Сакрална трансфигурација

05.11.2010 11:57
Хитлер и Алберт Шпер

Не можете да создадете праведно општество со неправедни средства. Не можете да создадете слободно општество со ропски средства. Нас не нè потчинува државата туку нејзината сакрална транфигурација.
Жак Елил

Токму така: нас не нè уништува македонството туку неговата сакрална транфигурација. Проектот „Скопје 2014“ е школски пример за таа непродуктивна и автодеструктивна сакрализација на националниот идентитет. Примерот е школски зашто произлегува од добро познатите тоталитаристички матрици на владеењето.

На пример, според младиот теоретичар Среќко Хорват, тоталитарната архитектура има три главни функции: симболичка, театрална и дидактичка. Кога Мусолини ги реновирал и конзервирал старите римски споменици, тоа го правел за да ја востоличи новата симболика на фашизмот како поредок кој се потпира на илјадагодишна традиција. Мусолини не само што се обидувал да ги сочува знаците на славното минато, туку на некој начин тие остатоци ги музеализирал и театрализирал за да ја легитимира сопствената власт. Истото го правел и Хитлер, прогласувајќи го како нацистичка идеологија Светото Римско Царство на германската нација (Heileges Romisches Reich Deutscher Nation било официјалното име на Германија до 1806 година). Истото тоталитарно разбирање на културата го прави и „преродбата“: десетиците споменици и „антички“ згради што преку ноќ никнуваат низ Скопје имаат единствена цел: сакрална трансфигурација на нацијата. Т.е. нејзино мумифицирање, балсамирање и положување во пирамидата. Македонството под груевизмот се претвора во саркофаг. Зборот зборува самиот: сарко фаг, ждерење на месо, уништување на живото.

Познато е дека главна политичка лектира на повеќето помлади вмровци била „Мојата борба“ на Хитлер. Ме копка дали фиреровите начела на борбата младите наци-болшевици му ги пренеле на пастирот или пастирот бил оној што ги упатувал младите наследници кон „вистинските“ книги?! Или Љубчо Георгиевски на времето им ја поделил книгата, да се инспирираат и зајакнат?! Како и да е, сличностите во спроведувањето на културните политики, да речеме, се фрапантни.

На пример, веќе во „Маин Кампф“, каде што признава дека сакал да стане архитект, Хитлер забележува дека на германските градови им недостасуваат јавни споменици и собиралишта на заедницата. „Архитектурата не е само изговорен збор во камен туку и израз на верата и убедувањата на една заедница; таа ги означува моќта, големината и славата на големиот човек или владател.“

Хитлер бил голем обожавател на империјалниот Рим. Иако старите Римјани германските племиња всушност ги сметале за непријатели на Римското царство, Хитлер старите Римјани ги сметал за рано ариевско царство; затоа ја презел нивната архитектура и ја споил со елементи на неокласицизам и арт деко. Во својот говор во Нирнберг 1937 година, под наслов „Градбите на Третиот рајх“ Хитлер вели дека новите нацистички градби треба да бидат „гигантско сведоштво за нашата заедница“. Тој гигантизам во дело ќе се обиде да го спроведе Алберт Шпер, пред сè, низ изградбата на Grobe Halle, Големото собрание кое требало да биде изградено во главниот град Берлин (преименуван во Germania). Зградата, инспирирана од базиликата Свети Петар, требала да биде најголемата зграда на светот која би собирала 180.000 луѓе и би била седумнаесет пати поголема од римската базилика.

Мрачна слава има средбата помеѓу Адолф Хитлер и Алберт Шпер, првиот архитект на Третиот рајх. Останат е и еден филмски документ за нивната средба од 1934 година, за која пишува Гвидо Кноп: Шпер и Хитлер доаѓаат на градилиште. Најпрвин зборува Шпер, го објаснува проектот. Потоа на ред доаѓа Хитлер. Ги става очилата, ги зема блокот и моливот. Ставајќи го блокот на колено, почнува да скицира. Шпер, со спуштени раце, го гледа учителот. „Така ова се прави, Шпер“, вели фирерот и му го предава блокот на архитектот.

Таа година Шпер напишал: „Фирерот мора да гради како националсоцијалист. Како националсоцијалист тој ги одредува, подеднакво како што ги одредува волјата и изразот на движењето, чистотата и јасноста на архитектонската идеја, експресивната сила, јасноста на градежната замисла, благородноста на материјалот и, што е највредно и најважно, новата внатрешна смисла, па така и содржината на своите градби. Градежништвото за фирерот не е занимација, туку важна работа чијашто задача е волјата на националсоцијалистичкото движење да ја изрази во камен.“

Во 1940 година во статијата објавена во Foreign Affairs, Дороти Томпсон ги разобличила уметничките и интелектуалните комплекси на инфериорност кај нацистичките водачи, а пред сè кај Хитлер: „Колку ли само има незадоволство кај тој човек, кога е толку осетлив и толку суров, толку слаб а толку агресивен. А сите тие ликови околу него - перверти и авантуристи, сите заедно фрустрирани интелектуалци, коишто ниту би можеле да најдат вработување во добри весници, ниту би можеле да постигнат нивните театарски драми да бидат изведени, а нивните книги печатени.“ Во Хитлер таа видела човек којшто после искуството на Првата светска војна, заедничко за огромен број луѓе, побегнал во светот на сништата: „тоа е човек којшто никој не го ’разбрал’, полн со завист, скриена омраза и закочена творечка сила“.

Македонската „преродба“ е сон, исто така. Мрачен, тревожен сон од кој ќе треба што побрзо да се разбудиме и да се соочиме со можеби уште помрачната стварност.

Извор: Глобус, 02.11.10.

Гвујо е Хитлер...Нешто ново?

Гвујо е Хитлер...Нешто ново? :-D 

 Стварно бе.... СТВАРНО ГРУЈО

 Стварно бе.... СТВАРНО ГРУЈО БИЛ ХИТЛЕР!!!! Не ми се веруе човече а ја го гласав, не ми се веруе ќе се убијам ќе убијам некој !!!!!

Портокалови будалчиња! Во

Портокалови будалчиња! Во главчињата зелени - а трули! Што се мачите, бе, несреќничиња, со мислење?! Коа би било шах вашето мислење би било не со капацитет да предвиди еден потег нанапред туку неспособност да се согледа макар еден потег наназад! Идиоти! Вие сте, браќа, -1! Тешко и до нула ќе доакате, нула е бар некој мир, некаква тупост... Вие, браќа, ви велам, дури ни слученото (тоа што некој ви скембал фигура, ве довел пред мат, ма дури ни матирањето, јадни шупчиња!) не можете да го сконтате!
Историјата е да се учи, дебилчиња. Да не се повторува. Да не се митологизира, театрализира и манипулира со неа. Сето тоа го пишува во текстот кој вие, кутрите слугинчиња на фамилијата, не можете да го скапирате. (Мада, мислам дека би можеле, коа би се потрудиле; но ве мрзи; кој ќе мисли, бе?! Латас ќе ни каже, а и Јадибурек е баш фраер, кој бе видел аир од мислење и читање?! Никој стварно. И Бране, дури, така велеше. Не идам на квиз, така, за да се дружам со паметни?:)

Браво Кољо, откри топла вода.

Браво Кољо, откри топла вода. И сега?

Zanimljiv tekst i teza. Treba

Zanimljiv tekst i teza. Treba ipak razlikovati razvijen, ostvareni fasizam od fasistickih tendencija i kulturno-politicke "zelje" ili fantazije elita na vlasti koje se delimicno ili mestimicno ostvaruju. U suprotnom, terminologija postaje nefunkcionalna, "izraubovana" i time neupotrebljiva. Slican problem je sa upotrebom termina "totalitarizam", a da ne govorim o oksimoronskom konstruktu "naci-boljsevizam". U tom smislu, iskreno preporucujem studiju prof. Todora Kuljica "Fasizam", makar kao manual za pravilno razumevanje i upotrebu terminoilogije u vezi fasistickog pokreta, njegove ideologije i prakse...pozdrav

"Nadez"-ta posledna umira.

"Nadez"-ta posledna umira.

Жељу Желев, луѓе, топло ви го

Жељу Желев, луѓе, топло ви го препорачувам, дури и Хорхе медал му додели. Фашизмот - тоталитарната држава - закон книга. Особено читнете го тој делот кај што зборува за преклопувањето на државниот и партискиот апарат, многу ќе ви се допадне.

 Момче, Полн си со омраза. Ќе

 Момче,
Полн си со омраза. Ќе пукнеш. Диши длабоко. Каков фашизам е ова со толкав говор на омраза од Вас кон власта. Еден промил од Вашиот говор да употреби некој од нив за Вас, ќе врескате до Марс. Симнете се малку на земја, мислам дека поверувавте на сопствената пропаганда и влеговте во неа како Алиса во земјата на чудата. Излезете , заљубете се(во кого сакате),
Животот е убав

Е па убав е. Затоа корнете

Е па убав е. Затоа корнете колку што ќе стигнете. Треба да се измисли нов збор. Кражба е малку. Не кореспондира. Маф, ршум. А после, животот убааав! А овие што се бунат лоооши. Полни омразааа. Не сфаќаат колку им е убавооо!

Животот е можда убав на некое

Животот е можда убав на некое друго место. Тука сигурно не.
Мене не ми е убаво да се храниме дома петорица со платата на еден, додека некој у јавна администрација „работи“ на фиктивна позиција и зема 6 пати повеќе пари. Не ми е убаво да не можам да си го платам факултетот. Не ми е убаво што на другарчето татко му е заглавен во кома во Грција зошто цело наше здравство не располага со ниту едно возило со апарат за дишење. Не ми е убаво да гледам како цела нација паѓа во трансови под хипнозата на медиумите и се мава у груди за Европа и за македонизмот, додека најосновните човекови потреби за живот оваа земја на третина граѓани не може да им ги овозможи.
Ич не е убав животов да ти кажам, дури и грд е, заебан. И пред 10 години беше грд, ама погрдо од ова не знам дали било во историјата.
Битно Владата си гради споменици, театри, мостови. Може сака да ни го зголеми изборот од кој мост попрво да се фрлиме.
А тие спомениците, се јадат ли? Тие театри, музеи, лечат ли од болести? Мостовите и водоскоците ќе го описменуваат ли народот? Може па црквата, ко права месија, ќе ни ги реши сите проблеми...

Заникаде сте... Работите што

Заникаде сте... Работите што ги изградил Хитлер се некои со коишто сега германија се гордее... Сеа дали е пофашистичко тоа што  б.ц. сака да го продаде името на државата, и со тоа да го исчисти македонскиот народ како народ којшто постио во македонија.. тогаш ке бидеме некакви други македонци...  или фашистички е начинот на којшто груевски пробува да ја разубави македонија, и да ја направи земја со спомени... Сеа ме мрзи да барам на нет но побарајте и видете колку коштаат некои споменици коишто се прават низ светот.. 

 И сега треба да се исплашиме

 И сега треба да се исплашиме што Хитлер се реинкарнирал кај нас, а ние никако да приметиме дека самите се пикаме во концентрациони логори, и се гушиме во сопствената мизерија, недостаток на креативност, волја и идеи. Да не си се потпираме скроз на Ганди, пастирот не е семоќен, ама ние сме ептен немоќни. И баш среќа што купови камења предизвикаа барем малце мозочна активност на народот, а несреќа што таа активност има само две струи-за и против ај да не кажам и бои, а никаде трета. Каква сакаме да биде Македонија? Само татковината е единствена, навиените актерчиња се пролазни, заборавија ли сите дека државата е на народот а власта нејзин поданик? Камењата и бронзата на улици не те прават роб, ако ти веќе потајно не си

Па ти си ја прочитал "Мојата

Па ти си ја прочитал "Мојата борба"? Дискутирај што не е во ред во книгата освен можеби мали делови кои во денешново ебано политички коректно општество звучат некоректно другото е образложение за еден систем и една идеја која не е нечовечна напротив е блиска до народот. Прочитај го и животниот пат на Адолф Хитлер да ја увидиш волјата со која еден човек може да направи речиси се и да го поведе својот народ во подобри времиња (доколку се избегнат експанзионистичките политики). Вие зборувате за некакви цензури а се кладам дека ако некој пушти брк ко Хитлер први ќе викнете НАЦИСТ. Полни сте со предрасуди желба за елитизам а кобајаги заинтересирани за народот. контрадикциииииииииииииииииии

Добро, вмровциве почнаа бар

Добро, вмровциве почнаа бар отворено да си ги признаваат симпатиите кон Хитлер. А навистина е смешно кога поддржувач на Хитлер ќе почне да говори за на тема цензура како овој Вагнер. Еднаш се расправав со еден таков, му укажував на погрешноста на неговите ставови, а тој вика па сега е демократија можам да имам какви сакам ставови. Од кога тоа нацисти се залагаат за демократија? Нацизмот ја укина демократијата на Вајмарската Република. Не само евреите и комунистите беа жртви на Хитлер туку и самата демократија во Германија. Затоа нацизмот и е најжестоко цензуриран таму иако Германија денес е една слободна демократска држава

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото