Животот е добар ако не се откажуваш

23.06.2018 15:26
Животот е добар ако не се откажуваш

Издавачката куќа „Темплум“ во стрип-едицијата ЛИФТ неодамна го издаде најновиот наслов: „Животот е добар ако не се откажуваш“ (It's a Good Life, If You Don't Weaken, 1996) од легендарниот канадски стрип-автор Сет.

Сет (Seth) е роден во Клинтон, Онтарио, Канада во 1962 година. Првите дваесетина години живеел под името што му го дале родителите: Грегори Галант (Gregory Gallant). Во 1980-тите го промени во сегашниот псевдоним. Гледајќи наназад, можеби ова била младешка грешка... Сега е доцна за поправање. Тој го црта и пишува својот стрип серијал Палукавил (Palookaville) од 1991 година и неговите илустрации се појавувале во разни публикации, вклучувајќи го Вол стрит журнал, Мајк Џоунс, Њујорк тајмс, Атлантик, Њујоркер, Никелодеон... Живее во Гуелп, Онтарио, со својата жена Тања и со две мачки. Го поминува времето меѓу двете страсти - работата на Палукавил и трагањето по делата на старите карикатуристи.

Според The Comics Journal графичкиот роман „Животот е добар ако не се откажуваш“ е оценет како „еден од најдобрите автобиографски стрипови на сите времиња!“ и „еден од стоте најдобри стрипови во 20 век!“. Оваа графичка новела е за луѓе што сакаат книги, мистерии и истражувања; за луѓе што копаат по антикваријати и по улични тезги, барајќи го фрленото или изгубеното книжевно благо; за луѓе што се спремни со часови да чекаат во ред за да добијат цртеж од омилениот автор; за луѓе кои малкуте преостанати пријатели ги малтретираат со приказни за стари книги, заборавени автори и слики, цртежи и цртачи… Ако знаете да ги препознаете таквите опсесии – овој стрип е дефинитивно за вас.

Првата промоција на овој графички роман се случи на овогодинешниот Саем на книгата, а потоа беше претставен и во Штип и Кавадарци, заедно со останатите наслови од едицијата ЛИФТ. Наскоро следуваат бројни промоции и во други градови низ Македонија.

Посебен подарок за читателите на Окно:
БЕСПЛАТНО можете да го прочитате првото поглавје од стрипот!

 

ПрилогГолемина
Преземи2.75 MB

Слични содржини

Книжевност / Стрип
Квир / Книжевност / Стрип
Книжевност / Стрип
Книжевност / Стрип / Култура
Книжевност / Стрип / Култура
Книжевност / Стрип / Теорија
Книжевност / Стрип

ОкоБоли главаВицФото