На спореден колосек

11.05.2009 15:28
Вовче

Нашиот весел воз запира на станицата во Криволак. Тоа е возот што рано во 5,43 тргнува од Скопје за Гевгелија.

Го викам весел, затоа што тој ги носи риболовците по долината на Вардар. Некои слегуваат веќе кај Зелениково, некои пред и зад Велес, а најамбициозните одат понатаму. 

Нашиот весел воз стои веќе доста време на станицата во Криволак. Стои премногу долго, за да почнат да се нервираат и да пцујат риболовците што треба со време да стигнат во Клисура.
Најпосле, со силен тресок покрај нас мине интернационалниот, како да е облечен во раскошна ливреја.

Тој не фрла ни поглед на нас провинцијалците, стиснати на спореден колосек.

Krste Misirkov*

Д-р Крсте Петков Мисирков (18 ноември 187426 јули 1926) бил македонски филолог[1], кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, идеолог за единство на македонскиот народ со интелегенцијата, а воедно и за единство со комитетот, од што произлегла самостојноста на Македонија, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.[2]
Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.

Слични содржини

Книжевност / Култура
Книжевност / Живот
Книжевност / Уметност / Теорија / Историја
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото