Отворање на погледот

10.09.2010 12:21
Отворање на погледот

Архитектонско-уметничките потфати на Груевски и ДПМНЕ ќе се изучуваат по архитектонските школи како што на љубљанската филмска академија се изучуваа филмовите на Љубиша Георгиевски: тие се ултимативни примери како не треба да се работи.

Тоа повеќе-помалку им станува јасно на сите; и на упатените, кои знаат дека станува збор за дивјаштво на дилетанти, и на неупатените, кои сфаќаат дека потфатите на власта се комбинација од пљачкање и мачкање очи. Дојдовме во фаза, значи, кога сите знаат што е работата, но не можејќи да го прекинат лудилото на насилниците, повеќето разумни луѓе (од Асоцијацијата на архитекти, на пример) се обидуваат да ги ограничат штетите. Тоа е стратегија добро позната кај семејното насилство или кај зависниците од дрога. Просто целата околина учи да го трпи алкохолизираниот агресивен татко; тој може да вика, може да крши, може по малку дури и да тепа, само да не вади оружје и да нема смртни исходи. Харм ридакшн стратегија на паланечки начин - тоа е, се чини, сè што граѓанинот може да преземе пред насилството на посилниот.

Но, тоа не е доволно. Не е доволно само да констатираме дека дојде времето на малите глави со дебели вратови и дека денес владее сељачаната. Ако воопшто постои нешто добро во фактот што вакви јата скакулци завладеаја со Македонија, тогаш доброто е во изнудената потреба од будење, мислење и преземање. Господ не нè казнува со опустошувачките јата, туку ни дава шанса да создадеме подобро општество.

На пример, божем аргумент против „сељачаната“ е што во светот се градат спектакуларни згради од архитектонски ѕвезди (новиот грчки музеј под Акропол чини над 150 милиони евра; новиот загрепски Музеј на современата уметност надмина 100 милиони евра итн.); за разлика од светските трендови нашиве очни молери градат идентитетски фасади, лажејќи го народот дека за 80 милиони евра ќе изградат 15 антички згради, мост и стотина скулптури. Но, архитектурата на спектаклот не е одговор на архитектурата сфатена како Потемкиново село. А тие одговори ние не ги даваме (каква, всушност, архитектура ни треба?; каква стратегија за развој, какви градови итн.), туку целата сила ја трошиме во стаписаноста пред агресивноста на фасадерите на груевизмот.

Никој кај нас не зборува дека и во светот архитектурата служи за мамење и за анестизирање. Марко Санчанин, хрватски архитект и активист, тврди дека современата архитектура во огромен дел е тривијална и е во функција на анестизирање на граѓаните. Големите и скапи проекти на светските селебрити архитекти и дизајнери не значат автоматски квалитетна и хумана архитектура.

Многу често селебрити архитектурата само ги опслужува агресивните потреби на културните пазари (музеите), медиумската површност на жолтото новинарство (куќите и викендичките на богаташите) и популистичката испразност на општествените елити (спортски арени и фудбалски стадиони). Наместо да ги ослободува луѓето таквата селебрити архитектура најчесто ја поттикнува социјалната исклученост. Но, нема лесни формули како може да се надмине културата (естетиката) на анестетиката. За архитектурата да има ослободувачка и терапевтска задача наместо да ја зголемува загубата на егзистенцијална смисла, мораме да мислиме за мноштвото видливи и невидливи начини на коишто архитектурата е поврзана со културната стварност на своето време.

Еден друг критичар на архитектурата, Дејвид Мајкл Левин, вели дека современата архитектура станува роб на сликата и на површноста: „Мислам дека е добро да се доведе во прашање хегемонијата на сликата, таа сосредоточеност на нашата култура врз сликата. Исто така сметам дека мораме критички да ја разгледаме природата на сликата која доминира со нашиот свет. Итно е потребна дијагноза за психосоцијалната патологија на она што секојдневно го гледаме - и критичка оценка на самите себеси како суштества на сликата. (...) Во сликата е присутна снажната потреба по моќ. Во неа е мошне силна тенденцијата да завладее и врзе, да го материјализира апстрактното и да сумира: а тоа е стремеж кон доминација, стремеж да се осигура и контролира, што на крајот - со оглед дека било снажно поттикнувано - доведе до нејзина недвосмислена хегемонија во нашата култура...“

Во својата книга Отворање на погледот: нихилизмот и постмодерната состојба Левин разликува два вида гледање: „асерторичкиот поглед“ и „алеатичниот поглед“. По негово мислење, асерторичкиот поглед е тесен и догматичен, нетолерантен, укочен, неприлагодлив, исклучив и непопустлив. Спротивно на тоа, алеатичниот поглед е поврзан со херменевтичката теорија на вистината, настојува да набљудува од различни стојалишта и перспективи, повеќекратен е, плуралистичен, демократски, контекстуален, опфаќачки, хоризонтален и сочувствителен.

Левин смета дека, за среќа, сè повеќе се појавуваат нови начини на гледање. Тие нови начини на гледање ќе треба да ни овозможат не само подобра архитектура, туку и култура (на живеењето) воопшто. Како што вели Сенчанин, добрата архитектура не смее да биде тривијална. Поточно речено, добрата архитектура не смее да биде во функција на репресивната баналност на модерните општества. Добрата архитектура треба да биде сублимирано искуство кое ги обединува технолошките достигнувања, културните идентитети и политичките антагонизми.

Извор: Глобус, 06.09.10.

слики: Mike Worrall

Не е лошо на темава

Не е лошо на темава („чопор“, меѓу другото) да се прочита и следниов текст од Гелевски: http://www.okno.mk/node/3680
За подобро разбирање на механизмите за кои зборувам, за крај, за читање и мислење, предлагам една нова важна книга: “Going to extremes: How like minds divide and unite“ од Cass R. Sunstein, професор на „Харвард“ и советник на Обама. Книгата зборува за психологијата на групата. Санстејн разгледува низа феномени, од потезите во Бушовата администрација до Исламскиот тероризам.
Припадноста кон одредена групација произведува психологија на „глутница“ - луѓето кои се опкружени со истомисленици често стануваат уште поекстремни во своите идеи, и на тој начин се креира ехо-простор во кој веќе не постојат ставови туку само потврди на ставови. При контакти на полтрони мислењето не се корегира туку станува сè позацртано. Индивидуалните патологии што групата ги одобрува го преземаат лидерството, и погрешните одлуки стануваат неизбежни. Санстејн вели дека на тој начин, во строго поделени и поларизирани групи каде што затворената размена на информации само ги зацврстува почетните ставови, екстремизмот настанува сам од себе, речиси нечујно.

Припадноста кон одредена

Припадноста кон одредена групација произведува психологија на „глутница“ - луѓето кои се опкружени со истомисленици често стануваат уште поекстремни во своите идеи, и на тој начин се креира ехо-простор во кој веќе не постојат ставови туку само потврди на ставови.
Читачу па ти си „генијалец“. Не знам веќе по кој со свој камен по глава....камикази еј. коља е лидерот, вие сте глутницата околу него, све истомисленици, екстремните ставови ви се гледаат по коментарите, а простор е ова црно окно во кој нема ставови, само потврда на ставовите на лидерот. Ма браво !

 jas, колку пати треба да ти

 jas, колку пати треба да ти се каже? Ако Коља ти рече дека си сељачана, ти треба да се умислиш! Ако ти рече да се фрлиш од мост, ти треба да се фрлиш! Доле на колена ај, гланцај му ги чевлите на Фирерот Гелевски! (Гебелски?! Хаха!) 
 
Чекај чекај, ... сеа од негде ќе се појават roxy и нашознатблогер и Окнашот да не’ задават со кољовата индивидуална патологија, сеа ќе видиш што ти се вика излегување од контрола (но и лоша одлука)! ;)
 

 Се согласувам, така

 Се согласувам, така е.
 
Меѓутоа, навиката оваа констатација (и сличните нејзе) од страна на Гелевски да се користи само за дисекција (и следствено жигосување) само на едната страна (ДПМНЕ, и неевропските Македонци), а истата констатација да се крие длабоко во мрачното влажно место кај што не грее сонце кога се во прашање другите (СДСМ, ГЕМ, и европските граѓани - чиј не малку фанатички расположен член е самиот Никола Гелевски) - е се’ само не коректно, вистинито, ниту пак објективно. Од таму, не е во служба на напредок, демократија, слобода, а најмалку пак на транспарентност или некакво подобрување на работите. 
 
Така да, фино, ама утка. Вратете се пообјективни, со почист ум, и со поголема посветеност кон реалноста.
 
10-ка за Санстејн за предметот Психолохија на групата, ама Коља паѓа на испитот Објективно гледање на реалноста. Следната сесија, колега. Обратете внимание и на двете (или трите) страни, воздржете се од лични, субјективни предрасуди. Санстејн не за џабе доби 10-ка.

Очигледно на преродбава не и

Очигледно на преродбава не и оди најдобре. Штом нејзините чеда постираат масовно едни те исти шкрабаници, изгледа троа се нервозни шефовето. Што потоа се одразуе во вонредни викендашки акции за оперативциве!
Де бе Коља, ги зеде на душа воа омладинциве!
За тужба е работава :))))
 
 

  Kolku ste toa Site vie

 
Kolku ste toa Site vie siromavi i sturi, prosto e neobjasnivo.
Ama za toa pak od druga strana Site ste nekakvi "eksperti" za politicki kurvarlak. Koga vikam site toa znaci bas - Site!!! Za grevovi

 Форте повлечи се од темава

 Форте повлечи се од темава ќе збесне Гелевски, жими Пол Пот ти велам!

Не би дискутирал за

Не би дискутирал за дискусииве, глеам си го имате муабетот. Во врска со првата реченица од текстот - Љубљанска филмска академија - сите ги знаеме мајсториите на Љубиша, ама „Љубљанска академија за филм“ - тоа звучи како „Македонска автомобилска индустрија“. Друго, упорно да се критикува домашната архитектура без ниту  еднаш да се спомне она гомно од Станиша, Љубиша... и незнам кој, на плоштад е, во најмала рака, сомнително. Поздрав до сите, особено до Коља (со неговите Маргини растевме).

 Бре бре, па и коментарот во

 Бре бре, па и коментарот во кој Бранко изјавува (во 1995!) дека НЕМА ДА ПРЕГОВАРА за името - ми го избришале, а во истиот коментар стоеше и дека Дорис Пак навистина подотварала европска врата за Македонија таа година!
 
И тоа не го измислив јас, туку е извадок од архивите на Нова Македонија!
 
Вистината боли кога Билобил ве потсетува!

Одличен текст! А за

Одличен текст!
А за современата архитектура која во огромен дел е тривијална, за големите и скапи проекти на светските селебрити архитекти и дизајнери кои не значат автоматски квалитетна и хумана архитектура  може да прочитате тука:
no Ya-Ya, people want architecture at a Great Value
http://www.critiquethis.us/2010/01/19/no-ya-ya-people-want-architecture-...
Во последниве 20тина  години се чини дека премногу се одалечивме од светските текови во архитектонската теорија и пракса...Додека светот полека ја надминува фазата на спектакуларната YA-YA архитектура и ефектот БИЛБАО, ние разговараме за БАРОК, РОМАНТИЗАМ, КЛАСИЦИЗАМ, НЕО-АНТИКА, јонски, дорски столбови, тимпанони и триумфални порти...Толку сме назадни што ya-ya титаниумска зграда од некој стархитект би била прифатливо решение.

прва архи бригада

ОкоБоли главаВицФото