја земат срцевината. Можно е вториве да се мнозинство, не негирам. Можно е дел од нивната аргументација да е валиден. Но, повторувам, во борба сме. Која не е лична, се разбира, барем во мојот случај, зашто наспроти мене и не гледам личности, туку само некакви пропагандни призраци... Но, борбата е сериозна, оти е за слобода и за достоинство и за можноста да се има барем некаква надеж, ако не во денешна груевистичка мк, тогаш барем во некоја утрешна...

Добар ден, добри луѓе!   Што

Добар ден, добри луѓе!
 
Што е во ред (и со што немам никаков проблем):
 
Да ми беше целта личниот ќар и кариерата, немаше да зуцнам за никаква политика и власт изминативе 20 години, колку што сум, више-мање, на јавнава сцена. Ќе терав уз ветар, со сите, ко што праат повеќето актери, чувствувајќи се удобно и интелигентно. 
[...]
Сметам дека примарна задача на било кој јавен актер (уметник, колумнист, филозоф, професор итн.) е чувството на општествена одговорност. Дури сметам дека било која уметност или литература која го нема тоа чувство - е празна, декоративна, илустративна (т.е. ритуална и церемонијална, згодна за најразлична злоупотреба). За токму да створам, значи, елементарни претпоставки да се бавам со издаваштво или со пишување, морам да покажам, во некаква форма, некаква одговорност за заедницата, за јавното. Не е ништо комплицирано. Целата историја се состои во такви борби. И спремен сум да ги издржам ризиците, оти и пред мене луѓе издржувале многу многу поголеми ризици - и истрајувале во таа борба за слобода, еманципација, демократија.
 
Што НЕ е во ред:
 
Ваквите идиоти ко што ги негува фамилијата, истренирани питбулчиња за виртуелни угризи, се историска фарса, ко и самата фамилија. Се’ им е сфатено ко мафијашка борба на кланови, и оттаму постојаното драматично повикување на пропаганда, контрапропаганда, (контра)разузнавање итн... Идиоти се, јебига, но кармата ни е таква, на почвава, не можеме да ги бираме соперниците.
[...]
За разлика од платените партиски војници и вообичаениот сеирџиски шљам (кој е можеби и посериозен проблем за мк од евидентно самоубиствената партизираност на општеството). Сметам дека груевизмот е исклучително опасен и дека веќе ни ја расплака мајката, длабоко, на сите рамништа на општественото живеење. 
[...]
Тие (според мене: ноторни идиоти, а дел од нив и мафијаши во служба на разноразните фамилии) мислат дека реалноста на мк е далеку од некаков сон за слобода и за демократија и дека дивиот глупав и сиромашен народ треба да се држи во пранги со бајки занацијата и за клетите душмани што сакаат да ни ја земат срцевината.
[...]
Која не е лична, се разбира, барем во мојот случај, зашто наспроти мене и не гледам личности, туку само некакви пропагандни призраци... 
 
Конфликти:

  • Не терам пропаганда. 

е во конфликт со: која не е лична, ... наспроти мене и не гледам личности, туку само некакви пропагандни призраци... 
 
Зошто? Бидејќи започнуваш лично (Ти, наводно, не тераш пропаганда), а заклучуваш нелично, општо, или како дел од некоја група (ние), која спроти себе не гледа(ш) личности (многу гнасна изјава која ти функционира како миење на рацете од каква било одговорност да ги почитуваш твоите читатели, и коментатори овде), со што си даваш за право секој кој не се согласува со тебе (или со твоето ние) да го прогласиш за испран мозок, деген, или да го жигосаш (неодговорно, инстант и бланко) со некоја од навредите погоре (ти ги болдирав). Со ова, ти де факто во старт минираш, отстрануваш, превенираш секаков обид за дијалог. А без дијалог нема комуникација, без која пак: нема општествена промена (освен по пат на сила или силување, кои може но и не мора да бидат буквално сфатени).
 
Се’ на се’, првпат читам став кој во себе ја стандардизира пораката дека со навреди ќе постигне нешто. Оти секој твој „став“ и коментар на тоа и се сведува. Погледни само погоре и изброј ги болдираните зборови: ќе те удри дамла од бројот на навреди кои си расположен да ги упатуваш (а сети се: навредата тежи исто колку и еден аргумент, ама во минус). А пуританец не сум, меѓутоа кога веќе лепиш навреди на одредена група луѓе од која сите поединци тие епитети не ги заслужуваат (да веруваш дека е обратно значи дека си непоправливо патолошки луд) - тоа веќе граничи со говор на омраза, и може да биде разгледувано па и санкционирано како говор на омраза. (И сега ми текнува на спорот што го изгуби против Латас. Не ме ни чуди, со твојов вокабулар).
 

  • Можно е дел од нивната аргументација да е валиден. 

е во конфликт со:
идиоти, шљам, питбули, фамилија, мафијаши, кланови, наспроти мене и не гледам личности, туку само некакви пропагандни призраци... ...
 
Зошто? Бидејќи воопшто не си спремен да разгледаш или уважиш дел од таа, нивната аргументација. Ја сосечуваш во корен, и ја фрлаш на куп со остатокот идиоти, шљамови, мафијаши и што се не, во (баш) нацистички манир.
 
А не сум многу сигурен дека твоето плукање и мижење на таа нивна аргументација (која можеби е валидна), и која (сакал ти или не) е уважена од голем број луѓе (значи: не шљамови, мајмуни, идиоти или мафијаши, туку луѓе) - е во функција на остварување на слобода, еманципација и демократија (твои зборови).
 
Значи: ако тебе ти е дојдено до слобода, демократија и еманципација (последново малце демоде, но ај), тогаш модерирај се сам себе и престани на соговорникот да гледаш како на пропаганден призрак, и почни да го гледаш како личност. И те молам, одвој малце време да ги уважиш валидните аргументи.
 
Според тонов на писанијава твои, тебе очигледно НЕ ти е дојдено до слободна, демократска и еманципирана Македонија. Многу повеќе ти е дојдено до негруевистичка Македонија (каква и да е таа, еј!). 
 
Така почитуван Гелевски? Така. Идеме даље.
 

  • Просто: во борба сме.  [...] Но, повторувам, во борба сме. Која не е лична, се разбира, барем во мојот случај, зашто наспроти мене и не гледам личности, туку само некакви пропагандни призраци... Но, борбата е сериозна, оти е за слобода и за достоинство и за можноста да се има барем некаква надеж, ако не во денешна груевистичка мк, тогаш барем во некоја утрешна...

е во конфликт со:
„Грујо и ВМРОВЦИ го поделија народот и го разединија, створија вештачки поделби!“ (стална тема на Окно, и дел од „Листата на патетични (само)сожалувања и лаги“ составена од страна на ГЕМашите, чиј член е и Гелевски).
 
Зошто? Значи ако уште еднаш чујам, или прочитам, од тебе, Гелевски, дека „Фирерот“ Грујо го дели овој народ на наши и ваши, на ние и вие, на антички македонци и словени македонци (Груевски: „Не постојат антички македонци и словени македонци - постојат само македонци“) - ти, Гелевски, ќе треба да си ги изедеш врвцките на патиките. Или барем да си го скршиш пенкалото на две. Или барем да си ја удриш тоа тастатурата од глава за да ти проработи тоа мозокот и да видиш што пишуваш.
 
Значи ти (и оние твоите) сте во БОРБА (види мајката, кој непристрасен, необоен, непропаганден збор! Хинт: ти фали „народна“) со оние другите (удобно поделени на идиоти вмровци и сеирџиски шљам), а сепак види мајката, ти не си правел никаква поделба и си кротко, питомо јагне кое лош збор не кажува нит мисли, види богати! Па уште и ако тоа не упали: ти имаш право да навредуваш и делиш така (слобода на говор!), НО, другите таа привилегија не смеат да ја имаат (така ли е, комуњару)? Да а? Или не? Што ќе биде?
 
Меѓу мене и тебе има разлика: ти уште го цицаш веслото на навредите, убеден дека на некој негде му праиш некој аир (освен на себе и хонорарот твој, друг аир ја не гледам). Има луѓе што ја надраснале таа веслачка фаза и всушност размислуваат пред да напишат нешто, наместо да праат пастиши од туѓи цитати прошарани со колаж на тема архитектура.
 
Ти, и твојата дружина, кои за мене, за сите вмровци (ај нека бидат сите де!), и за мнозината Македонци (во Република Македонија и надвор од неа) го измисливте називот македоноиди, ТИ најде да кажуваш кој правел поделби и кој го разнебитувал народот? И после се чудиш зошто скоро никој не те сфаќа сериозно ниту те чита нешто посветено? Всушност не! Еве сме, ние критичарите во зародиш, се учиме на тебе ко на полигон: кога и да сврти човек овде, секогаш ќе најде барем 10 логички утки кои Коља секогаш со грижа свежи ги сервирал. Ах да, ќе заборавев: сеприсутна е и roxy која со љубов, почит и интелектуална наивност секогаш ги восприема Вашите возвишени писанија. И повремените анонимни сопка-експерти.
 
За крај, иронично да заклучам:
 
Не, ти не тераш пропаганда. Ти само секоја недела пишуваш по еден политички памфлет.
 
Не, ти не правиш поделби. Ти само знаеш дека мнозинството граѓани се шљам (инаку, се пишува шлајм), идиоти, груевисти, македоноиди, небањати, мафијаши, клански поглавари, и пропагандни призраци. Остатокот си ти, и твоите ние. Едно мало, лицемерно ние. Колку брои? 5? 50? 500? 5000? 50.000? Жалам.
 
Не, ти немаш ништо против демократска, слободна, и еманципирана Македонија. Ти само еднаш неделно, го спремаш твојот наци-шовинистички жиг, и на секој вмровец и неевропски Македонец му лепиш по една убава, Давидова ѕвезда - да се знае дека е нижа врста, дека овде не припаѓа, и дека срдечно му посакуваш еден убав конц-логор. 
 
Ајде сега поздрав до гостилницата Окно, на која Никола Гелевски* секое утро обесува знак: 
 
„ЗАБРАНЕТО ЗА КУЧИЊА, ВМРОВЦИ И (НЕЕВРОПСКИ) МАКЕДОНЦИ“
 
*Никола Гелевски е аполитичен, непристрасен, професионален и објективен критичар и новинар. Тој секогаш и секаде и’ го мисли доброто на Македонија и на сите нејзини граѓани, од кои повеќето искрено ги презира бидејќи се, за волја на вистината - ВМРОвци, идиоти, мафијаши, призраци, испрани мозоци, дегени, сељаци, земјоделци, шљам, и друг вид Македонци кои не прифаќаат промена на државата за влез во ЕУ/НАТО и/или немаат ништо против, или пак го одобруваат проектот Скопје 2014.

 Бре бре Гелевски е значи

 Бре бре Гелевски е значи самопрогласен мудрец кој ќе не избави нас сељачиштата,простаците,малограѓаните од зачмаеноста во која тонеме и го повлекуваме општеството. Вистински мудрец не се крие позади еден куп навреди за да искаже некаков свој став. btw што врска имаше холандската програма со ситуацијава овде? или тоа е најново нешто што го прочита ти се виде интересно и го залепи овде? Додека Гелевски квазиинтелектуално се обидува да омаловажи нечија работа во Скопје се гради, во Охрид се гради и тоа не зборам само за државни објекти и приватните објекти си врват со одличен интензитет. Единтвено нешто константно е мрчењето на Гелевски и пазете он има образ некого да нарече сеирџија. Па тоа е неговата професија - сеирџија, за тоа има и завршено такво школо какво што има.
P.S. поздрав до Форте се гледаме на следниот текст од гелевски во кој очекувам да се осврне на земјоделието пошто е експерт за се (а всушност за ништо).

Не мора Гелевски ниту да биде

Не мора Гелевски ниту да биде нов, ниту интересен, ниту да биде стручњак од архитектура. Негова работа и проценка е за кои теми и како ќе пишува.
Она што треба да биде пракса во нормална средина е државниот апарат да биде служба, администрација. Да си ја врши писарската работа и да не остави нас граѓаниве на раат.
Што ви значи тоа на вас ВМРО-вциве се гради!? Па кога стана Скопје олку пространо? Цела населба Аеродром и Ново Лисиче се изградија во социјализмот па не се покакуваа со фалби и реклами. Да не зборам за  цел Карпош, болници, трговски центар, таетри, или пошироко рафинерија, автопат, аеродром. За ВМРО е проблем со готови пари нешто да успее да купи како што треба. Или ќе го утнат рокот, или нема спецификација, или е грдо, или нефункционално, или несинхронизирано, или нема одржување, или нема резервни делови, или прокиснува, или веќе било набавено па не било потребно, ... За авантите што се земаат да не зборуваме. И тоа го викате проекти и програма. Господ да не чува. Не сељаци, чума се црна зададе! Ама така ни било пишано.
 
Не се согласувам со Коља, јас мислам дека нема чаре и  нема помош.
Гелевски ја го читал ја не? Никој не те присилува. А сељачиштата за жал ни определуваат(е) норми и вредности?!

 Ах, да, во право

 Ах, да, во право си!
 
Објектите почна да протекуваат откако Груевски дојде на власт! Исто така, пред да дојде Груевски на власт се беше во топ форма! Медицинска опрема џам, што да ти кажувам - болниците сите со еркондишни, абе парно не можеш да најдеш, а подовите и купатилата по школите беа да ги лижеш! Влајко е лепотан, доби престижна награда за архитектура кога го изградија (пред Груевски, фала Богу!), а во претходните 15 години пред да дојде истиот тој Груевски на власт, во Македонија се изградија сииииииите споменици, се обновија железниците, се набавија нови автобуси, Македонија стана членка на Европската Унија и НАТО, садевме 10 пати повеќе дрва него што насади Грујо, беа изградени 150 спортски сали, студирањето на универзитет беше БЕСПЛАТНО, и сите имаа компјутери и џам интернет за мноооогу ефтино!
 
Али Груевски дојде на власт и све ова уништи! Дури и од НАТО и ЕУ не избркаа, а покривите одма протекоа, пу!
 
Ах, камо да се врати времето назад, пред Грујо... =(

...зад проектите стојат

...зад проектите стојат магистри,доктори на науки, професори архитекти и градежници...успешни и признати луѓе.
А можеби Д-р Фројд знае некого да наведе по име, или да појасни како поточно го добиле признанието на другите?
Или се анонимни, исто како и мојот коментар. :)

 Значи за изградбата на

 Значи за изградбата на објектите мислам за театарот беше изведувачот излезе со податок за тоа кој се учествува во проектот наброја еден проф. д-р, неколку магистри и други луѓе што одамна се во професијата. Не знам какви имиња да ти набројам, не пратам толку архитектура. И ја пропушташ главната поента од мојот одговор а тоа е дека не можеш бе брат со такви зборови да напаѓаш особено кога немаш врска од нешто. 

Колку сакам да видам една

Колку сакам да видам една слика коља до коња?

Не съм запознат детайлно с

Не съм запознат детайлно с проекта и изпълнението му НО СТАТИЯТА НА ГЕЛЕВСКИ Е СУПЕР НАПИСАНА.

 Фабриката си работи

 Фабриката си работи пак.Истите ликови, истите тези, истите навреди.Жалосно е луѓе што се во таков шаблон да зборуваат за вредности.Политички проститутки (да не употребам потешки зборови, иако и тие би биле оправдани) ни пропагираат прави вредности, не просветлуваат, ќе не изведуваат на прав пат...Жалосно.И баш би сакал да знам што е по професија господинот Гелевски.Каде се има образувано, кои се неговите достигнувања.И најповеќе ме интересира како ги дефинира сељаците.Дали е сељак секој кој не се согласува со него?Секој кој ја подржува владата?

 Звонко, не знаеш?   Според

 Звонко, не знаеш?
 
Според Гелевски: ВМРОвците, неевропските Македонци и другите сељаци се новите Евреи.
 
Ја и ти раче под раче, и правец концентрационен логор. Друго чаре нема.
 
Со умов, боље Грујо доживотен император, него Гелевски 2 години на власт. Ни се еба мамата тек тогаш...

Скопје 2014 = сублимирано

Скопје 2014 = сублимирано искуство кое ги обединува технолошките достигнувања, културните идентитети и политичките антагонизми.

Откако груевизмот

Откако груевизмот („преродбата“) ја опустоши земјава, во еден жесток четиригодишен налет, баш како јато скакулци, самите груевисти рипаат и врескаат (ко Билобил овде) дека никој нема право да ги демонизира и напаѓа?! А притоа се’ што направија во овие 4 години е екстремно подигање на тензиите, напаѓање на се’ и сешто, од малубројните ЕУ и граѓански ориентирани луѓе до спектакуларните апсења на опозиционери. Токму Гелевски, особено во првите две години од власта на изродбата, низа пати апелирал да се смират разјарените изродбеници, низа пати укажувал дека тој што пука со пропагандата од пропаганда ќе настрада - џабе. Цело време произведување непријатели - тоа беше целата изродба. Се’ саде македонски душмани, 0д Грција, Бугарија, ЕУ и Америка до домашните предавници, шиптарите и другите нелојални малцинства (Вуна, еден од најпопуларните колмнисти на Окно, низа пати на порталов бил напаѓан ко Влав; Ирена Цветковиќ била вербално масакрирана од подрумските другарчиња-штакорчиња на Билобил; ко и секој што се осмелил да мисли со своја глава, наспроти пропагандните вистини на власта).
Ваков разјеб, ко што доживеа изминативе 4 години, земјава нема доживеано од 45 навака. Притоа, башка политичкото лудило и агресивноста, земјата беше максимално опљачкана! Груевистите потрошија над десет милијарди евра, ко да се семејно наследство; нит да се праша, нит да се консултира, провери... Што се однесува до конкретниот проект „СК 2014“, тоа е најагресивниот и најсамоволниот проект од 45 навака. Сам, преку ноќ, си донесуваш урбанистички планови, сам исцртуваш стилови (откоа си го променил идентитетот на нацијата во антички, туку-така, и покрај што куп луѓе те предупредувале дека праиш тешки фаули, ненадокнадиви), сам бираш подобни изведувачи - и се’ сосема во мрак, сосема одвоено од граѓаните кои треба да живеат меѓу кошмарните фигури од сништата на пастирот. Кој ги тепаше студентите на плоштад? Студентите што добија ќотек - добија и пријави за дигање џева на плоштад! Латас на суд доби процес против Гелевски за навреда! (Латас, еј!, навреден)
И притоа вакви партиски имбецили и штакори налик на Билобил ронат солзи дека са биле репресирани?! Види молим те?! Изложени на клевети и навреди?! И тоа од Гелевски, ни више ни мање, страшниот прогонувач на се’ вмровско?!
Абе, идиоти-изродбеници: 4 години ви збориме дека си живеете во својата пропагандна халуцинација, и вие пак си терате по свое; вие сте опозиција, вие сте јадни, вие сте изложени на притисоци и шиканирања... Да не веруа чоек... Вие сте пристојни и културни (еве примери: Гоца, Ставре, да не збориме за пресветата еманација на финоста ем нежноста - свети црни Груица), а чудовишниот Гелевски, од најмрачните зони на агресијата, андерграундот, примитивноста, со еден екстремно непримерен и уличарски јазик ги раскантуе нежностиве?!
Многу работа со вас, Билобил, ќе имаат не само јавните обвинители и цајканите, туку и психијатрите; ваквата забеганост стварно е...
 

О, но никој нема проблем со

О, но никој нема проблем со нападите - се’ додека се аргументирани, наместо да бидат голи навреди.
 
Проблем ни со демонизирањата немам, мил Окнаш, но тие демонизирања (туго туго, на ниво на мрачна црква сте паднале) никако не им помагаат на граѓаните, а напротив, им олеснуваат на оние што толку љубите да ги мразите - „груевистите“. Зошто? Оти дефакто со демонизирања и навреди не сте им никаква опозиција. Они немаат опозиција. Секој може да навредува и демонизира, такви не’ има од сите страни, па никому ништо - по основ на тоа, а Гелевски навредил, а ти, мил Окнашу, си го навредул Грујо - на никој не му чуе.
 
Со навреди да се правеше држава, до сега КПД Идризово ќе прогласеше независност и ќе беше утопистички рај на Земјава. Или па еве: немањето почит кон другиот или домашно воспитување, или пак - култура, ќе беше одлика на најнапредните цивилизации на планетата Земја. Меѓутоа - аш - таква цивилизација нема, не постои. Just giving you a hint зашто реторикава ви е јалова, мајке ми.
 
А богами и досадничка и предвидлива. Па мајка му стара, магаре да беше ќе сфатеше дека од навреди и (уф, зборов) демонизирања нема аир. Поздрав, ме чека ручек.
 

Една интересна психолошка

Една интересна психолошка црта кај „преродбенициве“ има и, ми се чини, важно политичко значење: тие предизвикуваат сожалување. Тие предизвикуваат грижа на совест кај поумните, кај попристојните, кај побогатите... Сум го забележал тоа и кај коментарите на „Окно“; голем дел од поразумните, пообразованите и компетентните отстапуваат пред агресивноста и просташтвата на „преродбениците“, делумно и зашто им е жал; зашто полугите на моќта (знаењето, донесувањето одлуки, комплексното согледување итн.) некако не се праведно распределени, тоа сите некако го чувствуваме; и понекогаш си велиме, токму заради структурната неправедност на светот, „ајде малку нишчите нек бидат горе“; како кај Достоевски, алчните, јуродивите, сакатите, блудниците, измамниците, бедните... - нек владеат! Мислам дека тоа е еден од психолошките механизми со чија помош во Македонија владее една толку опустошувачка власт. Ми се чини дека дел од таа делумно патолошка поврзаност меѓу „народот“ и „власта“ произлегува од карактерниот профил на водачот; изгледа дека токму Груевски, „пастирот“, совршено го унапредил тој механизам на предизвикување сожалување, механизмот на грижа на совест кај другиот. Како за сите зла, глупости и непромислености на „преродбениците“ да сме виновни сите ние, а особено оние меѓу нас кои се поспособни, поумни, посуптилни... Веројатно поврзан со овој механизам на сожалување е другиот рефлекс што се јавува кај многумина: да, сите знаеме дека „преродбеникот“ е суров, прост, без знаења и ужасно алчен, но токму поради тоа тој е близок „до народот“! И ради тоа праведно е да владее!
Синдромов може да се нарече Риплиев, поради филмот The Talented Mr. Ripley, од 1999. Се сеќавате, Том Рипли е дечко со скромно потекло кој случајно се запознава со Херберт Гринлиф, сопственик на бродоградилиште. Рипли лажно се претставува како колега од Принстон на Хербертовиот син, Дики, кој времето го поминува уживајќи во прекрасната Италија. Херберт сака некако да го натера синот да се врати во Њујорк, па на Рипли му нуди пари да замине за Европа и да го врати Дики дома. Дики е одушевен со својот нов пријател и воопшто не се сомнева во опасните намери на Рипли, кој ќе ги употреби сите свои таленти за во потполност да го преземе Дикиевиот живот: ќе ги фалсификува неговите писма, ќе ги користи неговите чекови, во хотели ќе се пријавува под негово име... Дики предоцна сфаќа дека Рипли како паразит му се вовлекол во животот и се’ оди по ѓаволите...

 Почитуван Гелевски,   Јас,

 Почитуван Гелевски,
 
Јас, Билобил Форте, ваш сограѓанин, Ви упатив неколку прашања, јасно и гласно, без никаква предумисла. И наместо одговор на нив, Вие денеска тактички се ја повлекле дискусијава долу, ма уште подолу по страницава, и од околу од околу - пак сте на темата на вашата омилена фантазија, имено груевистите.
 
Што е тоа груевист? Кој се’ е груевист? Само Вие си знаете, Никола. (Интересно, имате исто име со актуелниов премиер на Македонија. Можеби дел од антаногизмот и желбата да се фати антиподален екстрем има некои корени и во овој факт).
 
Стигмата и дискриминацијата која ја вршите секојдневно во македонскиот јавен простор, по основ на политичка определба и општи политичко-општествени сентименти, а која (малку импотентно, се плашам) се прелева и на терен меѓу граѓаните - е добро документирана, очигледна, и повеќе нема да се навраќам на неа. Впрочем, Вие се грижите самиот добро да ја документирате - на читателот останува само да забележи.
 
Но, би се осврнал на нешто друго - на Вашата искреност. Почитуван Гелевски, свесен човек, човек вклучен во општеството, интелектуалец, со желба да му помогне на самото тоа општество и да го турне својот камен во колективкиот сизифов каменолом што секој од нас секојдневно го турка по само нему познати височини - мислам дека не би ги употребувал зборовите сељак, идиот, мафијаш, груевист, и така натаму, за својот ближен граѓанин и (неизбежно) сострадател.
 
Причината е проста: дали Гелевски, според Вас, девојката која работи на каса во супермаркетот и Ве услужува, е сељандура? Дали Вашиот бербер, Гелевски, е идиот? Дали Вашиот брат, Гелевски, или Вашиот зет, шура (ако ги имате) е вмровски мафијаш? Дали таксистот или шоферот на 19-ка од ЈСП е гнасен груевист кој од Вас заслужува презир кој е рамен со нагонот на некој да му ја пукнете главата?
 
Дали Вие тоа (со оглед на ставовиве кои не пропуштате прилика мегафонски да ги вреснете низ колумниве) тоа сериозно излегувате во град и броите наоколу груевисти, вмровци, идиоти, мафијаши, клански поглавари, и понекогаш, така поретко, по некој ваш, со кој се препознавате по пат на некој таен знак или обележје? Дали Вие Гелевски, навистина, младиот студент (кој Вие во колумниве го брендирате како неевропски, небањат елемент), кој со солзи во очите, растажен од приказната на баба му која ја протерале од Егејска Македонија, и кој излегол на плоштад со брат му, прегрнати со знаме со сонцето од Кутлеш (или Вергина - сеедно), дали навистина Вие тој млад човек можете да го погледнете во очи, и да му кажете дека е сељак? Дека баба му е испран мозок? Дека татко му е гарант, некој мафијаш? Дека пошироката му фамилија му е составена од гнасни груевисти кои вршат терор над секојдневието?
 
Дали е тоа вистина, Гелевски? Со други зборови: до кој степен оди Вашето лицемерие? Доколку навистина ете, во себе го пцуете Вашиот бербер, му ја сечете главата на Вашиот таксист, доколку навистина би му плукнале во лицето на денешниот млад човек (само затоа што поради лична трагедија решил да заземе став различен од Вашиот), доколку навистина девојката од супермаркетот не ја гледате како ништо друго освен пропаганден проститутски елемент - јас навистина, Ви честитам на искреноста.
 
Но дали е тоа така, Гелевски? Или Вие си пијуцкате негде кафенце секој ден, без некоја посебна зла предумисла за тој до Вас, за тој на шанкот, за полицискиот службеник надвор...?
 
Колку се вистинити Вашите ставови, Гелевски? Не многу, е мојот заклучок. А доколку навистина се - го имате моето сочуство, и мојата волја да Ви помогнам и надежта дека сам себе можете да си помогнете.
 
Свесен човек, општествено присутен човек, човек кој го дише и живее секојдневието, Гелевски, не наоѓа смисла во стигмата која е главна цел на Вашите ставови. Не го дели народот на вакви или онакви. За свесниот, присутниот, живиот - не постојат груевисти, вмровци, сељаци или идиоти - туку постојат само и само луѓе. За кои тој, свесниот, присутниот, живиот - се грижи, почитуван Гелевски. А не ги фарба со првата пцовка што ќе му падне на ум. 
 
Вашето инсистирање на тоа дека постојат груевисти кои се предмет на Вашата најсилна омраза и презир, и дека постои цела една матна категорија на граѓани - Ваши сограѓани со кои секојдневно комуницирате и од кои лицемерно добивате услуги и почит и љубов - кои според Вас се идиоти, сељаци, и дегени, му остава место само на заклучокот дека Вие сте или несвесен, самоизолиран човек, нежив човек, ИЛИ, дека сте мајстор на лицемерието. Во најмала рака сте неодговорен кон различниот и другиот од Вас.
 
Што друго да се заклучи? Еве кажете - што има тука друго да се заклучи? Омразата и „борбата“ кон таа толку матна, широка, нејасна категорија груевисти и други неевропски граѓани прилега на „бунтот“ на некој тинејџер, кој (самиот себеси) се заклучил во својата соба, и внатре вреска и крши и дига револуции - но сам со себе и сам пред себе. Мек, безбеден, бунт. Смешен бунт, за оние кои минуваат под прозор, или за мајка му или татко му кои му оставаат чинија со храна пред соба секој ден, за кога малиов ќе подотвори да не умре од глад.
 
Бунт со промашена тема. Бунт со, пред се’ - многу погрешен пристап. Најлесно е кога ќе го нацрташ твојот непријател на таблата за пикадо, и ќе му редиш стрелки де во око, де во нос, де на чело, затворен во својата соба. Нормално - „непријателот“ е постер, и е нем. И башка - ти си избрал да го заќутиш, и да не му дадеш да ти се обрати (оти е деген, идиот, мафијаш, груевист, сељак, и така натаму) - а со тоа и, никако да се разберете. И никако да мрдне некаде работава. Каменот ни милиметар да се качи погоре.
 
И еве, јас сум сега, според Вас и вашите поданици погоре - болен човек. Можеби и сељак, сигурно сум груевист. Но со мене не вреди да се разговара. Важно е да ја продолжите борбата - и да ми залепите 5-6 етикети, и да ме извалкате со неколку навреди. Оти нели - Вие само сакате слободна, демократска, и еманципирана Македонија.
 
И бива, и супер, и јас сум за тоа. Ама само откако ќе се погледнеме во очи, и искрено ќе поразговараме. Не низ нишан, туку како пријатели. А не знам дали можам (или сакам) да му бидам пријател на човек за кој јас, и сличните мене, сме сељаци, идиоти, или груевистички шљам.
 
Ве поздравувам, и Ви посакувам пријатно кафенце некаде по скопјево. И искрено Ви се радувам, доколку поделбите кои ги цртате со Вашето перо, не Ви се цврсто всадени во вашиот ум.
 
Поздрав од Вашиот млад сограѓанин, де европски де неевропски (што е пак тоа толку битно?),
 
Билобил Форте

Баш сеа на „Алфа“

Баш сеа на „Алфа“ фатив еден генијален скеч на К-15: еден голобрад министер, со цајкански бодигард зад него, се растура од плачење пред еден уличен цајкан. Цајканов го смируе министеров, па немој да плачеш, па зашто плачеш итн. А министерот липајќи отвара срце: плаче ради несреќниот народ, ради кутрите социјалци, стечајци, пензионери итн. Не смирувајќи се министерот со бодигардот си заминува и се појавува еден пензионер, привлечен од лелекањата на министерот. И го прашува пензионеров цајканов, она беше младиот министер, така?, зашто плачеше итн., а цајканов го прашува, кој си бе ти?, пензионер, и цајканов го зачуке стариов, абе ради такви ко вас ми плачат министриве, срам ве мило, бараби едни!

Више збори за мојата теза, „Риплиевиот синдром“, скечов на К-15 од филмот на Мингела!

ма не врти тука Алфа,

ма не врти тука Алфа, К-15...фатен у тесно па ајде да смениме тема а? Одговори друже коља и ќе те гласам...за премиер еј :)
Освен ти и двајца од точка ќе мора да вработиш уште за „величење на името и делото на почитуваниот ни коља“ по коментари. Ако не ти се даваат пари, пошто ти бил мал...хонорарот...и ако не знаеш да одговориш на поставени прашања избриши ја опцијата за оставање коментари, зашто ти е?
„Билобил Форте“ те мава од земја, али онака академски, не ко твојот сељачана вокабулар.

 Биобилчето го мава од земја

 Биобилчето го мава од земја Коља слично ко шо Ѓоле го маваше Фрчко на дуелот. Онака, академски. Па после се перчеа вмровци (ко „јас“ погоре) дека Ѓоле победил на дуелот. 

Брате Кириле,   Ѓоле победи

Брате Кириле,
 
Ѓоле победи на дуелот, да. Всушност - зависи што карактер си. Мене како „академец“, и по нарав трпелив човек, Ѓоле ми беше помил, па затоа милувам да го гледам како посупериорен од Фрле. Да бев циник, лицемер, тепач на жени и југоносталгичар, веројатно Фрле ќе ми беше пуленот, меѓутоа ете - на секому своето.
 
Како и да е, Ѓоле победи на изборите. А Фрле изгуби на суд од Никола. Груевски. Поради обвинувања за криминал кои не можеше да ги потврди со доказ, т.е. клевета. Страшно, страшно е тоа што клеветата станува омилена реторика на одредени европски граѓани. Или да ги речам неевропски. Оти, од кога тоа клеветите, навредите, демонизирањата и сличните ниски страсти се европска работа? Па дури и ЕПП (онаа на Поселт, од Европската Унија) ги искара нашиве „европски граѓани“. Уствари биле Граѓани за Неевропска Македонија.
 
Ма кој да ти ги знае!
 
Нека им е честито на сите.
 
 

 Брате Методија, Па има ли

 Брате Методија,
Па има ли поцинично од тоа да ги наведуваш случаите Грујо против Фрле, Латас против Гелевски како примери за тоа што значи правен поредок? Можда и влечкањето на тепаните студенти на плоштад (една година отприлика) е правен поредок (ме интересира што е со тепачите). Итн, итн..глупо ми е сеа да набрајам тука.
П.С. Те оставам и даље да си навијаш за Ѓолета, срцка е уствари.  
 

 Ах, па јас се извинувам, не

 Ах, па јас се извинувам, не сум знаел дека Фрле навистина бил во право и Грујо стварно бил криминалец уште одамна!
 
Се извинувам, и иако не сум соочен со конкретни докази зошто Фрле би бил во право, се согласувам со Вас и го прифаќам твојот став ко да е мој. Срамота - навистина - што Фрчковски го изгуби тој случај. Можеби требаше да тужи прв, кога веќе располагал со секакви докази и сведоци, и да го растури Груевски! -  но, ете, ах каква тажна судба!
 
За Гелевски пак, исто ми е криво... Латас видиш, ко сокол е, одма му истерал око на Гелевски! Па што судови ќе беа овие?! Камо правда?! ЗОШТО ГЕЛЕВСКИ СЕГА НЕ ТУЖИ НАЗАД! Ајде Гелевски, напред, ние сме со тебе, влечи го Драган ако треба до Стразбур и назад, ја имаш нашата поддршка! ВИСТИНАТА ПРЕД СЕ’!
 
Или пак... може е попаметно да почекаат да се смени власта. Да дојде СДСМ... Тогаш сигурно, Власта од СДСМ сигурно ќе има слух за неправдите извршени кон нејзините луѓе, и ќе овозможи фер судење. А не знам ни пак, какви докази се толку потребни... Одредено јавно мислење, па колку и да е непопуларно, секогаш може да биде порелевантно за извојување на правдата, отколку некаква си таму, судска, јавна, правна процедура.
 
Ајде ајде, имајте надеж! Ќе се сменат времињата, ќе се врати пак СДСМ! Ќе излезе правдата на виделина!

Ќе ја дополнам интересната

Ќе ја дополнам интересната теза на Коља за „Риплиевиот синдром“ на преродбенициве: како тие однапред да се амнестирани од одговорност зашто се имбецили! Да бараш одговорност од Јадибурек, од Латас, од Влатко Ѓорчев?! Нема логика! Ради тоа ретко кој сака да се расправа со коментаторскиве малоумниците на власта... Како да не можеме да ја поврземе одговорноста со недоветноста и бедата на оние кои владеат со нас! Тоа го прават и некои семејни насилници, обично татковци; ем го малтретираат целото семејство, ем самите се чувствуваат како жртва на тоа семејство (заради тоа и тепаат). На некој извртен начин (но најчесто од немајкаде) некои жени тоа го прифаќаат и навистина негуваат голема грижа на совест и го сожалуваат насилникот... Им се тргаме од пат, за да не’ малтретираа уште повеќе...

 

 Латас го тужеше Гелевски,

 Латас го тужеше Гелевски, така?
 
Латас значи, постапил одговорно, доколку Гелевски го исклеветил или слично.
 
Се поставува прашањето: Зошто Гелевски, или еве кој било од ГЕМ, Окно, или Опозицијата, не ги тужи Јанко, Латас, или Влатко Ѓорчев?
 
А? Навистина, што не ги тужите? Каде е вашата граѓанска одговорност, мили мои граѓани? Та еден Латас ли да е поодговорен од вас!?
 
И оп стоп: нема вадење на ова е полициска држава, ма све е наместено, бла бла бла. Прво скокни па речи оп. Смачено ни е од вашите жалопојки а ништо на дело! Ајмо, сакаме да видиме тужби! Сакаме да видиме до Стразбур да одат работиве! Ако сте во право, ќе немате проблем да ја истуркате работата до тој степен и да им влепите шамар на груевистите в лице!
 
Колку ви значат правдата и вистината, ајде да видиме?
 
Во право ли сте? Ајде, ракавицата е фрлена! Кој прв до правдата и вистината - тој победува! 
 
Iacta alea est!

Преродбеник, откоа корен на

Преродбеник, откоа корен на корен не остана во земјава (освен кај фамилијата и кај „чесните транзициони“ кои склопиле дил со фамилијата) да ти држи лекции по конструктивност, по пристојност, по обединување, по народна кауза (откоа те згазил од тепање, од казни, од осиромашување, од вреѓање по сите можни основи!), тоа стварно е за историјата на бесчестието! Истиот тој кој ти збори дека во „преродбата“ и во „СК 2014“ „има и по нешто добро“ плука со сите можни огнофрлачи дека Скопје 50 години не се градело и дека комуњарот го денационализирал Скопје! Те глеа у очи (некаков идиот ко Билобил) и ти кажуе!
Ама ова е илјада пати видено низ историјата: дошле варварите од планина, опљачкале и слистиле се’ до коска (праведно, да се разбереме!; зашто граѓанствово станало млитаво и декадентно!), и после истите дивјаци цимолат, цмиздрат, липаат и бараат опљачканото да се легализира. Јеби га, и тие се некоја нова класа, не?! Доста беше пцуење, викање, предавници, проститутки, грчки платеници, ај сеа фино да се упристоиме и договориме... Па нели ние сме новата елита! Нејќеме више со тепање! Сакаме со фино! Сакаме да сме поштовани и ценети! Тоа е „Љубчо Георгиевски синдромот“... Јасно беше ко ден дека и груевистите ќе дојат на тоа - оти такви се историските законитости... Што е најсмешно, децава на новава преродбеничка класа може стварно ќе станат нежни и фини (она што нивните мафијашки родители никоаш нема да станат; се сомневам и во децата, но ај, нек е хипотетички), и за 10 години, да речеме, пак ќе дојат некои нови варвари од планините и пак ќе им расплакуваат мајка на млитавите...
Билобил, ми се чини дека и тоа Коља му го советуваше на Груевски, уште во добронамерната фаза, пред 2-3 години: немој да се потпираш исклучиво на пропагандата; немој да градиш исклучиво фасади; немој цело време да трчаш исклучиво по рејтинг; еден ден, ќе се обидеш да бидеш искрен и реален (можеби веќе нема да имаш пари за пропаганда) - но веќе никој нема да ти верува! Како заебанцијата со пожарот, еднаш, два пати, пет пати, некој лажно алармирал „Пожар!’, а коа пожарот стварно дошол, се’ пеплосал. Јасно беше дека ќе дое време коа буквално се’ од груевизмот (а од стоте чекори барем десет сигурно не се сосем луди или мафијашки) ќе биде прогласено за гола пропаганда и лага! Тоа време доаѓа... Кој како садел и жнеел, тоа ќе срка...

 Другар,    Јас тебе нит сум

 Другар, 
 
Јас тебе нит сум те пцуел, нит тепал, нит вреѓал, ниту пак те познавам за да знам дали некој друг тоа ти го правел или не. Доколку навистина ти го правела Власта ова, те молам биди транспарентен (име + презиме), отвори блог, што да е, посочи докази таму (фотографии, извештаи од доктор, процеси ако имало итн.), и повели, докажи ни и покажи ни на нас сите тука (не сум само јас бе другар, многу груевисти не имало бре другар!), дека ТИ си во ПРАВО.
 
Ќе можеш ли? Ја имаш мојата поддршка.
 
А за другото... До кога со тоа? Истата, стара, досадна реторика. Не адресира ништо што адресирав јас. Та дури и не ми се обраќаш мене, туку му говориш на некој трет, апстрактен соговорник, за „овој неукиот Билобил“.
 
Да ме познаваше, па да тврдеше дека сум неук. А вака, пак, и пак и пак - сам се фаќаш во сопствената стапица - сакајќи да оцрниш друг, самиот себе се полеваш со очигледна, безочна лага. :)
 
До кога бе така? Смешно станува веќе, навистина! :D

Методиј, абе кој те заебал за

Методиј, абе кој те заебал за да ти го дае реонов „Окно“?! Иди таму у комитетот и жали се! Нек те вратат назад во „Вечер“! Иди јавуј се да делиш црни бумбари! Иди кај Јанко на блог! Што се мачиш, бе, брат, навака... Ех, да ми е твојот ум, да одморам троа...

 Ете ти, пак! Пак ме сведоа

 Ете ти, пак! Пак ме сведоа на испран мозок и платеник! Абе не, нема со вас муабет очигледно. :)
 
Ајде сега, мене некој ме плаќа, те ова те она. Ја не можам (ни под разно!) да дојдам овде самостојно и да си искажам и бранам свој став, така ли? Јок, како тоа така! Трагикомично е веќе, оди накај патетично. И така. И ако. Све супер, сите сме веќе навикнати на вашиве тажни изговори. :)
 
Поздрав, пријатен одмор, ти давам малце од умов, на. Твојот очигледно не е кадарен, или има проблем, да ми одговори на прашањата и предизвиците што ти ги поставив (да беше, немаше да бега од реплики или тужби или општествена одговорност на дело, ко ѓавол од крст). Пријатен врти-суч и понатамошно мрчење. :)
 
You armchair critics, you... :)

Билобил, последен пат - ти си

Билобил, последен пат - ти си идиот. Неважно е дал си платен ил си ентузијаст. Нема еден единствен човек во преродбава (заклучно со Латас!) кој мисли дека е насилен или дека напраил нешто недозволиво! Цело време овде за тоа се збори! И ти само го потврдуваш тоа! Како да се разговара со тебе?! Повторувам: илјадници текстови од десетици и десетици луѓе од тој некаков си македонски естаблишмент внимателно и добронамерно го опоменуваа пастирот дека некои од политиките не се во ред... Се’ беше на најгруб и најарогантен начин одбивано, оти сељакот се соочи со чудесијата на неограничената власт! Оти сељакот го здрма параноја! Кога вашите политики, Билобил, ја имаа мнозинската поддршка, презриво плукавте на малцинството (од секаков тип, од ЕУ платеници, грчки предавници до педери и лезбејки); кога вашите политики беа во малцинство (како проектот „СК 2014“) пак насилно и неверојатно арогантно беа отфрлани предлозите на мнозинството (да се распише референдум околу СК 2014 итн.). Земјата е партизирана до последно камче! Насилство владее дури и ако ѕирнеш под камчињата! Малоумни голобради министри и директори жарат и палат! Десетици илјади најспособни луѓе се маргинализирани (деградирани, шутнати од работа, приселени да се иселат), на нивно место се ставени десетици илјади партиски послушници - и ти викаш, Билобил, дека треба да се биде пристоен, да не се повишува гласот?!
Конкретно, што се однесува до текстовите на Гелевски: ретко се пристојни и разумни среде сето лудило што го создадовте! На ваков општествен ужас (генериран од партијата) луѓето би требало само да гугаат или да пцујат без прекин, ко мозоците да им ги спржила пропагандата на груевизмот! Еден од ретките што не гуга и што не пцуе, туку многу разумно, со многу информации, со јасни политички идеи, со повеќегодишно искуство на културната и граѓанската сцена, ги кажува работите онакви какви што се - токму е Гелевски. Со СДСМ фамилијата ќе го најде дилот, во тоа нема сомневање (како што го најде со Љубчо; курбан ќе отидат поситни риби; никој нема време да троши мандат за да ги лови претходните лопови; тоа стана тажна константа во мк политиката). Проблемот со Гелевски е што тој е хроничар на историјата, што со него нема дилови, нема смир. Фамилијата е мафија. Преродбата ја сјеба земјава поефикасно од 10 ОНА бригади, поефикасно од грчкото и бугарското негирање на македонизмот. Фамилијата најдлабоко ни го начука - однатре. Поддржувачите на фамилијата се анестизирани идиоти или платеници. Тоа више-мање е вистината за сегашниот историски миг на Македонија.

Аман бе! Па ние сме биле

Аман бе! Па ние сме биле бетер од Албанија на времето бе! Ма не, бетер од Романија под Чаушеску! Што не ни напраи инвазија некој од ова ЕУ, еве најбоље Бугарија и Грција да ни се сожалат, и да ни ги скратат макиве? Дај овој Грујо човече, нов Хитлер е, мора тоа да се смени и да се стави некој разбран да не’ води!
 
Оти ние мнозинството граѓани на Република Македонија што ги гласавме ДПМНЕ сме очигледно глупи идиоти и не’ сме способни самите да одлучуваме за себе, мајке ми! Што не организираат автобуси од некоја соседна држава да гласа во наше име, ја стварно не знам?
 
Инаку, ај пак да те замолам: податоци, докази, и документации на тепачките на кои си бил изложен, на малтретирањата, на деградациите, и сето тоа по ред.
 
ДОКАЗИ И РЕФЕРЕНЦИ, МОЈ АНОНИМЕН ДРУЖЕ, И АКО СИ ОДГОВОРЕН ГРАЃАНИН - ЌЕ ГИ ДАДЕШ НА СУД.
 
Не туку ми изигравај маченик на рекла-казала и бајрам-на-умот!
 
Инаку, она политиките не се во ред, за жал, се’ уште важи само за вас - малцинството од граѓаните кое е мнозинство на Окно. (Да не беше така, сега ќе бевме во очи на предвремени избори, и ќе го гласавме... чекај да видам кој ми е изборот... Бранко?! Ајде, Бранко нека биде, уште еднаш, што!) Арно ама, народов нешто а-а, мука нема. Ни Окно чита, нит со Гелевски се храни... Живее некако народецов, турка, ко што впрочем секогаш било. И му се лути некогаш на Грујо, ама уште повеќе се лути што нема кој да го замени тој Грујо ако пукне работава, ма колку и да е тој Грујо лош! ПУ, АНАСАНА!
 
И што да се прави сега, а Окнаш, кога народов нешто не се препознава во вас? Што да праиме? Да ти дадам колаче?
 
...

Реториката на окнашите и на

Реториката на окнашите и на универзалниот експерт кољо (кого патем речено, излегува дека неговиот лик во Еднооки е поголем интелектуалец отколку оваа машина за навреди која се потпишува тука под името Никола Гелевски) идеално ја доловува фрустрацијата на самопрогласениот „градски, цивилизиран“ елемент во општеството... тотално во немоќ и недостаток на перцепција (реално, недостаток на мозочни клетки) се ориентира кон плукање, навреди, поделби, етикетирање, клеветење.... Заслепени во својата „еврофилија“  со гадење и одбивање (налик на неиздресирано горило) ги одбиваат сите нови и во овој случај со македонската држава, поддржани од мнозинството, појави... Следствено на нивната реторика и размислување, штом некој кој ги прифаќа активностите на актуелната власт (не мора се, може и само одделен дел од нив) по автоматизам е груевист, вмровец, идиот, деген, небањат... логично е дека секој кој не ги прифаќа и се спротивствува е бранковист, сдсмовец, генијалец, избањат... (во употребата на етикетирање како начин на размислување, користењето на антоними е апсолутно прифатлива опција)... Доколку работите се стават во овој контекст.. (а можат) тогаш не е верувам дека е далеку од вистината ако се каже дека Гелевски е избањат сдсмовец - генијалец (ваљда неразбран од простото, сељачко мнозинството)... Можеби овој избањат сдсмовец се подготвува за промена на власта, каде неговата силна идеолошка борба (негов збор, нели?) ќе биде високо ценета.. ? Некое директорско место? Можеби министерство?  
За дваесет години функционирање на модерната македонска држава не се успеа да се формираат некои вредности кои ќе го карактеризираат македонското општество, апсолутно никаквата активност на тоа поле беше заменета со евро-оптимизмот, со обожувањето на се што доаѓа западно од Дрина... Немоќта да се воспостави систем на вредности се замени со идеата дека ќе ги прифатиме европскиот, поточно западно-европскиот систем... Носени на таа идеа се сменуваа влади, се реконструираа кабинети, се пукаа огномети, се прославуваше на плоштад... И до што не доведе тоа? Да бираме помеѓу обезличување и преименување или да почнеме уште еден процес на доближување кон тоа европско семејство и тие вредности... 
Размислете добро еу-фанатици... што добиваме а што треба да дадеме... Излезете од чаурата на силна омраза кон се што се спротивставува кон вашите ставови и погледнете ја целата слика... Оваа латентна граѓанска „војна“ само на нас ни штети, и само ние ќе бидеме губитници....
 

 Поздрав друже, се

 Поздрав друже, се согласувам.

 Референци, докази...какви се

 Референци, докази...какви се овие бладања Билобилчо? Од многу читање Вечер се поматува умот. 
На цела Македонија (освен тврдото крило на вмро) и е јасно дека Душко од Битола е наместен.
Зошто на Фрле (против Грујо) не му дозволија да го изнесе крунскиод доказ од Арбитрарниот суд во Лондон брате Методија. 
За Латас „увреѓен и повреѓен“ не ми се коментира. Некако ми е блуткаво
http://www.youtube.com/watch?v=1wXFsX4hQoE&feature=related
Кој спомна докази?
Да те прашам, да не си го видел Ален Зекиров у задње време, тој лани шо уби човек. Тој, тој, на Мијалков бодигардот. 
Може едно прашање? Колку ви е тарифа од коментар? Пошо стварно сте напорни. Километарски коментари у кои они биле увреѓени, ем Грујо бил демократ. 
 
 
 

Душко наместен? Сериозно

Душко наместен? Сериозно мислиш дека на него ВМРОвци му влегувале у бавча и со години му ја растеле марихуаната? Ајме мени јој! Не сум знаел дека Душко е толку опасен по Груевски па види мајката, морала власта да ангажира цел тим шпиони, диверзанти и специјални единици со години да му ја растат травата на Душко во бавчата, ц  ц ц... 
 
Вечер не читам.
 
Фрле зема да гризне повеќе отколку што можел да соџвака па сеа судиите му се криви, не му дале некаков си крунски доказ да приложи, дури од арбитрарен суд од Лондон да прикаже. Но, ајде да видиме: сподели го со нас тој крунски доказ. Повели. Линк, статија, скениран документ - што ти душа сака. Баш ме интересира! Да видам дали воопшто постои, дали е релевантен, или ти тоа на рекла-казала, пак збориш? Брате, штом пред суд, на јавно судење, (не можеш да ме убедиш дека Фрле бил во право, оти да бил, до ден денес и он ќе врескаше и ќе трубеа нему пријателските медиуми), Фрле изгубил, пред очите на цела македонска јавност - изгубил. А крунскиот доказ, ти реков, приложи го овде и докажи ни како Груевски е криминалец. Повели. Чекам.
 
Студентите, оф мори мајко мила! Скинат постер и клоца што не дофати никој, јак ќотек нема што. А, и да: нели постапката уште се води. Што мрчиш тогаш, може ќе заврши во корист на „студентите“ а? И второ: нивниот протест не бил пријавен (ниту контрапротестот, кој па ич не го оправдувам, ама така е коа на некој му покажуваш среден прст и му пцуеш мајка во лице - има право да се наљути). А, и трето: имаше обид за насилство, ама не и насилство. Четврто: Полицијата мудро не чепна никој  тој ден, и ќе беше многу полошо да почнеше да чепка! Петто: протестот на тие 50 души (дали и толку) беше намерно темпиран во сред избори за да направи инцидент (и самите студенти ова го имаат признато и за истото се каат што дозволиле така некој да ги влече за нос!). Прашај се зошто реагираа од Слободен Индекс на следните протести против СЕКОЕ партиско знаме или партиско лице во нивните редови! И зошто му го скинаа знамето од СДСМ на копиљот што дојде де да се пофали, де да им го киднапира, де да им го уништи протестот? Или уште ќе се праиш на три и пол?!
 
Тој Ален Зекиров појма неам кој е, нит ме интересира. Ако ти знаеш нешто што јас не знам, и имаш проблем со тоа, повели во МВР - пријави го случајот. Биди одговорен граѓанин, биди совесен граѓанин, напиши колкумна за тоа, контактирал медиуми, нека истражат, никој тука нема ништо против тоа.
 
А ДОКАЗИ спомнувај ЈАС, цело време. И оти тебе нешто тешко ти оди поткрепувањето на твоите тези, ај пак:
 
Може ли, брате Кириле, да ни покажеш кој те тепал, кога те тепал, како те тепал, да споделиш со нас и целата македонска јавност медицински извештај за нанесени повреди, да донесеш сведоци дека полицијата/вмровци/оваа власт на кој било начин тебе те малтретирала, физички напаѓала, замолчила, дискриминирала, заплашила и слично?
 
Трет пат ти го барам ова, трет пат ми се вадиш на приказни и недоречености. Ама не си ти крив - ја сум глуп што се занимавам со човек како тебе, што шлајфува ли шлајфува за некои лоооши лоши работи, се’ во празно, и уште кога му барам референци да си ги поткрепи тврдењата, ми се врти и лизга од раце што побрзо да му ај кидне, или мене да ме напраи луд! Е каде бегаш де? Никој не те фати за шија! Ама кога веќе се изнакука погоре (и во секој следен коментар) за све тоа злосторствата што ти ги праи „режимов“, јас одлучив да ти излезам во пресрет и да ти помогнам да ги изнесеш тие неправди на виделина! Арно ама, ти не сакаш. Епа сега, тоа ти е. Или измислуваш дека тебе некој лично те мачел, опресирал и тепал, што значи дека си гооооолееееем лажго - или си голема кукавица. Трето нема. 
 
Инаку мене не ме плаќа никој (ту, да ме плаќаа, ќе пишував двојно повеќе!). Камо да ме плаќаа! Ај сега едно прашање до тебе: колку време ти требаше да го напишеш горниов ти коментар? Се намачи ли многу да ти текне на огроооомниот број тешки неправди кои ги спомна таму? Колку време седеше и размислуваше како да се изјасниш, колку време ти требаше да се сетиш на името на тој, некој, Ален Зекиров? Колку време ти требаше да осмислиш како да постапиш, лизгаво, не?
 
На Македонија и’ било јасно, на Фрле не му дале, за Латас му било блуткаво, и патетичниот линк од кој некои хомо патетикуси си направија кариери. 
 
Све ми докажа и ме убеди, крај! Ај сеа пошто си сиромашен и немаш леб да јадеш, изгаси интернетов (та со кои пари го плаќаш?), или барем заќути и не пишувај нигде, угаси го и мобилниот оти нели, живееме во Режим кој не заќутува никого по никој основ, али па штом веќе веруваш толку во тоа твое параноично патолошко привидение, моеш и самиот да си се заќутиш, или да се потепаш малце исто така, чисто за да се убедиш сам себе дека си во право и дека со тебе владее садистички Режим наречен Груевизам. Оти очигледно, друг и не можеш да убедиш.
 
Кутар, кутар ти.

 Ај, за све си у право(ме

 Ај, за све си у право(ме маваш нема што, 10 поени у табелата упиши си). Само дека не знаеш кој е Ален Зекиров баш и не верувам. Еве го повикувам билобилчо да ти помогне. А билобилчо, де потсети го Методија за Аленчо кој беше, не му текнуе на човекот. 
А највише си у право коа викаш дека кај шо иам интернет па се бунам. Еве оваа власт ми дала можност да пишувам коментари, а тоа значи дека е најдемократска у свет. Поздрав. Од денес сум друг човек.

 Ах, пардон Кириле, пола мој

 Ах, пардон Кириле, пола мој коментар се однесува на Окнаш (некаде над тебе таму).
 
Мада нема везе, коа сме веќе кај тоа еве: ако и тебе некој од Власта те мачел, тепал, замолчувал, или и нешто друго лошо ти праел де (нели), сподели и ти со нас, ама да биде вистинито. Па да спремиме една пријава за тој што те малтретирал, таму кај што треба...

 Интересни коментари. Малкуте

 Интересни коментари. Малкуте окнари губат на домашен терен! Па како да не губат кога тие всушност немаат ни некакви аргументи туку куп навреди. Во некои од коментарите ја гледам реториката на портпаролите на СДС. Жално многу жално, не затоа што некој е можеби симпатизер на СДС туку заради таквата реторика. Па добро бе пак ќе повторам секогаш сум за критика ама без навреди и особено без лаги! Тезите дека готово пропаднавме ги слушаме 20 години дај смислете нешто ново, значи Македонија секоја година се наоѓа во некакви рангирања од меѓународни организации и во нив секоја година сме се подобри и подобри. Еве и да не се целосно во право сепак далеку е од тоа вашето окнари драги дека пропаднавме и не знам какви други апокалиптични сценарија. Сменете ја тактиката или толку изгледа ви е капацитетот, како и да е не се претставувајте како некаква авангарда или интелектуална елита пошто немате ни а ни и од тие два поими. Вие сте обична копија на нашата жална безидејно-плукачка опозиција.

Многу сте јаки, бе,

Многу сте јаки, бе, вмровчиња! Алал вера! Во ваша чест, во чест на крдото и трлото и пастирот, ви ја праќам следнава нумера од генијалниот белградски бенд, „Клопка за пионира“:
Čopor

U čoporu hodam
U čoporu spavam
Od čopora učim
Kako da se kurčim
U čoporu sanjam
Čoporu se klanjam
U čoporu strah me nije
Čopor može da ubije

Moj čopor
Misli mesto mene
Moj čopor
Nalazi mi žene
Moj čopor
Mesto mene gleda
Moj čopor
Nikome me ne da

Ne napuštaj čopor
Ko će da te štiti
Ili si u čoporu
Il te neće biti
 

Истата самозадоволна глупост

Истата самозадоволна глупост која зрачи (ко радиоактивен отпад) од Грујо, Латас, Јадибурек, Ѓорчев и компанија, зрачи и од малоумнициве што јуришаат по интернетов ко да вртат струја (на штакорски погон, во воденичињата во кои се затворени) за партиски потреби! Вакви фанатизирани и нарцисоидни глупсони (ко Гоца, Ставре, Тодоров, Николовски и компанија), земјава не видела од пусто турско! Мислевме дека се дно дна Љубчо, Љубе, Војо Михајловски, Ламбе Арнаудов, Љубен Пауновски, Антонио Милошоски итн.  - но сме се излажале! Лакеите на Љубчо беа господа во однос на франкенштајновскиве загари! Све сас аргументација! Све сас фајлови! Знаат они се’! Се’ препородија, владеат со се’, они ќе ти кажат, од фасцикла, мада нема што ни да прашуеш, знаат знаење браќава... Озбилно, глеавме како се чипчеа сдсмашите коа губеа власт 98 и 2002, глеавме каква фрка ги фаќаше старите вмровски бараби 2002, ама вакви дембелана ко сегашнава голобрада и малоумна банда не памти почвава!

Мене Колја ако ми рече дека

Мене Колја ако ми рече дека сум сељачана (една од моите омилени “метафори“), кретен или идиот (све антрополошки констатции!), ја ќе се потрудам да сфатам каде грешам, ќе ја спуштам топката и ќе се потрудам да бидам подобар и да се променам, пополека. Што ви е толку тешко тоа бре, патриоти?
П.С. Од она што јас го сфаќам, од приложениве коментари: наместо да имаме “диктатура“ на експерти, ние имаме диктатура на идиоти (идиот е човек кој е медиокритет - медиокритет е човеок со, ајде така да ја наречам, “рамномерна духовна линија“ која произведува рамнодушност и... ма све се тоа навијачи фудбалски, пак ви велам -како во една претходна „коментаторска“ (не)прилика. Навијачи, ништо друго!. 19 вековни играрии. А тамо вечни прашања: Кој е појак, Супермен или Бетмен; или: Ти Звездаш или Партизановец си? и слично).
 

Море блогеру, а ако Колја ти

Море блогеру, а ако Колја ти рече да се фрлиш од мост, ти што ќе направиш?
 
Чекај, да погодам, хмммм... Ќе се фрлиш и ти! Ха ха ха ха! 

За тоа што Адреналина го нуди

За тоа што Адреналина го нуди ко тема (одговорноста на идиотот) Гелевски скоро пишуваше, додуше во малку поинаков контекст (http://www.okno.mk/node/6296):
Македонската власт веќе четири години нè потсетува колку беше убаво да се живее во комунизмот, со тоа што на сегашниот фактички комунизам (една партија, еден водач, едно мислење) само му е извадена етикетата, та имаме национализам на афектите. Тој „национализам на афектите“, со чијашто помош владее адвертајзинг агенцијата ДПМНЕ (која, патем, државата ја разбира како сопствен банкомат), на овие простори, како технологија на владеење, го промовира балканскиот касап, Слободан Милошевиќ. При таквото владеење станува збор за, како што објаснува Жижек, лажна трансгресија; режимите коишто ги сметаме за недемократски и кои имаат некаква популистичка мобилизација (како оние на Груевски или Милошевиќ), не се едноставно опресивни туку, на едно потиснато ниво, нудат опсцено уживање. Велам, трансгресијата е лажна зашто Милошевиќ, на пример, на Србите имплицитно им соопшти: сега можете да мразите, крадете, силувате, да се опивате и да ги решавате проблемите со оружје.
Афективниот национализам нуди слобода на дејствувањето; најнезаузданите фантазии слободно можат да се изразат: Господ е Македонец, ние сме истовремено наследници на Александар Македонски, на хеленската култура, на византискиот и словенскиот свет, на ВМРО и на партизаните... Згора на тоа, најстари сме и, според тоа, најсилни, барем во духот, и затоа неуништиви и бесмртни итн. Груевски, исто како Милошевиќ, владее со помош на шарлатани и идиоти (кои, меѓу другото, кога сè ќе отиде по ѓаволите, служат за најнакрај да се изрецитира циркуското резиме: „само смо се шалили“; од идиот тешко дека на крајот на баладата се очекува одговорност); таквата авторитарна власт, според Жижек, не е терор, туку во сопственото тоталитарно јадро го има опсцениот карневалски хумор. Затоа Жижек смета дека само психоанализата може да ја објасни клучната улога на уживањето во недемократската власт.
 

 Читачу, убав материјал за

 Читачу, убав материјал за интелектуална мастурбација, о да!

ОкоБоли главаВицФото